Спорт
(Видео) Стив Кер абер нема што е МВП на Евролигата
Во понеделникот рано наутро во контролен натпревар Голден Стејт вориорс им беа домаќини на Сакраменто Кингс. Во еден момент во игра за „кралевите“ влезе Александар Везенков, најдобриот бугарски кошаркар на сите времиња.
Станува збор за кошаркар кој изминативе пет години го носеше дресот на Олимпијакос, а во претходната сезона ја доби наградата за најкорисен играч на Евролигата за неговите фантастични игри.
За европскиот вицешампион имаше просек од 17,6 поени и 6,8 скока. Тој со тимот од Калифорнија потпиша тригодишен договор вреден 20 милиони долари.
Сепак, тоа не беше доволно за стручниот штаб на Вориорс да го препознае кога влезе во игра.
Камерите јасно забележаа како во моментите кога Везенков влегува во игра, Кер го прашува асистентот:
„Кој е бројот 7?
Бидејќи, како што стојат работите, не доби задоволителен одговор, четирикратниот освојувач на НБА прстен како тренер ги консултираше белешките.
@MattGeorgeSAC @JandersonSacBee @TimMaxwell22
Steve Kerr says “Hey, who’s number seven?” His staff doesn’t know so he looks at his roster sheet and tells his staff “Vezenkov”. 😂 pic.twitter.com/K41pC2mLUS— Pathfinder (@Pathfinder_916) October 16, 2023
Минатото лето во Манила, Кер ја предводеше репрезентацијата на САД на Светското првенство, а Американците го освоија разочарувачкото четврто место со три порази – од Литванија, Германија и Канада.
Везенков против Вориорс одигра речиси 17 минути, но немаше своја вечер – имаше два поени (1/4 од игра) и забележа 6 скока.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лудница на „Крејвен Котиџ“, Фулам – Сити 4:5
Фулам и Манчестер Сити приредија вистинска голеада на „Крејвен Котиџ“, а конечниот резултат во Западен Лондон беше 4:5 (1:3).
„Граѓаните“ влегоа во овој натпревар како фаворити, што го покажаа во првото полувреме со головите на Ерлинг Халанд, Тижани Рејндерс и Фил Фоден во 17-та, 37-та и 44-та минута.
Емил Смит Рау го намали водството на гостите во втората минута од судиското продолжение во првото полувреме.
Во вториот дел Сити дојде до предност 5:1 благодарение на вториот гол на Фоден во 48-та минута и автоголот на Сандер Берге во 54-та минута.
Сепак, друг поранешен играч на Арсенал, Алекс Ивоби, му даде поттик на Фулам со гол во 57-та минута, а домашните се заканија со пресврт преку Самуел Чукувезе, кој постигна гол во 72-та, а потоа и во 78-та минута.
Foto/ EPA
Спорт
Ред Бул го потврдија Хаџар се следната сезона
Францускиот возач Исак Хаџар ќе вози крај Макс Ферстапен следната сезона во Ред Бул, потврди австрискиот тим.
Хаџар (21) беше промовиран по одличната дебитантска сезона во Формула 1, во која неговиот најдобар пласман беше третото место во Холандија. Младиот Французин ќе го замени Јуки Цунода во тимот, кој со тоа останува без место во Формула 1, бидејќи за него нема место во ниту еден друг тим, дури и во сестринскиот Рејсинг Булс.
Местото на Хаџар, крај Лиам Лосон, во Рејсинг Булс, ќе го заземе Арвин Линдблад, кој годинава беше седми во Формула 2, и со години е член на програмата за млади возачи на Ред Бул.
Линдблад го зазеде единственото слободно место во Формула 1 за следната сезона, а се очекуваше дека некој млад возач ќе ја добие можноста на сметка на Цунода.
Јапонецот ја напушта Формула 1, барем што се однесува до блиската иднина, по пет години, откако доби шанса во Ред Бул од третата трка во сезоната, но во ниту еден момент не беше ни блиску до својот тимски колега.
Најдобриот пласман на Цунода во последните пет сезони е четвртото место во Абу Даби 2021. Лосон го загуби местото во Ред Бул по две трки оваа сезона, но со своите изданија во Рејсинг Булс, тој заслужи да остане во тимот следната година.
Овогодинешното првенство во Формула 1 завршува овој викенд со Големата награда на Абу Даби. Во последната трка Норис влегува со 12 поени повеќе од Ферстапен и 16 од Оскар Пјастри.
Foto/ EPA
Спорт
Серена Вилијамс се враќа од пензија
Американската тенисерка Серена Вилијамс, освојувачка на 23 гренд слем титули, поднесе документација што го иницира нејзиното враќање во 2026 година.
Серена (44) последен пат играше на Отвореното првенство на САД во 2022 година, каде што победи на два натпревари пред да изгуби од Ајла Томљановиќ во третото коло.
Тој пораз се случи на 2 септември, а само еден ден подоцна, Серена поднесе барање за официјално пензионирање до Меѓународната агенција за интегритет на тенисот, што значеше дека повеќе нема да мора да го открива своето место на живеење, за случајни допинг тестови на дневна основа.
Вилијамс имаше намера да се врати порано, во Њујорк оваа година, за да игра двојки со постарата сестра Венус, но таквото спонтано враќање, на краток рок, не е дозволено.
Серена се најде на регистрираната листа за тестирање на ITIA во октомври, по повеќегодишна пауза. На тој начин, е на добар пат да се врати до април 2026 година, за шест месеци.
Вилијамс освои 23 гренд слем титули во својата кариера и помина 319 недели на врвот на листата на ВТА.
Foto/ EPA

