Скопје
Манчевски: Само годинава за барокни фасади ќе се потрошат 5,7 милиони евра
Само оваа година за нови барокни фасади ќе се потрошат 5,7 милиони евра. Тоа се пари од сите граѓани на Македонија, бидејќи ги обезбедува Владата, обвини во четврток Дамјан Манчевски, координатор на Советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.
„На денешната седница Коце Трајановски уште еднаш ќе потврди дека не е градоначалник на Скопје. Коце е само слеп извршител на бандата на поранешниот премиер Никола Груевски, Мијалков и Ставрески“, рече Манчевски.Според него, Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да донесат одлука за менување на фасадите на зградите во барокни долж булеварите Св. Кирил и Методиј, Св. Климент Охридски, Гоце Делчев, Крсте Петков Мисирков и Кочо Рацин.„После оваа одлука за нови барокни фасади денес, Коце Трајановски треба веднаш да поднесе оставка и да се соочи со граѓаните на Скопје на избори“, рече Манчевски. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

