Спорт
Роналдо повторно уриваше рекорди

Кристијано Роналдо (38) постигна два гола за победа на Португалија над Словачка (3:2) во Порто, со која домаќинот се пласираше на ЕП како прв во групата на три кола пред крајот на квалификациите.
Со овие голови и победа Роналдо постави низа тешко надминливи рекорди. Стана фудбалер со најмногу победи во кариерата, дури 780.
Тој ги собори светските рекорди по број на натпревари (202) и голови (125) за репрезентацијата: Овие рекорди веќе беа во негова сопственост.
Со двата гола против Словачка стигна до 857 гола во кариерата. Понатаму, тој го постигна подвигот да даде 100 гола во три различни децении. Од 2000 до 2010 постигна 206 гола, од 2010 до 2020 беше стрелец на 550 голови, а со овие два гола стигна до 100 гола од 2020 досега.
Сето ова е импресивно, но нешто друго што го постигна со головите против Словачка звучи нереално. Роналдо на тој начин постигна 73 гола за Португалија откако наполни 30 години. Само оние голови што ги постигна во овој период во кариерата и сега веќе на самиот почеток на ветеранските години, би го направиле најдобар стрелец во историјата на Германија, Франција, Шпанија, Италија, Англија и уште 187 репрезентации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Модриќ во август доаѓа во Милан

Масимилијано Алегри, кој се врати на позицијата тренер на Милан, го потврди доаѓањето на Лука Модриќ во клубот. На својата прва прес-конференција како тренер на „Росонерите“, Италијанецот не остави простор за сомнеж:
„Го чекаме Лука Модриќ. Доаѓа во август. Станува збор за важен, извонреден играч.“
Лука Модриќ така би станал второто засилување на Милан во летниот трансфер период. Прво беше доведен и офанзивниот играч Самуеле Ричи, кој пристигна од Торино за 23 милиони евра. Со доаѓањето на Модриќ, Милан има намера дополнително да го зајакне средниот ред на тимот:
Спорт
(Видео) Ракитиќ потврди дека ја завршува кариерата, објави емотивно видео

Триесет и седум годишниот Иван Ракитиќ, еден од најдобрите хрватски фудбалери во последните две децении, преку видеопорака објавена денес на социјалните мрежи потврди дека ја завршува фудбалската кариера.
View this post on Instagram
Со објавата тој ги потврди шпекулациите од пред десетина дена кога не беше на почетокот на подготовките на сплитски Хајдук.
Ракитиќ ја завршува кариерата со 106 настапи и 15 погодоци во дресот на Хрватска, 323 натпревари за Севиља, 310 за Барселона и повеќе од 100 за Шалке .
Роден е во Швајцарија, а кариерата ја започнал во Базел. Патот потоа го одвел во Шалке, Севиља, Барселона, повторно Севиља, Ал Шабаб и на крај Пољуда.
Хрватските медиуми објавуваат дека Ракитиќ, кој освоил 17 клупски трофеи, ќе остане во фудбалот бидејќи ќе биде дел од стручниот штаб на Горан Вучевиќ, спортскиот директор на Хајдук.
Со “коцкастите” во 2018. година стигна до сребрниот медал на Светското првенство во Русија, а од националниот тим се повлече во 2019. година.
Фото: ЕПА
Спорт
Синот на Анчелоти станува тренер на актуелниот шампион на Бразил и на Јужна Америка

Давиде Анчелоти ја доби својата прва самостојна работа во својата тренерска кариера три недели пред неговиот 36-ти роденден.
Тој го презеде Ботафого, актуелниот шампион на Бразил и Јужна Америка. Анчелоти помладиот, познат по тоа што беше асистент на својот познат татко Карло во последните девет години, беше близок до Глазгов Ренџерс, но на крајот го презеде бразилскиот гигант наместо шкотскиот.
Давиде Анчелоти му помагаше на својот татко во Баерн, Наполи, Евертон и Реал Мадрид, а продолжи со истата работа откако Анчелоти постариот стана селектор на бразилската репрезентација. Сега тој ќе ја комбинира работата како помошник тренер во националниот тим со работата во Ботафого.
На почетокот на својата самостојна кариера, Давиде Анчелоти го презеде тимот што ја освои бразилската Серија А и Копа Либертадорес, јужноамериканската верзија на Лигата на шампионите, минатата сезона. Артур Хорхе, тренерот кој го водеше тимот до голем успех, потоа замина за Катар.
Во февруари, Ренато Паива стана нов тренер, но беше отпуштен пред една недела. Под негово водство, Ботафого направи изненадување на тековното клупско првенство со победата над ПСЖ во групата, по што беа елиминирани од Палмеирас во првата нокаут рунда. Сопственик на Ботафого е американскиот бизнисмен Џон Текстор, чие портфолио ги вклучува и Лион и Кристал Палас.
Фото/EPA-EFE/ISABEL INFANTES