Спорт
Седум од 10. најплатени фудбалери во светот се на платниот список на арапски сопственици
Магазинот „Форбс“ објави листа на најплатени фудбалери во светот. Седуммина од нив играат во клубови од Саудиска Арабија или во клубови кои се во арапска сопственост.
На чело на листата е Кристијано Роналдо, до него веднаш е Лионел Меси, додека на третото место е Нејмар.
Приливот на петро-долари во фудбалот, кој најпрвин се случи со купувањето на Манчестер сити и Пари Сен Жермен, а потоа продолжи со саудискиот „бум“, ги направи играчите кои настапуваат за тие клубови најплатени во светот.
Четворица од петте најдобри играчи на листата на најплатени во светот доаѓаат од клубови чии сопственици се од Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.
Најплатен играч надвор од тие граници е Мохамед Салах од Ливерпул, кој од договорот со „црвените“ ќе заработи 53 милиони долари.
Тоа е далеку од парите кои моментално се нудат во Саудиска Арабија, каде Салах можеше да ја продолжи кариерата доколку ја прифатеше понудата ова лето.
На списокот се најдоа двајца фудбалери од најмоќниот клуб во Саудиска Арабија, Ал-Наср.
1. Кристијано Роналдо (Ал-Наср, 260 милиони)
2. Лионел Меси (Интер Мајами, 135 милиони)
3. Нејмар (Ал-Хилал, 112 милиони)
4. Килијан Мбапе (ПСЖ, 110 милиони)
5. Карим Бензема (Ал-Итихад, 106 милиони)
6. Ерлинг Халанд (Манчестер сити, 58 милиони)
7. Мохамед Салах (Ливерпул, 53 милиони)
8. Садио Мане (Ал-Наср, 52 милиони)
9. Кевин де Брујне (Манчестер Сити, 39 милиони)
10. Хари Кејн (Баерн, 36 милиони)
11. Роберт Левандовски (Барселона, 34 милиони)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Борусија е во финалето на ЛШ – Хумелс го замолкна Париз
Фудбалерите на Борусија Дортмуд први изборија пласман во финалето на Лаигата на шампиони. „Милионерите“ и во реваншот го совладаа ПСЖ со 1:0. Стрелец на единствениот гол во Париз беше Матс Хумелс во 50.минута. Борусија по пауза ид 11 години е се бори за европската круна. Противник во финалето на „Вембли“ ќе и биде подобриот од второто полуфинале меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен.
ПСЖ имаше повеќе од играта, напаѓаше во првото полувреме, а во офанзива тргнаа во вториот дел, но Килијан Мбапе и соиграчите немаа доволно спортска среќа. Дури четири пати во второто полувреме ја погодија рамката од голот – двапати стативата и исто толку гредата.
И во првиот натпревар Французите двапати ја погодија стативата (Мбапе и Хакими), но ќе остане запишано дека во 180 минути не успеаја ниту еднаш да го совладаат голманот на Борусија, Кобел.
Стрелец на единствениот гол беше ветеранот Матс Хумелс во 50. минута. Јулијан Бранд одлично изведе корнер, а искусниот дефанзивец со глава го совлада Џиџи Донарума.
Спорт
Нан го однесе ПАО на завршниот турнир во Берлин
Кошаркарите на Панатинаикос по пауза од 12 години изборија пласман на завршниот турнир во Евролигата. Вечерва пред 20.000 навивачи во „ОАКА“, Панатинаикос ја доби мајсторката против Макаби со 81:72.
Панатинаикос клучната предност ја направи во воведните четири минути од последната четвртина, период во кој Макаби постигна само два поени.
Големо влијани врз конечниот резултат имаше и односот на слободните фрлања, Панатинаикос изведе 35, Макаби само 10.
Најефикасен во победата на Панатинаикос беше Кендрик Нан со 26 поени, Костас Слукас имаше уште една добра партија со 15 поени и шест скока, додека Хуанчо Ерненгомес постигна 11 поени. Матијас Лесор беше блиску до дабл-дабл учинок со девет поени и 11 скока. Францускиот центар од линијата за слободни фрлања погоди три пати од 14 обиди.
Кај Макаби најефикасен беше Лоренцо Браун со 17 поени.
На завршниот турнир во Берлин од 24 до 26 мај, Панатинаикос во полуфиналето ќе игра против победникот од четвртфиналето меѓу Монако и Фенербахче.
Спорт
Сашко Кедев на Велигден го искачи Макалу (8.485), петтиот највисок врв на светот
Кардиологот и алпинист Сашко Кедев утрото на Велигден се искачи на врвот Макалу кој е висок 8.485 метри и е петти највисок планински врз во светот.
Кедев со експедиција од четворица меѓународни алпинисти и петмина шерпаси се искачи на Макалу. Тој е првиот акедонец кој се искачил на овој врв.
Беше во придружба на искусниот Кили Пемба Шерпа, кој беше еден од 10-те непалски планинари кои се искачија на К2 во 2021 година.
Во историскиот успех на Кедев се запишани и врвовите Монт Еверест (8.848), К2 (8.611), Далагири (8.167), Манаслу (8.163), Броуд пик (8.051), Анапурна (8.091 метри), Cho Oyu (8.201), Нанга Парбат (8.126).