Македонија
Владата да организира евакуација на над 100 Македонци од Тел Авив, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз ја повикува Владата, посебно МНР, да направат сѐ што е потребно за да се обезбеди безбедна евакуација на над 100 македонски државјани на Аеродромот во Тел Авив.
„Блокираните граѓани во Тел Авив прават очајнички напори да го напуштат Тел Авив, но авиокомпаниите кои имаат летови од Тел Авив приоритет даваат на нивните државјани.
Во Израел е прогласена воена состојба и ракетните напади на Тел Авив се постојани поради што состојбата е исклучително тешка и бара ангажирање на Владата за да се евакуираат нашите државјани“, се потецира во барањето на ДС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).