Спорт
Дани Алвеш ќе ја смени стратегијата, се обидува да ја намали казната

На Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш (40) ќе му се суди за сексуален напад, казнена категорија која вклучува силување, во Шпанија. Поранешниот бразилски репрезентативец и ѕвезда на трофејната генерација на Барселона се соочува со обвиненија за сексуален напад во ноќен клуб во Барселона на 31 декември 2022 година.
Дани Алвеш почетокот на судењето го чека во затвор, каде што е од јануари, а доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна од шест до 12 години.
„Ел Еспанол“ објави дека Алвеш ја променил стратегијата. Тој го отпушти адвокатот Кристобал Мартел и ја ангажирал Инес Гвардиола, адвокатка специјализирана за сексуални напади и кривично право.
Шпанскиот новинар Карлос Квилез наведува дека Алвеш „ќе се обиде да ја намали казната што е можно повеќе“.
Според извори на „Ел Еспанол“, Алвеш ќе и плати финансиска отштета на жртвата и ќе ја признае вината. Да потсетиме, Алвеш пет пати ја менуваше изјавата, а секој пат тврдеше дека не е виновен.
Алвеш ја започна својата кариера во својата татковина воБаија, а потоа играше за Севилја, Барселона, Јувентус, ПСЖ, Сао Паоло и мексикански УНАМ.
Во текот на кариерата освои дури 40 трофеи. Најмногу успеси имаше со Барселона, со која освои 23 трофеи, шест со ПСЖ, пет со Севиља, четири со бразилската репрезентација и два со Јувентус.
Притоа освои три Лига на шампиони, со Бразил двапати беше шампион на Јужна Америка. Во својата кариера одигра 909 натпревари, постигна 65 гола и забележа 216 асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ламин Јамал почна да наплаќа за автограм

Ламин Јамал без конкуренција е првата ѕвезда на шпанскиот фудбал, но не се труди многу да ги избегне светлата на големата сцена и реакциите на јавноста.
Јамал се најде во центарот на вниманието со одлуката дека повеќе нема да дава автограми на деца, освен ако не платат за тоа.
Иако и самиот се уште е момче, 18-годишен тинејџер, под изговор на капитализам и најголем можен профит, реши да ангажира специјализирана страница за колекционери преку која ќе го продава својот потпис.
Тој доби понуда, објавува „Мундо Депортиво“, која ја прифати и ништо повеќе нема да биде бесплатно кај него.
Уште повеќе, тој дури нема да дава премногу автограми, бидејќи колку помалку има, толку се повредни и поскапи.
Ова не е ново во светото на спортот, ново е во Европа. Леброн Џејмс и Лионел Меси го прават тоа во САД.
Наводно, ѕвездата на ЛА Лејкерс, Џејмс, од еден продаден автограм за работува и до 15.000 долар
Спорт
(Видео) Манасков го постигна голот на колото во ЛШ

Поранешниот македонски репрезентативец, Дејан Манасков, го постигна најубавиот гол во петтото коло, во Лигата на шампионите.
Еурофарм Пелистер, во средата загуби од Барселона во Битола со 30:34. Манасков голот на колото го постигна во последната минута. Тоа беше цепелин, додавање од голманот Митревски, а левото крило на Еурофарм Пелистер погоди од невозможен агол.
Foto/ facebook.com/hceurofarmpelister
🔥 𝙏𝙊𝙋 5 𝙂𝙊𝘼𝙇𝙎 – Round 5 powered by Gorenje!
1️⃣ Dejan Manaskov – HC Eurofarm Pelister
2️⃣ Mathias Gidsel – Füchse Berlin
3️⃣ Martim Costa – Sporting Clube de Portugal
4️⃣ Lazar Kukic – OTP Bank-PICK Szeged
5️⃣ Felix Claar – SC Magdeburg#ehfcl #CLM #handball pic.twitter.com/ZVZpxxXnmg— EHF Champions League (@ehfcl) October 17, 2025
Спорт
Македонија назадуваше на ФИФА листата

Македонската фудбалска репрезентација назадуваше на новата ранг-листа на ФИФА за најдобрите селекции во светот.
Македонија се наоѓа на 65-то место, што во однос на претходното рабгирање, преставува пад од две места.
Фудбалската репрезентација на Македонија, минатата недела одигра два натпревари во квалификациите за пласман на СП. Двете средби со Белгија и Казахстан завршија 1:1.
Пред Македонија, меѓу другте на листата меѓудруготе се Албанија, Република Ирска, Буркина Фасо, Хондурас…
На новата ранг листата на ФИФА има промени во Топ 10. Германија е десетта, а Хрватска испадна од најдобрите 10 во светот.
На врвот е Шпанија, Аргентина ја скокна Франција на второто место, а а Холандија е шеста, пред Бразил.
Топ 10: Шпанија, Аргентина, Франција, Англија, Португалија, Холандија, Бразил, Белгија, Италија и Германија.
Фото/ Фудбалска федерација на Македонија