Свет
(Видео) Палестинци маршираа кон операта во Сиднеј и ја гаѓаа затоа што беше осветлена во боите на Израел

Илјадници палестински приврзаници маршираа на улиците на Сиднеј, Австралија, откога Израел му објави војна на Хамас.
На собирот во Сиднеј, организиран од Палестинската акциска група Сиднеј, се бара Австралија да ги прекине врските со Израел и ги повика приврзаниците на „протестирање во знак на солидарност со Палестина“.
Демонстрантите маршираа од Градското собрание до операта во Сиднеј, која беше осветлена во бело и сино во знак на поддршка на Израел, што ги налути демонстрантите.
Breaking News Australia: #HamasTerrorist and Palestinian sympathisers in #Australia are reportedly attacking the Sydney Opera House. pic.twitter.com/XPO1OZbNJZ
— Jim Ferguson (@JimFergusonUK) October 9, 2023
„Отпорот е оправдан кога Палестина е окупирана“, извикуваа стотици демонстранти додека маршираа на улицата Пит. Групата ја следеле десетици полицајци.
Кога стигнаа до операта, некои од демонстрантите фрлаа факли врз зградата.
На протестот се вееја палестински знамиња, а полицијата приведе еден маж, кој го истакна израелското знаме. Се појави видео на кое се гледа како полицијата насилно го приведува човекот и му го одзема знамето, што предизвика жестоки реакции кај неговите пријатели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кабинетот на Зеленски го осудува предлогот на Путин за воведување привремена администрација

Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја осуди изјавата на рускиот претседател Владимир Путин со која се сугерира воведување привремена администрација во Украина.
Советникот за комуникации на Зеленски, Дмитриј Литвин, во оваа прилика изјави дека ако Путин не разбира со кого треба да разговара за завршување на војната, тогаш треба, како што иронично изјави, „да земе неколку апчиња за мозок“, пренесува агенцијата УНИАН.
Литвин додаде дека Русија извршила најмалку два напада врз Украина во изминатите 24 часа, оштетувајќи ја енергетската инфраструктура.
Свет
(Видео) Семејство бега со бебе додека зградата се урива, потресни снимки од Мјанмар

Мајка и татко со бебе во рацете очајнички бегаат од уривањето на зградата.
Додека тие во паника трчаат, зградата зад нив се урива, а прашината ја покри земјата. Во позадина одекнуваат крици и сирени.
A Chinese national in Myanmar witnessed several buildings collapse during the 7.9 magnitude earthquake. Local residents are setting up supplies on the streets to aid each other.#Myanmar #earthquake #earthquakemyanmar #Myanmarquake #myanmarearthquake https://t.co/Mp1czmo8j5 pic.twitter.com/V9yzb7SDqZ
— Shanghai Daily (@shanghaidaily) March 28, 2025
Два разорни земјотреси го погодија Мјанмар.
Првиот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа Мандалеј, по што следеше вториот земјотрес со јачина од 6,4 степени.
Свет
Најмалку 144 лица загинаа, а 732 се повредени во земјотресот во Мјанмар

Најмалку 144 лица загинаа, а 732 се повредени во земјотресот што рано денеска го погоди Мјанмар, јави мјанмарската државна телевизија МРТВ.
Се стравува дека бројот на загинати и повредени е многу поголем, изјави за телевизијата лидерот на воената хунта во Мјанмар, Мин Аунг Хлаинг.
„По земјотресот ги отворивме патиштата за меѓународна помош“, рече тој.
Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди централниот дел на Мјанмар, а беше почувствуван и во Тајланд, Лаос, Индија и Кина.
Американскиот геолошки институт (USGS) објави дека епицентарот на земјотресот бил на 16 километри северозападно од градот Сагаинг на длабочина од десет километри.
Десет минути подоцна, Мјанмар го погоди уште еден земјотрес, но нешто поблаг, со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала.
Силни земјотреси се проширија на Тајланд и Јунан во југозападна Кина, а видеата на социјалните мрежи покажуваат оштетувања на зградите во Бангкок.