Македонија
И Ковачевски на „Твитер“ го осуди нападот врз Израел: Насилството врз недолжно население не смее да се толерира
Премиерот Димитар Ковачевски на социјалните мрежи го осуди нападот на милитантната група Хамас врз Израел.
„Силно ги осудувам терористичките напади на Хамас врз Израел. Изразувам сочуство за жртвите и поддршка за Израел во својата одбрана. Насилството и нападот над недолжно население не смеат да се толерираат“, напиша Ковачевски на социјалната мрежа „Икс“, поранешно „Твитер“.
Силно ги осудувам терористичките напади на Хамас врз Израел. Изразувам сочуство за жртвите и поддршка за Израел во својата одбрана. Насилството и нападот над недолжно население не смеат да се толерираат 🇲🇰 🇮🇱 @netanyahu
— Dimitar Kovachevski (@DKovachevski) October 7, 2023
Порака за осуда претходно напиша и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Битиќи: Над 75% од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата
Во сите анкети над 75% од граѓаните велат дека се за членство во ЕУ. Политичарите имаат обврска да носат одлуки, за да одговорат на нивното очекување. Владата треба да каже кој е нивниот план. Очигледно гледаме сценарио во кое за жал продолжува стариот манипулативен приод на оваа гарнитура, да изманипулираме што можеме за избори а после кога ќе ја добиеме власта ништо од тоа не важи, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи во одговор на новинарско прашање.
На власта беше да ги подобри условите како што ветуваше, додаде тој.
-И сегашната партија ВМРО-ДПМНЕ нема добиено повеќе од 25% од вкупниот број граѓани на изборите Легитимитетот на изборите не мора да значи дека се носат добри одлуки. Но и да прифатиме дека е тоа така, нивно беше да ги сменат условите. Да го сменат и Францускиот предлог, да ја сменат и преговарачката рамка, и да го вратат името. Очигледно гледаме сценарио во кое за жал продолжува стариот манипулативен приод на оваа гарнитура, да изманипулираме што можеме за избори а после кога ќе ја добиеме власта ништо од тоа не важи, додаде Битиќи.
Која е алтернативата? Власта треба да каже како понатаму после одвојувањето на европскиот пат, рече Битиќи.
-Наредната недела изминуваат 100-те дена и убаво на следните пратенички прашања Владата да дојде со план каде ќе се движи Македонија во наредните години, кога е очигледно одвојувањето на европскиот пат од другите земји.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ со практикувањето на корупција и криминал, ставија печат на тонењето на Македонија на патот кон ЕУ
Владата предводена од СДС и ДУИ седум години од владеењето имаше само една цел, а тоа е како да полнат џебовите на поединци, наместо да работат на исполнување на европските вредности, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Владата на СДС и ДУИ, со практикувањето само на корупција и криминал, ја врати Македонија многу назад на планот на европските интеграции.
Резултат на седумгодишното владеење на СДС и ДУИ е Македонија да остане на дното на патот кон ЕУ, односно и Албанија да оди напред. Лицата Зоран Заев, Венко Филипче и Артан Груби се креатори на црното сценарио за Македонија. Што направија тие за патот на Македонија кон ЕУ?
Прво, лажеа дека Македонија почнала преговори. Второ, практикуваа само корупција и криминал што е сосема спротивно на залагањата на ЕУ. Со ова Заев, Филипче и Груби ставија печат не само на стагнирање, туку и на назадувањето на Македонија, наместо на напредок кон ЕУ.
Тие ставија печат на рекордно ниското ниво на доверба во правосудството, уништено здравство, ученици без учебници, низок стандард на живот и слично. Заев, Филипче и Груби се единствените виновници за изгубените седум години на Македонија на патот кон ЕУ.
Заев, Филипче Груби се единствените виновници што стигнавме до тоа Албанија да е пред нас. ВМРО-ДПМНЕ работи исклучиво врз вистински вредности кои се во интерес на сите граѓани и Македонија“, пишува во партиското соопштение.
Македонија
СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ
Одлуката на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да стават буквално крај на преговорите со ЕУ и да ја дотераат земјата во политички ќорсокак е најголемиот успех на оваа Влада во првите 100 дена. Од земја со јасна перспектива напред, јасен план за развој и раст на секое поле во рамки на ЕУ, Мицкоски реши да ја затвори и изолира уништувајќи ја надежта дека тука ќе се живее подобро, пишува во соопштението на СДСМ.
„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат право ова го да го прават ниту имаат мандат да ги прекинуваат преговорите. Пострашно од се е што Мицкоски нема план, нема стратегија како оваа држава ќе се развива. Мицкоски ја носи државата во огромен ризик од идни нови блокади, ги билатерализира повторно споровите кои беа решени и намерно ја заглавува Македонија подлабоко во балканската кал. За жал, Албанија наскоро ќе биде запад за нас. Одвојувањето со Албанија исто така носи огромни ризици и непозната и непредвидлива иднина на джравата. Со оваа одлука на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ може само да очекуваме уште повеќе иселување, економска стагнација и целосен застој во целокупниот развој на државата“, велат од опозициската партија.