Контакт

Македонија

Ковачевски: Неправди имало и ќе има, да не дозволиме нечии лични, партиски или туѓи цели, да ни го попречат европскиот пат

Објавено пред

Непокорот и слободата се во македонскиот ген, истакна премиерот Димитар Ковачевски од Куманово во чест на 11 Октомври-Денот на народното востание.

dobivaj vesti na viber

„ Со непокор се добиени сите клучни битки во минатото за слобода и прогресивна македонска иднина. Затоа што учиме од минатото, но гледаме кон иднината. Како што било, како што е и како што ќе биде секогаш“, рече Ковачевски.

Денес, додаде тој, посветено градиме држава за сите, државата на сите, функционална, мултиетничка Република Северна Македонија, уникатен и одржлив модел на демократија, Европа во мало. Поради тоа, како што рече, сме препознаени како фактор на стабилноста и безбедноста во регионот и во Европа.

„И сме пред најсериозната и неповторлива шанса за рамноправно членство и во ЕУ, во динамичен процес до 2030-та година. Македонската држава да стане европска држава. Македонските граѓани да бидат европски граѓани, со достоинствен, европски квалитет на живот. Каков што заслужуваме.

И кој било или што било не може и не смее да нè попречи по овој пат зацртан од дамнина. На ова македонско парче земја никогаш не се бегало – ни од пламен, ни од окупатори, ни од одлуки“, истакна Ковачевски.

Порача дека треба да останеме цврсти, и обединети да се соочиме со актуелните предизвици, чекорејки напред.

„Денес, кога имаме своја македонска држава, потврдена и признаена во Европа и светот, во којашто говориме на својот мајчин македонски јазик, потврден и признаен во Европа и во светот – нашата современа битка е да не дозволиме нечии лични, партиски или други агенди, нечии туѓи цели, да ни го попречат европскиот пат.

Нашата современа битка денес е да ги донесеме европските и светски вредносни стандарди – дома, што ги очекуваат македонските граѓани, а посебно младите генерации. Затоа што тие ќе осигураат животен стандард и семејни буџети на европско ниво; продуктивно образование, модерно здравство, функционално владеењето на правото, конкурентност на пазарот на трудот. Ќе поттикнат мотивација. Ќе донесат спокој и среќа. Пред нас е предизвикот – младите да ги сочуваме во земјата“, кажа премиерот.

Според него, токму антиевропската агенда води кон живот надвор, во туѓина – води кон Македонија без луѓе. А само тоа, како што оцени, значи закана за македонската држава, македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

„Ова не е битка со оружје и на бојни полиња. Но е, уште една серозна и важна битка што ние мораме да ја добиеме. И со тоа ќе се осигураме дека никој никогаш да не може да ги користи македонските идентитетски прашања, за свои или нечии туѓи цели.
Ако некој мисли дека покрај големото, драгоцено историско искуство, може, со било што, да ја разниша самодовербата на македонскиот народ, наметувајки му чувство на жртва, ставајки го во улога на постојано онеправден и зависен од волјата на други и во изолација – сакам да порачам, дека – многу згрешил во проценките“.

Неправди, додаде тој, имало и ќе има.

„Но, македонскиот народ, сите граѓани на нашата држава, секогаш по слободна волја избирал непокор. И никогаш не сме дозволиле перспективите на државата да зависат од други. Преземал акција, по цена на какви било жртви.

Нашиот пат до извојуваната слобода и напредокот е обоен во црвено. И тоа е свет аманет и аларм за сите и сегашни и идни водства на државата.

Лидерството, предводи по патот – не бега од одлуки и не тактизира со оправдувања“, порача Ковачевски.

Македонија

(Видео) Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Објавено пред

Ниту Европскиот фронт, ниту ДУИ не повикуваа, ниту мотивираа на бојкот, беше оставено на слободната волја на граѓаните да ја изразат на гласачкото место, кажа премиерот Талат Џафери на денешната прес-конференција.

dobivaj vesti na viber

Во однос на бојкотот на Артан Груби, на вториот круг на претседателските избори, Џафери кажа дека неговиот став е индивидуален и дека не став ниту на Владата, ниту на партијата.

„Индивидуалните ставови не можат да се претставуваат како генерални ставови на субјектот. Груби ниту е Влада, ниту е партија. Јас имав изјава како премиер на избирачкото место и потврдив дека ги земав двете ливчиња и гласав. Индивидуалниот став не е општ став по кој може да се извлече заклучок. Нека си е министер, индивидуа е во однос на Владата, не е став на Владата, ниту на партиски органи. Индивидуално може да каже што сака, тоа е слобода и на мисла и на изразување“, одговори Џафери и додаде дека не може да се повикува на одговорност.

Прикажи повеќе...

Македонија

Главчев: Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи европската перспектива, повеќе нема да правиме отстапки

Објавено пред

Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи својата европска перспектива. Од наша страна, немаме каде да правиме повеќе отстапки. Згора на тоа, позицијата што ја имаме е паневропска позиција.

dobivaj vesti na viber

Ова го изјави вршителот на должноста премиер на Бугарија, Димитар Главчев по победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова на претседателските избори во Северна Македонија, јави „БГНЕС“.

„Да почекаме да видиме каква влада ќе се формира во Северна Македонија“, рече привремениот премиер.

Главчев додаде дека Бугарија нема повеќе да прави отстапки во однос на пристапните преговори на РСМ во ЕУ и ставот што го имаат е паневропската позиција.

„На нашите пријатели од Северна Македонија мора да им биде јасно дека ако не ги почитуваат барањата за прифаќање членство во ЕУ, тоа нема да функционира“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Џафери не кажа дали е подготвен да оди во опозиција: Тоа е прашање кое зависи од исходот на преговорите за состав на нова влада

Објавено пред

По отчетот за 100 – те дена техничка влада, техничкиот премиер Талат Џафери вели дека е фокусиран на обврските од сегашната влада чиј мандат се уште трае. На новинарско прашање дали е подготвен да оди во опозиција со оглед на неколкуте изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека нема да преговара за коалиција со Демократската унија за интеграција, Џафери не даде конкретен одговор.

dobivaj vesti na viber

„Јас сум премиер и размислувам за мандатот што треба да го завршам. Тоа се прашања на органите на партијата и во тој контекст да завршат преговорите, другото е прашање на исходот од преговорите за состав на нова влада“, рече техничкиот премиер Џафери.

Немаше конкретен одговор ниту на прашањето дали граѓаните треба да очекуваат тој да добие уште еден мандат како премиер оти неговата матична партија е дел од коалицијата која освои 19 пратенички мандати.

„Јас сум фокусиран на обврските на составот на Владата што ја водам, впрочем мандатот на оваа Влада е до избор на нова. Работата на конфигурацијата на новата влада е работа на преговори на политичките субјекти кои што добиле мандати во Собранието по изборите одржани на 8 мај. По тоа прашање треба да се очекува резултат од таму“, рече Џафери.

На парламентарните избори во средата коалицијата „Европски фронт“ на ДУИ освои 19 мандати, а нивниот опонент во албанскиот блок, коалицијата ВЛЕН доби 13 мандати.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кои освоија 58 мандати во Собранието, по изборите кажа дека преговара со ВЛЕН за состав на новата Влада

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минути

Главчев: Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи европската перспектива, повеќе нема да правиме отстапки

Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи својата европска перспектива. Од наша страна, немаме каде да правиме повеќе отстапки....

Македонија22 минути

Џафери не кажа дали е подготвен да оди во опозиција: Тоа е прашање кое зависи од исходот на преговорите за состав на нова влада

По отчетот за 100 – те дена техничка влада, техничкиот премиер Талат Џафери вели дека е фокусиран на обврските од...

Македонија48 минути

(Видео) Првиот премиер Албанец на Македонија: Со мирна совест можам да кажам дека тоа што го најавив пред сто дена, го спроведов

Претседателот на Владата, Талат Џафери на денешната прес-конференција кажа дека се обврзал пред граѓаните дека ќе овозможи слободно изразување на...

Македонија3 часа

Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш за да можеме да победиме

„Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за...

Скопје4 часа

Падна дрво во населбата Автокоманда во Скопје

Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на булеварот „Александар Македонски“...

Европа6 часа

Путин го избра премиерот

Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот...

Свет6 часа

Германски министер: И Берлин размислува за забрана за испраќање оружје во Израел

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, рече дека Берлин размислува за слични чекори по американската закана дека ќе запрат дополнителни...

Свет6 часа

Орбан по средбата со кинескиот претседател: Ја прошируваме соработката и во нуклеарната индустрија

Кина и Унгарија ќе тргнат на „златно патување“ во билатералните односи, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг по средбата со унгарскиот...

Македонија14 часа

Зеленски и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова

Денеска, 9 мај 2024 година, на социјалната мрежа „Икс“ по повод големата победа на професорката Гордана Сиљановска-Давкова на претседателските избори,...

Македонија16 часа

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од одржаните претседателски и парламентарни избори. Гордана Силјановска Давкова...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалирање со партиите – во фокусот се три точки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информира дека претпладнево одржал состанок, на кој биле поставени контурите на рамката врз која ќе го...

Македонија1 ден

Нов состав на Собранието ќе биде избран во следните 20 дена, инаугурацијата на Силјановска-Давкова најдоцна викендов

По завршувањето на парламентарните избори, следен чекор е мандатот на новиот собраниски состав да биде верификуван од ДИК. Во согласност...

Македонија1 ден

Силјановска-Давкова го победи Пендаровски со разлика од 308.632 гласа, разликата што тој ја направи во 2019 година беше 58.210 гласа

Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана Силјановска-Давкова освои...

Македонија1 ден

Македонија првпат доби жена претседател – која е Гордана Силјановска-Давкова и за што се залага

Првпат во Македонија во претседателската фотелја седнува жена откога Гордана Силјановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски...

Македонија1 ден

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека набргу ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, и...

Македонија1 ден

ЗНАМ доби уште еден мандат и има вкупно шест, а ВМРО-ДПМНЕ се намали за еден и има 58 мандати, ДИК објави нови пресметки

Според последните објавени резултати на ДИК, по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачките места, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати во...

Македонија1 ден

„Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата“, евроамбасадорот Гир за изборната победа на Силјановска-Давкова

Амбасадорот на Европската Унија во нашата земја Дејвид Гир, утрово на Х и ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова на...

Македонија1 ден

Уште едена оставка од потпретседателската функција во СДСМ: Перо Костадинов се повлекува од функцијата по изборниот пораз

По Фатмир Битиќи и Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ. „Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните...

Македонија1 ден

Реков дека сум доктор и дека на крајот ги давам лековите: Таравари ѝ препиша терапија на ДУИ

Откако на првичните изборни резултати освоија 13 мандати, коалицијата „Вреди“ славеше а Арбен Таравари на Фејсбук испрати порака до ДУИ....

Македонија1 ден

Мојата оставка ќе биде целосно ефективна кога тоа ќе го сторат и моите другари од раководството на партијата – од првиот до последниот: Битиќи поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи со видео обраќање преку својот Фејсбук профил соопшти дека поднесува оставка од функцијата потпретседател...