Свет
Кирби: Америка нема да ѝ помага на Украина бесконечно
Америка нема да дава воена помош за Украина на неодредено време, изјави координаторот за стратешки комуникации на Белата куќа, Џон Кирби.
„Денеска објавивме пакет-помош од 200 милиони долари и ќе продолжиме да помагаме колку што можеме, но помошта нема да биде бесконечна“, рече Кирби.
Како што додаде тој, САД имаат можност да ги поддржат и Украина и Израел на краткорочна перспектива, но тој не прецизира за која временска рамка станува збор.
Кирби објасни дека многу зависи од интензитетот со кој израелските одбранбени сили ќе ја трошат муницијата и колку израелскиот воено-индустриски комплекс ќе може да ја снабдува својата армија со гранати.
За потсетување, во саботата военото крило на палестинското движење Хамас ја најави операцијата против Израел. Тогаш израелската армија го објави почнувањето на операцијата „Железни мечеви“ против Хамас во Појасот Газа. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во обраќањето до нацијата рече дека земјата е во воена состојба и додаде дека наредил мобилизација на резервите. Израелската армија ги расчистува населените места.
Медиумите потсетуваат дека палестинско-израелскиот конфликт, заснован на територијалните интереси на страните, со децении е фокусна точка во регионот.
Со одлука на Обединетите нации, со активна улога на СССР, во 1947 година беше утврдено дека ќе се формираат две држави – Израел и Палестина, но беше основана само израелската држава, пренесува „Спутник“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Се стрчавме кон врвот, а потоа сфативме дека гори под нас“, вели командантот на Загрепската противпожарна служба
Облакодерот во Загреб, каде вчера избувна пожар малку пред полноќ, утрово сè уште гори, делови од фасадата паѓаат, а загрепските пожарникари цела ноќ се борат со пожарот. Се проценува дека ќе биде потребен цел ден за да се изгасне.
Командантот на Загрепската противпожарна служба, Синиша Јембрих, разговараше за Хрватското радио за сложеноста на гаснењето на пожарот.
Откако бил пријавен пожарот, пожарникарите, вели тој, „се стрчале кон врвот“ и почнале да го гаснат, но во тој момент виделе дека гори и под нив, што, истакнува тој, е исклучително опасно и „горело на неколку места“. „Ова може да укажува дека имало некаква катастрофална грешка, или нешто во инсталациите, така што всушност тие инсталации предизвикале пожар низ целата вертикала на зградата, што е исклучително опасно“, рече Јембрих.
Тој изјави дека пожарникарите потоа морале да се повлечат за да го изгаснат пожарот однадвор, што не е ефикасно, бидејќи пожарот мора да се изгасне одвнатре. „Но, едноставно би било премногу опасно да се влезе во простор зафатен од пожар, особено ако имате пожар под вас“, објасни Јембрих.
Во својот пост, Томашевиќ исто така наведува дека, од она што го видел, „штетата е тотална“, но изрази верување дека државата и другите сопственици ќе започнат со реновирање на зградата, еден од симболите на Загреб, што е можно поскоро.
Регион
(Видео) Облакодерот во Загреб гори со часови, паѓаат делови од фасадата: штетата е тотална
Облакодерот на Славонска авенија во Загреб, во кој вчера избувна пожар малку пред полноќ, утрово сè уште гори, делови од фасадата паѓаат, а загрепските пожарникари цела ноќ се борат со пожарот. Се проценува дека ќе биде потребен цел ден за да се изгасне.
93 пожарникари со 30 возила го гаснат пожарот
„Штетата е голема. Иако поголемиот дел од зградата беше напуштен, собите внатре се полни со опрема и документи. Пријавата ја добивме околу 23 часот. Интересно е што имаше само една пријава од граѓанин. Нормално, секогаш добиваме многу пријави за големи пожари.
Штом видовме отворен пламен, веднаш побаравме дополнителна интервенција. Опасно е бидејќи, кога екипите почнаа да се качуваат и да го гаснат пожарот, видовме дека пожарот почнал да се појавува на долните катови, дури и на приземјето, што значи дека се ширел низ вентилацијата“, рече Синиша Џембрих, командант на Јавната противпожарна служба на Град Загреб.
„Сите пожарникари на Град Загреб беа на овој пожар. Се претпоставува дека ќе го ставиме пожарот под контрола во текот на денот. Но, ќе биде потребно време“, додаде тој.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Нападнати термоелектраните во Донецк: бројни населби без струја
Денис Пушилин, прорускиот лидер на регионот Донецк, објави на апликацијата Телеграм дека украинските сили оштетиле две тамошни електрани во ноќен напад, оставајќи многу населби без електрична енергија.
Нападите ги исклучија електраните Зуивска и Старобешево, а тимови за итни случаи беа распоредени за да ја санираат штетата.
Само еден ден претходно, Пушилин рече дека украинските напади со беспилотни летала врз енергетската инфраструктура на регионот оставиле околу 500.000 луѓе без електрична енергија.
Украинската страна не го потврди нападот. Во последните недели, Киев изврши неколку напади со беспилотни летала со долг дострел врз енергетската инфраструктура во делови од Донецк контролирани од Русија, со цел да се поткопа способноста на Русија да ја продолжи војната.
фото: принтскрин

