Скопје
Герасимовски: Доделивме стипендии за 8 ученици од социјален ризик во нашите училишта
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, додели 8 стипендии за учебната 2023/2024 година на ученици од семејства со висок социјален ризик, кои учат во основните училишта во општината.
„Преку доделувањето на овие стипендии Општина Центар и јас како нејзин градоначалник сакаме да ви дадеме поголема мотивација за учење и постигнување високи резултати. Нека овие стипендии ве поттикнат да продолжите со успесите со цел да постигнете уште поголеми достигнувања и да бидете пример и поттик за вашите школски другари. Општина Центар е секогаш тука за вас, отворена и достапна за вашите идеи и размислувања“, им рече градоначалникот Герасимовски на учениците.
Стипендиите што Општина Центар ги доделува секоја година се со висина од 3.000 денари и учениците ќе ги добиваат месечно до крајот на учебната година. Доделените стипендии го олеснуваат процесот на основно образование за учениците на кои овие средства им се најпотребни, односно по едно дете од секое општинско основно училиште.
Доделувањето на стипендиите беше повод за денешната посета на учениците во кабинетот на градоначалникот Герасимовски, кој накусо ги запозна децата со работата и активностите на Општината.
Градоначалникот Герасимовски, заедно со симболични подароци, им ги додели стипендиите на учениците и им посака многу среќа и успеси во учебната година што претстои.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




