Македонија
Маричиќ со најостра осуда за синоќешниот терористички напад во Брисел

Секретаријатот за европски прашања (СЕП) и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, најостро го осудуваат смртоносниот терористички напад што се случи синоќа во Брисел, во кој беа убиени двајца шведски државјани за време на фудбалскиот натпревар помеѓу Белгија и Шведска.
Терористичкиот чин со трагичен крај предизвика огромна болка и загуба за Шведска, за Белгија и за цела Европа.
Вицепремиерот Маричиќ изразува најдлабоко сочувство кон семејствата и блиските на загинатите и го осудуваат овој суров напад, со што се врши обид да се нарушат мирот и безбедноста на граѓаните.
„Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, синоќа стапи во контакт со мисијата во Брисел и со државната секретарка во СЕП, Дрита Абдиу-Халили, која ја предводи македонската делегација на тридневниот билатерален скрининг-состанок за Поглавјето 11, „Земјоделство и рурален развој“, при што информираме дека ниту еден член не бил загрозен во текот на овој напад“, се наведува во соопштението од СЕП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улца ХО ШИ МИН, во населба Бутел, општина Бутел;
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Студеничанска, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Карпош и Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска:
· Поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф-1“ и дефект на затварач од Ф-100мм на ул.Будимпештанска бр.25,прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следните улици:Будимпештанска, Осло Љубица Георгиева, Бањалучка, Хашка и дел од Женевска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на дефектот.(општина Карпош)
· Поради изведување на водоводен приклучок Ф 80“ на улица Пиринска бр.31, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Пиринска и дел од ул.Ленинова од 09:00 часот до завршување.(општина Центар)
Македонија
Утрото ведро и посвежо, попладне до 30 степени

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Скопје, сончево, со слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 30 степенiи.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на претежно сончево време со посвежи утра и постепен пораст на дневната температура.