Свет
(Видео) Хамас грабна млада девојка од фестивал: „Не ме убивај“
Семејството на Ноа Аргамани споделува потресни снимки од нејзиното киднапирање во јужен Израел во текот на вчерашниот ден.
На видеото се гледа како терористите на Хамас ја одведуваат на задниот дел од мотоцикл додека таа вика „не ме убивај“ и посегнува до нејзиното момче Ави Натан, кој исто така го држат оперативци на Хамас. И двајцата беа на фестивалот кај Газа.
Израел потврди дека цивили и војници биле киднапирани и однесени во Газа, но не го прецизира нивниот број.
Се стравува дека терористичката група држи десетици Израелци, вклучувајќи деца и постари лица.
Noa was partying in the south of Israel in a peace music festival when Hams terrorists kidnapped her and dragged her from Israel into Gaza.
Noa is held hostage by Hamas.
She could be your daughter, sister, friend.#BringBackOurFamily pic.twitter.com/gi2AStVdTQ
— Hen Mazzig (@HenMazzig) October 7, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Повредени и загинати при судир на воено и цивилно возило на патот Краљево-Рашка
Борбено возило „ПАСАРС“ на војската на Србија денеска околу 13 часот и 10 минути се судрило со цивилно возило кај градот Ушќе на патот Краљево-Рашка, соопшти Министерството за одбрана.
Борбеното возило – противвоздушен самооден артилериско-ракетен систем во колона под придружба на воената полиција се движело кон Рашка.
Според првите информации има повредени и загинати, се вели во соопштението на Министерството.
Европа
Вонредна состојба во Италија, поплавени се два региони
Италија прогласи вонредна состојба денеска за два поплавени региони на северот од земјата по неколкудневните поројни врнежи.
Поројните врнежи предизвикаа поплавени патишта во двата региона. Вкупно, повеќе од 2.500 луѓе мораа да бидат евакуирани од своите домови. Зафатени се неколку градови, вклучувајќи ги Болоња, Модена и Равена, како и приморското одморалиште Римини на јадранскиот брег.
Свет
Расте бројот на загинати во израелскиот напад на Бејрут, меѓу загинатите има деца
Бројот на загинати од израелскиот напад врз јужните предградија на Бејрут, жариште на проиранското движење Хезболах, се искачи на 31, соопштија денеска властите.
„Меѓу загинатите има три деца и седум жени“, изјави либанскиот министер за здравство Фирас Абијад на прес-конференција, додавајќи дека најмалку 68 лица се повредени во петочниот штрајк.
Претходно, Министерството објави дека загинале најмалку 12 лица.
Во меѓувреме, бројот на жртви од координираните експлозии со електронски уреди во Либан на почетокот на оваа недела се зголеми од 37 на 39, соопшти Министерството за здравство.