Македонија
Ковачевски на Берлински процес: Соработката на земјите од Западен Балкан е клучна за забрзан економски раст и за европеизација на регионот
Премиерот Димитар Ковачевски, во рамки на Самитот на лидери на Берлински процес, учествуваше на првата работна сесија, посветена на интегрирање на Западен Балкан во единствениот пазар и подобрување на конвергенцијата со ЕУ.
Учесниците на сесијата дискутираа за Берлинскиот процес кој има клучна улога како двигател на регионалната соработка и забрзувач на интегративниот процес за ЕУ. Беше посочен неговиот важен инклузивен формат кој служи како катализатор за економска интеграција, инвестиции и проекти за поврзување кои се насочени кон помирување, безбедност, раст, вработување и просперитет.
Лидерите на сесијата ги изнесоа своите ставови околу улогата на заедничкиот регионален пазар со што се овозможува подлабока трансформација на регионалната економска интеграција. Се разменија мислења околу заедничкото работење за исполнување на взаемната амбиција на земјите од Западен Балкан имајќи го предвид фактот дека со ваквите регионални достигнувања и со идните, регионот има силен стимул да продолжи по оваа траекторија на регионална соработка.
На првата работна сесија, премиерот Ковачевски ја потенцираше важноста на реформскиот процес на земјите од Западен Балкан, со што ќе се забрза економскиот раст, ќе биде поддршка за конкурентноста, а тоа ќе значи можност за отворање на нови компании и нови работни места. На состанокот беше истакнато дека клучно за напредок на регионот е и владеењето на правото, спречувањето на корупцијата и доброто владеење, со кои структурни реформи ќе се забрза и приближувањето на регионот кон Европската Унија.
На сесијата беа изнесени ставови и за важноста на Договорите кои земјите од регионот ги потпишуваат во рамки на Берлинскиот процес, со што се овозможува поголема професионална мобилност, повисокото ниво на соработка и поврзаност што всушност е суштината на ЕУ.
Ковачевски ја истакна важноста од блиската соработка на земјите од Западен Балкан, која создава можност ЕУ да го прошири своето влијание во регионот, да ја зајакне стабилноста и да се спротивстави на потенцијалните надворешни влијанија.
На панелот посветен на интегрирање на регионот во единствениот пазар и подобрување на конвергенцијата со ЕУ, учествуваа и канцеларот на Германија, Олаф Шолц, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел како и голем број премиери и високи претставници на земјите членки на Европската Унија, како и меѓународните финансиски институции и земјите-членки вклучени во процесот–Германија, Франција, Австрија, Хрватска, Италија, Словенија и Обединетото Кралство, заедно со земји од Западен Балкан.
На првата пленарна сесија од Берлинскиот процес, земјите членки на ЕУ ставија акцент и на важноста на проширувањето на Унијата. На оваа седија учествува и дадоа поддршка и премиерите на Шпанија и на Холандија, Педро Санчез и Марк Руте, кои не се земји учеснички на Берлинскиот процес, но кои пред присутните лидери од Западниот Балкан ја изнесоа поддршката на Шпанија и Холандија за интеграцијата на земјите од регионот во ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.

