Свет
Зеленски пристигна во Букурешт: „Романија е пријател што ни помогна во најтешките денови“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека пристигнал во Букурешт, каде што ќе разговара со својот романски колега Клаус Јоханис со цел зајакнување на добрососедските односи.
„Украина е благодарна за поддршката на Романија, која ја зајакнува нашата земја. Ние сме благодарни и за конструктивната солидарност, која им овозможува на нашите нации да бидат гарант за безбедноста во светот, особено во областа на снабдувањето со храна. Ние веќе изградивме и проширена соработка, која ја одржува стабилноста за многу земји“, напиша Зеленски на „Твитер“.
Тој посочи и дека ќе се разговара за понатамошна безбедносна соработка, развој на авијацијата и други коалиции, кои ќе ги зајакнат украинската воздушна одбрана и безбедноста на црноморската архитектура, како и односите со партнерите.
„Романија е пријател што ни помогна во најтешките денови и чија поддршка со текот на времето расте. Сигурен сум дека оваа посета ќе биде од корист за двата народа“, рече Зеленски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп разговарал со претставници на Мјанмар и ветил помош за земјата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговарал со претставници на властите на Мјанмар по силниот земјотрес што денеска ја потресе земјата.
Ќе помогнеме – изјави Трамп во Белата куќа.
Најмалку 144 лица загинаа во земјотресот во Мјанмар. Се очекува бројот на жртвите да продолжи да расте.
Во соседен Тајланд загинаа најмалку 10 лица.
Свет
Зеленски: Украина нема да ја признае американската помош како заем што мора да се врати

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина нема да ја признае претходно одобрената американска воена помош како заем што треба да се вратат.
„Ние сме благодарни за поддршката, но ова не е заем и нема да го дозволиме“, рече Зеленски, коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека „неговата земја е ограбена затоа што не ја дала оваа помош како заем“, рече Зеленски, пренесе УНИАН.
Тој потврди дека договорот за создавање заеднички инвестициски фонд за развој и обнова на Украина со САД нема да содржи никакви долгови на Украина кон САД, а исто така вети дека ќе биде отворен во комуникацијата со јавноста за понатамошни преговори за нов формат на договорот за земјиште.
„Главните, основни работи, компромисите се зацртани во рамковниот договор, на кој бевме подготвени да одиме, ќе се базираме на јасни работи, каде што гледаме можност за градење на вистинско партнерство.
Свет
Макрон го осуди израелскиот напад врз Бејрут

Претседателот на Франција, Емануел Макрон го осуди денешниот израелски напад врз Бејрут и го повика Израел да се повлече од петте позиции во Либан.
Денешните напади и непочитување на примирјето се еднострани акции со кои не се исполнува даденото ветување и се во корист на Хезболах, изјави Макрон на заедничката прес-конференција во Париз со либанскиот претседател Џозеф Аун.
Тој најави дека во текот на денот ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ситуацијата во Либан.
Макрон потенцира дека Франција и понатаму ќе биде на страната на Либан, за да му помогне да го зачува својот суверенитет и да му гарантира безбедност.
Тоа сакаме да работиме со вас на југот. Тоа сакаме и да го работиме и на границата со Сирија, каде ситуацијата, исто така е крајно деликатна, наведе Макрон.
Израел утрово го изврши првиот напад врз Бејрут од стапувањето во сила на прекинот на огнот на 27 ноември 2024 година, во последната војна помеѓу Израел и либанското движење Хезболах. Оттогаш, и покрај примирјето, Израел речиси секојдневно извршува воздушни напади врз јужен Либан.