Регион
(Видео) Уапсени шверцери на деца во Србија: принудувале малолетници да просат и да вршат кривични дела во Србија, Франција и во Германија

Шверцери на деца беа уапсени во Србија кога српската полиција во соработка со Европол ја разоткри и разби нивната криминална мрежа, која се протегаше во неколку земји од ЕУ. Криминална мрежа е осомничена за трговија со луѓе со цел присилен брак, принудно просење и принуден криминал.
Во истрагата се вклучени и властите на Австрија, Франција и на Германија. Акцијата резултира со четири претреси на куќи во Србија и апсење пет српски државјани, меѓу кои и водачот на криминалната група. Спасени се осум жртви, од кои шест малолетни на возраст од пет до осум години и две 17-годишни девојки. Запленети се големи количини готовина и дигитална опрема, меѓу кои повеќе од шест мобилни телефони и финансиски документи.
Уапсените се осомничени дека тргувале со свои биолошки деца и други деца со кои се поврзани. Осомничените наводно принудувале малолетници да просат и да вршат кривични дела во Србија, Австрија, Франција и во Германија. Истрагата покажува дека осомничените експлоатирале малолетници и ги продавале жртвите на други сторители надвор од Србија.
Како што информираат од Европол, членовите на криминалната група ги мамеле жртвите во романтични врски по што ги експлоатирале преку принудно просење и принуден криминал.
Повеќето од жртвите се од српска националност, освен една Украинка, која членовите на криминалната група ја принудиле да проси. Осомничените переле пари купувајќи луксузна стока и одржувајќи висок животен стандард. Малолетните жртви биле преземени од српските служби за заштита на децата.
„Европол ги поддржа оперативните активности, ја олесни размената на информации и обезбеди аналитичка поддршка. На денот на акцијата Европол испрати експерт во Србија за да ги потврди оперативните информации во реално време и да обезбеди поддршка на истражителите на терен“, објави Европол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Прашање на ден е кога ќе почнат да убиваат; за 3-4 дена изненадувачки одлуки, ќе го победиме злото

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати нацијата поради протестите и насилствата на улиците. Тој предупреди дека „прашање на ден е кога ќе почнат да убиваат“, оценувајќи дека „банда владее по улиците“ и државата ќе одговори.
Вучиќ ги обвини демонстрантите за насилства во Валево, Белград и Нови Сад, вклучително и палења и напади врз простории на политички партии и полицијата. Тој оцени дека она што се случуваше во Нови Сад и Ваљево, каде што беа демолирани и запалени просториите на владејачката Српска напредна партија, е тероризам.
На прашање за Мартa Кос и присуството на малолетници на протестите, рече дека недозволиво е рушењето на простории на политички партии и дека одговорноста е кај насилниците, а не кај државата.
Вучиќ уверува дека станува збор контролирани сценарија на хаос, според кои протестите се организирани со цел дестабилизација и поттикнување на изборни барања. Тој најави дека во наредните 3-4 дена ќе следат „изненадувачки одлуки“ на државата и дека за 10 дена ќе бидат приведени сите кои учествувале во нередите.
„Со народот на Србија ќе го победиме ова зло“, заклучи претседателот, истакнувајќи дека државата ќе се спротивстави на внатрешниот хаос и надворешните притисоци.
Регион
(Видео) Вучиќ: Насилството е израз на целосна немоќ, ќе го зачуваме мирот и ќе ги казниме насилниците

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на социјалната мрежа Инстаграм објави видео по насилните протести во неколку градови во Србија.
„Вечерва малку порано го напуштив Министерството за внатрешни работи, дојдов да ги посетам моите пријатели, министри и борци, луѓето што ја штитат Србија од оние што ја уништуваат секоја вечер. Само сакам да им кажам на луѓето дека ќе ги подигнеме и обновиме просториите на нашите обвинителства, судови и партиски простории. Ќе успееме да го направиме сето ова заедно со народот. Од сите лоши работи што ова ги носи во нашата земја, има едно добро: сите маски паднаа. Луѓето гледаат сè, а нивната нервоза се зголемува, хистеријата се зголемува, немаат што повеќе да понудат. Доаѓа времето на одговорност. Сите оние што палеа, ќе бидат казнети за своите злосторства. Ви благодарам за вашата љубов и поддршка“, порача Вучиќ.
View this post on Instagram
Регион
Запален штаб, солзавец, шок бомби – масовни протести во Србија

Синоќа имаше смасовни протести во повеќе градови низ Србија, меѓу кои Белград, Ваљево, Милановац, Книќ и Нови Сад.
Пред седиштето на Српската напредна партија (СНС) во Ваљево демонстранти со качулки и покриени лица фрлаа пиротехнички средства, по што избувна пожар во дел од просториите. Огнот беше изгаснат со интервенција на противпожарните екипи и демонстранти. Искршен е влезот на Општина Ваљево, а полицијата употреби солзавец.
Во Милановац неколку стотици граѓани фрлаа тоалетна хартија кон просториите на СНС, додека во Нови Сад беа искршени прозорци со шишиња и други предмети. Во Нов Белград полицијата употреби солзавец и шок бомби, а демонстрантите се обидоа да стигнат до седиштето на СНС.
Протестите следат по повеќемесечните студентски блокади, а сега целта е промена на власта. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека нема да има предвремени избори и ги нарече протестите управувани однадвор.