Спорт
Крикетот се враќа на ОИ по 123 години, фудбалот со знаме ќе има деби во 2028 година

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), на седницата во Мумбаи вклучи пет нови спортови на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.
Крикет, фудбал со знаме, лакрос, сквош и бејзбол/софтбол се спортовите кои ќе бидат вклучени во програмата на Олимписките игри во 2028 година.
Секој град домаќин има можност да предложи воведување на нови спортови на МОК, што ЛА го искористи.
Крикетот, кој е многу популарен во Индија, се враќа на Игрите по повеќе од еден век и ОИ во 1900 година.
Фудбал со знаме е бесконтактен тип на американски фудбал во кој тимовите играат пет на пет. Американскиот фудбал првпат беше воведен како демонстративен спорт на Игрите во Лос Анџелес во 1932 година.
Бејзболот беше дел од Игрите неколку претходни игри. Беше додаден во Токио 2020 година, откако беше отсутен во 2012 и 2016 година, но нема да биде во Париз следната година.
Софтболот е пандан на бејзболот, беше на претходните пет Игри, но нема да биде во Париз.
Лакрос се појави на Игрите двапати, во 1904 и 1908 година, додека сквошот долго време го бараше својот пат до Игрите, последен пат за Олимпијадата во Токио во 2020 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Џон Вол објави крај на кариерата

Американскиот плејмејкер Џон Вол реши да стави крај на кариерата.Пензионирањето го објави на социјалните мрежи.
По 11 сезони во НБА, 34-годишниот плејмејкер рече: „Пензиониран, но не сум готов“.
Вол беше прв пик на драфтот во 2010 година, кога по една сезона во Кентаки под водство на Џон Калипари, заедно со Демаркус Казинс, Ерик Бледс и Патрик Патерсон, пристигна во најсилната лига во светот.
Тој играше за Вашингтон Визардс од 2010 до 2020 година, а потоа играше за Хјустон Рокетс и Лос Анџелес Клиперс, а од 2023 година, Џон Вол нема тим.
Тој беше елитен НБА плејмејкер, прототип на играч од старата школа кој секогаш ќе се стреми прво да асистира и имаше просек од 18,7 поени со 8,9 асистенции, 4,2 скока и 1,7 украдени топки во 647 натпревари во кариерата во НБА.
Во 2019 година, Вол потпиша супермакс договор со Вашингтон, во во краток период доживеа две тешки повреди што го доведоа до депресија и речиси ја завршија неговата кариера уште тогаш.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Нов скандал со допинг – Украинка суспендирана на четири години

Украинската атлетичарка Марина Бех-Романчук, вицешампионка на светот во трискок и скок во далечина, е суспендирана на четири години поради допинг, објави Одделот за интегритет на атлетските спортови (АИУ).
„АИУ ја суспендира Марина Бех-Романчук (Украина) за период од четири години, почнувајќи од 13 мај 2025 година, поради присуство/употреба на забранета супстанца (тестостерон)“, се вели во соопштението објавено на мрежата „X“.
29-годишната Бех-Романчук била позитивна на тестостерон, анаболичен стероид, на тест спроведен на 7 декември 2024 година.
Привремено била суспендирана во мај оваа година.
Во својата кариера, таа освоила сребрени медали на светските првенства – во трискок во Будимпешта во 2023 година и во скок во далечина во Доха во 2019 година.
На последното натпреварување, Олимписките игри во Париз во 2024 година, таа се пласираше на 11-то место во трискок.
Спорт
Марсеј го стави Рабио на трансфер листата

Репрезентативецот на Франција, Адриен Рабио е ставен на трансфер листата. Клубот се реши на ваков потег поради поради скандалозното однесување по поразот од Рен (0:1) во петокот, објави клубот. Покрај Рабио на трансфер листата е ставен и младиот англиски напаѓач Џонатан Роу.
Олимпик Марсеј во петокот загуби во Рен, со гол во последните минути и покрај тоа што речиси еден час играше со фудбалер повече.
Рабио и Роу, според француските медиуми се степале во соблекувалната по натпреварот, поради што клубот донесе одлука да ги стави двајцата на трансфер листата, наведувајќи во соопштение дека тоа е „неприфатливо однесување“.
„Одлуката е донесена во договор со стручниот штаб и во согласност со внатрешниот кодекс на однесување“, изјави клубот.
Мајката на Рабио, која е и негов менаџер, Вероника Рабио, претходно изјави за телевизијата РТЛ дека одлуката е иницирана од тренерот Роберто Де Зерби поради „недостаток на посветеност“.
30-годишниот Рабио пристигна во Марсеј минатото лето и имаше одлична сезона, помагајќи им да се квалификуваат за Лигата на шампионите со десет гола и пет асистенции.
Пред помалку од десет дена, тој рече дека „најдобро би било да остане во Марсеј“, па веста за неговото заминување е големо изненадување.
Тој одигра 53 натпревари за француската репрезентација.
Роу, кој не одигра значителен број минути минатата сезона, претходно беше најавен како играч кој би можел да го напушти клубот.
Фото/ Принтскрин