Свет
Советот на Европа почна кампања за заштита на новинарите
Советот на Европа почна кампања за безбедност на новинарите на целиот континент, која ќе се спроведува со слоган „Новинарите се важни“, а чија цел е подобрување на безбедноста на новинарите и заштита на слободата на медиумите на целиот континент, како и да се подигне свеста за улогата што ја играат новинарите во зачувувањето на демократското и плуралистичкото општество.
Кампањата, која се очекува да трае до крајот на 2027 година, се однесува на континуираната деградација на слободата на печатот во Европа, што се рефлектира во зголемениот број случаи на насилство и заплашување на новинарите и неказнивост на криминалците.
Платформата на Советот на Европа за промовирање на заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите известува за овој тренд со години регистрирајќи повеќе од 1.600 предупредувања за сериозни закани за безбедноста на новинарите и слободата на медиумите во Европа од 2015 година.
Генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ-Буриќ, рече дека „речиси е невозможно да се замисли вистинска демократија без разновидни и независни медиуми, кои дејствуваат како јавни чувари и генерираат јавна дебата“.
„Со кампањата сакаме да им помогнеме на владите да ги заштитат новинарите за да може да си ја вршат својата работа без непотребно мешање, ослободени од заплашувања и насилство и да ја извршуваат својата суштинска улога во општеството“, додаде таа.
Главната цел на кампањата е подобрување на безбедносните услови во кои работат новинарите во Европа, особено преку усвојување и имплементација на национални акциски планови за заштита на новинарите и подобрени законски и институционални стандарди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Земјите-членки на Одборот за мир ќе обезбедат повеќе од пет милијарди долари за Појасот Газа
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека земјите-членки на новоформираниот Одбор за мир на првиот состанок в четврток же издвојат повеќе од пет милијарди долари помош за обнова на Појасот Газа.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека земјите-членки ветиле дека ќе испратат илјадници сили за стабилизација, одобрени од Обединетите нации и локалната полиција во палестинската енклава.
Тој наведе и дека првиот „формален состанок на групата“, ќе се одржи во Институтот за мир „Доналд Џ. Трамп“, кој Стејт департментот неодамна го преименува по претседателот.
Се очекува да присуствуваат делегации од повеќе од 20 земји, како и шефови на држави.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.

