Македонија
Тренчевска: Продолжуваме со работа која значи унапредување на квалитетот на живот на лицата со попреченост
По извршениот увид на Комитетот на Советот на Европа (СЕ) за превенција од тортура и нехумано или понижувачко постапување или казнување на институциите што работат со згрижување лица со интелектуална попреченост и нарушување на психичката состојба, беше презентиран прелиминарниот извештај пред министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.
Главно на состанокот се разговараше за успешноста на процесот од деинституционализација и важноста од воспоставување станбени единици, кои ветуваат подобри услови за живеење на лицата со попреченост. Главен фокус на состанокот беше поставен на Специјалниот завод во Демир Капија.
Министерката посочи дека работата кон подобрување на животот на лицата со попреченост продолжува и дека сите насоки ќе бидат земени предвид во идните активности.
На крајот од состанокот претставникот на Комитетот на СЕ се заблагодари за отвореноста на Министерството за труд и социјална политика и на единиците во склоп на Министерството истакнувајќи дека посетата се одвивала без никакви пречки и дека им бил дозволен пристап до сите информации и оддели во склоп на посетените институции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).
Македонија
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

