Европа
(Видео) Драма на Тенерифе: пожар се приближува до куќите, илјадници луѓе евакуирани
Илјадници луѓе се евакуирани поради пожар што беснее среде топлотниот бран на шпанскиот остров Тенерифе.
Пожарникарите со поддршка од хеликоптери се борат против огнот, кој избувна на овој остров, најголем во Канарскиот Архипелаг, пренесува „Гардијан“.
#TENERIFE esta noche, ARDIENDO de nuevo.
Sin Helicópteros #KAMOV, sin Hidroaviones BERIEV-200, sin NADA de NADA efectivo para apagar un Incendio que dura ya casi DOS meses.
Han sido SIETE Zonas Especialmente Protegidas (ZEP) las que han sido pasto de las llamas en Tenerife.
Por… pic.twitter.com/0Ah88TOepn— Guillermo Rocafort (@GuillermoRocaf1) October 5, 2023
Речиси 3.000 луѓе се евакуирани од своите домови поради пожарот, потврдија локалните власти.
Пожарот избувна во средата попладне во област со стрмни клисури на североистокот на островот, која беше тешко опустошена од голем пожар во август, соопшти регионалната влада на „Тенерифе“.
#MUNDO#Incendio en isla española de #Tenerife, provocó la evacuación de 3 mil personas.
Unas 2 mil 400 personas fueron #evacuadas por precaución en la ciudad de #SantaÚrsula y unas 600 más de la ciudad de #LaOrotava, señaló el vicepresidente del gobierno regional, Lope Afonso. pic.twitter.com/yV4WvY6RdY
— Portavoz Chiapas (@PortavozChiapas) October 5, 2023
Снимките и фотографиите објавени на телевизија и на социјалните мрежи покажаа дека чадот што се издигна над еден рид почна да се приближува до околните куќи.
Местата на островот популарни меѓу туристите не се загрозени, а двата аеродрома остануваат отворени.
Од итните служби велат дека состојбата на локацијата каде што избувна пожарот е стабилна и дека будно го следат неговиот развој. Подоцна, в четврток, ќе одлучат дали некои од жителите на споменатите места може да се вратат во своите домови.
Пожарот избувнал откога на островот било издадено предупредување за топлотен бран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Десет ранети, тројца мртви во руски ракетен напад врз Украина
Во руски ракетен напад врз источноукраинскиот град Балаклија загинаа три лица, а десет беа повредени, меѓу кои и три деца, изјави во понеделник регионален воен претставник во регионот Харков.
Нападот што се случи ноќеска го погоди центарот на градот, при што беа повредени деца родени во 2007, 2010 и 2011 година, изјави преку апликацијата за пораки Телеграм Виталиј Карабанов, началник на воената администрација на Балаклија.
Деветмина од повредените се хоспитализирани, рече тој.
фото: принтскрин
Европа
Сијарто: Брисел сака да ја преплави цела Европа со мигранти
Само патриотска влада може да ја спаси Унгарија од војната во Украина, од нелегалната миграција и родовата идеологија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Сијарто предупреди дека унгарската опозиција „ќе ја предаде Унгарија на Брисел“, објави агенцијата МТИ.
„Брисел сака ситуацијата да се влоши, војната да трае уште подолго и да ескалира понатаму. Не им е грижа што илјадници, десетици илјади луѓе умираат на фронтот и што милиони се принудени да ги напуштат своите домови. Не им е грижа што малку по малку целата земја е уништена. Не им е грижа што секој нов ден е ризик од избувнување на трета светска војна“, рече Сијарто.
Според него, парите и оружјето на европските даночни обврзници бесрамно се испраќаат во Украина за потребите на „воената мафија која не објаснила каде потрошила милијарди евра“.
– Влезот на Украина во Европската Унија би бил еквивалентен на увоз на војна, украинска мафија и жито со низок квалитет – рече Сијарто и предупреди дека „Брисел сака да ја преплави цела Европа со мигранти“.
Европа
Орбан: Европа е на работ на војна
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, денеска изјави дека ситуацијата е опасна и дека Европа е на работ на војна.
Граѓаните на Европа мора да го кренат својот глас, во спротивно европските лидери ќе влезат во војна, рече Орбан, додавајќи дека ги гледа „истите знаци како и пред Првата светска војна“, пренесува МТИ.
Ставот на унгарската влада не е обликуван од интересите на другите, рече Орбан, додавајќи дека се води од интересите на Унгарија и ќе ги промовира само тие интереси, дури и ако тие не се совпаѓаат со интересите на другите.
Тој повика на „искрени и длабоки разговори“, но додаде дека медиумите финансирани од странство не се суверени и не треба да се водат дискусии со нив. Орбан исто така рече дека има многу левичари со кои може да соработува околу важноста на мирот и ги повика Унгарците кои го сакаат мирот да се приклучат.
Во врска со војната во Украина, Орбан оцени дека ниту Русија ниту Украина не се подготвени за мир и дека е потребно влијание од големите сили за преговори. Според него, Украина повеќе не е суверена и преживува благодарение на западната помош.

