Спорт
Дарио Срна привремен тренер на Шахтјор

Поранешниот хрватски фудбалер Дарио Срна привремено ќе го предводи тимот на Шахтјор, откако холандскиот тренер Патрик Ван Левен доби отказ, потврди украинскиот клуб.
„Тимот привремено ќе го води спортскиот директор на клубот Дарио Срна“, се вели во соопштението на Шахтјор.
Ван Левен доби отказ по три месеци на клупата на Шахтјор. Во овој период забележа седум победи, три нерешени и два порази.
Срна за Шахтјор играше 15 години и забележа 536 настапи и постигна 49 голови, а со клубот од Доњецк освои 26 трофеи.
Во јуни 2020 година, поранешниот хрватски репрезентативец и долгогодишен капитен на Хрватска стана спортски директор на Шахтјор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Антонио Конте: Сега сè е во наши раце

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изјави дека клубот од Неапол мора да ги искористи максимално сите ресурси ако сака да ја освои титулата во Серија А.
Во неделата, Наполи се искачи на првото место на табелата во Серија А, откако го победи Торино (2:0) на домашен терен, додека Интер беше поразен од Рома (0:1) во Милано.
На четири кола пред крајот на првенството, клубот од Неапол е на првото место на табелата со 74 бода, додека Интер е втор со 71.
„Искрено, не го гледав натпреварот помеѓу Интер и Рома. Го гледав второто полувреме од Фиорентина – Емполи. Можете да ми верувате ако сакате, гајле ми е ако не ми верувате. Го исклучив телефонот, подоцна го дознав резултатот од натпреварот помеѓу Интер и Рома“, рече Конте.
До крајот на сезоната, Наполи ќе игра дома против Џенова и Каљари во Серија А, додека ќе гостува кај Лече и Парма. Интер ќе ги пречека Верона и Лацио во Милано, додека ќе гостува во Торино и Комо.
„Направивме еден чекор, има уште четири. Играме против тимови кои се борат за опстанок. Сè е во наши раце“, рече тренерот на Наполи.
Клубот од Неапол ја освои последната титула во Серија А во 2023 година.
„Мораме напорно да работиме, да го извлечеме максимумот од нашите ресурси. Мислам дека сите момци се подобрија. Работевме напорно во текот на сезоната и сега ги жнееме плодовите од таа работа. Имаме 74 бода, четири кола до крајот, обезбедивме место во Лигата на шампионите, кога ќе се осврнеме назад и видиме каде почнавме, ова е извонредна работа. Освојувањето на Скудетото би било неверојатно. Сите заслуги за ова им припаѓаат на момците“, заклучи Конте.
Спорт
(Видео) Белингем: Кажи му дека сите одлуки ги носи во корист на Барселона

Во одличен натпревар во финалето на Кралскиот Куп, Барселона го победи Реал Мадрид со 3:2 по продолженијата. Сепак, главната тема и два дена по натпреварот судијата Рикардо де Бургос Бенгоечеа.
Пред натпреварот, клупската телевозија „Реал Мадрид ТВ“, објави видео со одлуките на судијата, за кои тврди дека биле против Реал. После тоа, Бенгоечеа се огласи и рече дека поради тоа видео, неговото дете е злоставувано во училиште.
На крајот од натпреварот, судијата исклучи тројца играчи на Реал. Џуд Белингам беше агресивен по последниот свиреж и доби втор жолт картон. Ридигер на клупата доби црвен картон откако фрли пластично шише кон судијата, а потоа сакаше и физички да се пресмета со него, а Лукас Васкез поради протест.
Потоа, се појави видео направено на полувремето во тунелот. Џуд Белингам разговара со капитенот Лукас Васкез.
„Кажи му дека сè оди во корист на Барселона! Секоја ситуација 50:50 ја суди за нив“
Васкез го тргна Белингем од судијата, а Шпанците тврдат на социјалните мрежи дека Ридигер му рекол:
„Џуд, те слушаат.“
🗣️ Jude Bellingham shouts:
— “Everything goes in their favor… every 50/50 goes in their favor…”
🗣️Antonio Rüdiger warns him:
— “Jude, they can hear you!”
🤡🤡🤡🤡🤡 pic.twitter.com/krf6dtzkjs
— Barça Worldwide (@BarcaWorldwide) April 27, 2025
Спорт
Салах и Ѓокереш во трка за „Златната копачка“

Крајот на сезоната се ближи во повеќето европски национални шампионати, а трката за „Златната копачка“, влегува во неизвесен финиш.
Мохамед Салах беше и стрелец синоќа во победата на Ливерпул над Тотенхем (5:1). Салах го постигна 28. гол сезонава. Кога бројот на постигнати голови ќе се помножи со коефициентот „2“, се доаѓа до бројката 56.
Лидер на листата е Швеѓанецот од Спортинг, Виктор Ѓокерес постигна четири гола против Боависта. Ѓокереш дојде до бројката од 38 гола во сезоната, со коефициент од 1,5 напаѓачот на Спортинг Лисабон моментално ја предводи трката за „Златната копачка“ со 57 бода.
На третото место е Роберт Левандовски кој е повреден и прашањето е дали ќе може да се вмеша во ваа трка. Тој е на 50 поени. Хари Кејн и Матео Ретеги имаат 48 поени.
Како што сега стојат работите во последните три рунди, за „Златната копачка“ ќе се борат Салах и Ѓокерес.