Контакт

Скопје

Општина Илинден обезбеди продолжен престој и за учениците од второ одделение од ООУ „Гоце Делчев“

Објавено пред

Во ПООУ „Гоце Делчев“ од вчера почна продолжен престој и за учениците од второ одделение, кој го обезбеди градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски. Во продолжениот престој за второ одделение има вкупно 31 дете и се сместени во просторија комплетно опремена за таа намена.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, ги посети училиштето и децата со цел да се запознае како се одвиваат наставните активности и како се одржува училиштето. Тој истакна дека продолжен престој е обезбеден за прво одделение за 50-ина деца и со сопствени средства и покрај немањето поддршка од централната власт, обезбеден е продолжен престој за второ одделение, а в година ќе има и за учениците од трето одделение.

Во општина Илинден првпат е воведен продолжен престој со изградбата на новото училиште, со цел да им се помогне на родителите околу згрижувањето на децата. Новото училиште е изградено според највисоки образовни нормативи и стандарди. Во него учат учениците од прво до петто одделение, комплетно се опремени сите простории за настава со потребен инвентар, сензорна соба за поголема инклузија на децата со попреченост, како и кујна со трпезарии.

Македонија

Дел од Бутел денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД извесуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 08.30 до 11.00 часот, корисниците од улицата Хо Ши Мин лоцирани на потегот од напојната трафостаница Бутел 2 до објектот бр. 287 Б. (општина Бутел)

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Ѓорче Петров утре без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшковиќ, Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)

Прикажи повеќе...

Македонија

Меџити: Улицата „Максут Садик“ пред завршување, значајна инвестиција за Чаир

Објавено пред

Денес, првиот Заменик премиер и воедно кандидат на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити ги следеше работите за реконструкција на улицата „Максут Садик“ во Чаир, значаен инфраструктурен проект кој го поврзува овој дел на општината со булеварот „Никола Карев“ и со Универзитетот „Мајка Тереза“, каде што наскоро ќе се изгради современ универзитетски кампус.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за инвестиција од околу 220.000 евра, која се реализира со поддршка на Владата во рамки на Програмата за инфраструктурни проекти во општините за 2025 година.

„Денес сум тука заедно со вас за да го следиме напредокот на реконструкцијата на улицата ‘Максут Садик’. Оваа улица не е само обична сообраќајница, туку важна артерија која го поврзува овој дел на Чаир со булеварот ‘Никола Карев’, со Универзитетот ‘Мајка Тереза’, каде што многу скоро ќе никне модерен универзитетски кампус. Ова е инвестиција од околу 220.000 евра, која се реализира со поддршка на Владата во рамки на Програмата за инфраструктурни проекти во општините за 2025 година“, изјави Меџити.

Работите, како што тој истакна, се одвиваат со брзо темпо и проектот се очекува да заврши за две недели.

„Ова значи дека жителите од ова населба, а особено ромската заедница, која со години чекала подобри услови за движење, конечно ќе добијат инфраструктура каква што заслужуваат“.

Меџити додаде дека овој проект не се однесува само на асфалтирање, туку и на конкретна посветеност кон заедницата.

„За мене ова е повеќе од асфалт и нова улица. Ова е потврда дека кога Владата и општината ќе застанат заедно, резултатите стигнуваат до луѓето. Ова е пример за тоа како конкретни дела ја менуваат секојдневната реалност“, нагласи тој.

Меџити уште еднаш го потенцираше своето лично залагање за развојот на општината.

„Како човек кој целиот свој живот го поминал во Чаир, добро ја знам секоја улица и секој проблем. Мојата посветеност е јасна: да обезбедиме нови инвестиции, нови услови и нова енергија за Чаир. Ова е само почеток. Чаир има потенцијал, има сила и ќе го има развојот што го заслужува“, оцени Меџити.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа3 часа

Данска ги забрани сите цивилни летови со дронови

Данска ги забрани сите цивилни летови на дронови до 3 октомври пред самитот на Европската унија во Копенхаген, објави данскиот...

Европа3 часа

Поранешната шефица на МИ5: Можеби веќе сме во војна со Русија

Велика Британија можеби веќе е во војна со Русија, предупреди поранешната шефица на британската безбедносна служба МИ5. Таа ги наведува...

Европа4 часа

Поранешен руски тајкун: Санкциите се илузија, само воена сила може да го запре Путин

Ако му ја земеш чашата на пијан човек нема да го отрезниш. Иако ова е очигледна вистина за човечката природа,...

Европа5 часа

Пораз на Кремљ во Молдавија: проруската партија поразена на клучните избори

Владејачката проевропска Партија за акција и солидарност (ПАС) во Молдавија, предводена од претседателката Маја Санду, го задржа своето парламентарно мнозинство...

Свет5 часа

(Фото) Најголемиот американски носач на авиони во Норвешка; НАТО: Не го гледате ова секој ден

Втора ноќ по ред, неидентификувани дронови летаа над данското небо, потврди данското Министерство за одбрана. Ова е најновиот во низата...

Свет21 час

Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад врз Киев, меѓу оние кои починаа има и дете

Украина соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 13 други се ранети во главниот град Киев за време на...

Македонија23 часа

Петмина добија труење од храна откако јаделе во сендвичарница во Штип

Пет лица пријавиле симптоми на труење со храна по јадење сендвичи со пилешки стек во сендвичарница–киоск во Штип, информираат од...

Топ1 ден

Се заканувал дека ќе ја убие неа, братот и мајка ѝ ако не му даде 15.000 евра

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Свет1 ден

Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад врз Киев и други украински градови, има многу жртви

Ноќеска Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад врз Киев и други украински градови, користејќи тешки бомбардери. Воздушна тревога беше...

Македонија1 ден

Сиљановска Давкова: Не сум се фотографирала со восочни фигури на Доналд и Меланија Трамп

Фотографијата објавена на моите официјални профили на социјалните мрежи, на којашто сум заедно со претседателот на САД, Доналд Трамп, е...

Македонија2 дена

Сиљановска Давкова објави дека се фотографираше со Доналд и Меланија Трамп

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на својот Фејсбук-профил објави дека ѝ претставувало чест да присуствува на приемот што го приредија претседателот...

Македонија2 дена

Пожарите стивнаа, остана само еден активен

На територијата на државата денеска до 18:00 часот има два пожари на отворен простор, од кои еден пожар е активен...

Свет2 дена

Зеленски ќе возврати ако Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина

Претставници на украинската Влада ќе ги посетат Соединетите Американски Држави кон крајот на септември или октомври за разговори за прашања,...

Топ2 дена

Превезувал мигранти и удрил полициски службеник во обид да избега

На автопатот Граничен премин Табановце – Куманово, вчера околу 16:30 часот полициски службеници го лишиле од слобода М.Б. (25) од...

Македонија2 дена

Со порака дека хероите живеат вечно откриена беше спомен бистата на полицаецот кој загина во дискотеката „Пулс“

Хероите никогаш не умираат, тие живеат вечно и имаат само датум на раѓање, порачаа колегите на полицискиот службеник,Тоше Тодоровски кој...

Регион2 дена

Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото...

Свет2 дена

Украина го префрла производството на оружје во земјите од НАТО

Украинската одбранбена индустрија започнува со работа во Данска, обезбедувајќи им на производителите на оружје со седиште во Киев заштита од...

Свет2 дена

Прекинати медицинските активности што спасуваат животи во Газа, безбедносната состојба е влошена

Израелската офанзива во градот Газа ги принуди „Лекари без граници“ да ги прекинат своите основни медицински активности во областа поради...

Европа3 дена

(Видео) Трагедија во Турција: туристка почина откако беше удрена од глисер додека пливаше покрај брегот на Кемер

Русинка загина на првиот ден од нејзиниот одмор од соништата во Турција, откако беше удрена од глисер. Линарија Музипова, 42,...

Свет3 дена

(Видео) „Ова е Америка на Трамп“: Агентите на Службата за имиграција уапсија барател на азил, ја фрлија мајката на подот пред децата

Видео кое стана вирално на социјалните мрежи покажува како агент на американската Служба за имиграција и царина (ICE) насилно се...