Свет
СЗО: Ситуацијата во Газа излегува од контрола
Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, изјави дека ситуацијата во Газа излегува од контрола и дека резервите на организацијата се заглавени на границата веќе четири дена.
„Секоја секунда кога чекаме лекарска помош, ги губиме животите. Четири дена резервите на СЗО се заглавени на граница“, напиша тој на мрежата „Икс“.
Тој ги повика двете страни да го прекинат насилството.
„Потребен ни е итен пристап за да почнеме со испорака на материјали за спасување живот“, напиша тој.
Претходно, на истата социјална мрежа, тој го осуди бомбардирањето на болницата во Газа и побара веднаш да се обезбеди заштита на цивилите и медицинските установи, пренесува „Бета“.
„СЗО остро го осудува нападот на арапската болница ‘Ал Ахли’“, напиша Гебрејсус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Последни проекции на резултатите: левицата до 187 мандати, но далеку од апсолутно мнозинство
Според ревидираните анкети објавени подоцна во неделата вечерта, Новиот народен фронт, составен од пет партии, ќе освои меѓу 171 и 187 пратенички места. За апсолутно мнозинство потребни се најмалку 289 мандати.
Партијата на претседателот Макрон ќе биде вториот по големина блок со 152 до 163 пратенички места, што ги надминува очекувањата.
Марин Ле Пен и нејзиниот екстремно десничарски Национален фронт (РН) се на третото место со проекција меѓу 134 и 152 освоени места, што претставува значително зголемување во споредба со освоените 89 места во 2022 година.
Се очекуваше РН да се претстави многу посилно откако освои најмногу гласови во првиот круг. Сепак, неговиот удел во гласовите доби удар откако стотици центристички и левичарски кандидати се откажаа од вториот круг за да ја спречат екстремната десница да напредува.
Европа
„За Москва разочарување, олеснување во Киев“ по изборните резултати, изјави полскиот премиер
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека резултатите од парламентарните избори во Франција ќе доведат до разочарување во Москва и „олеснување“ во Украина.
In Paris enthusiasm, in Moscow disappointment, in Kyiv relief. Enough to be happy in Warsaw.
— Donald Tusk (@donaldtusk) July 7, 2024
Марин Ле Пен, лидерката на екстремно десничарската партија Национален собир, претходно вети дека нејзината партија нема да дозволи Украина да користи француско оружје со долг дострел за да ја нападне Русија доколку дојде на власт.
Европа
Еврото падна поради изборите во Франција
Еврото паѓа откако излезните анкети за последниот круг од француските парламентарни избори покажаа дека парламентот е во ќорсокак, а најмногу пратенички места најверојатно ќе освои левичарската коалиција Нов народен фронт.
Европската единствена валута последен пат беше намалена за 0,2% на 1,081 долари, иако обемот на тргување остана тенок бидејќи почетокот на тргувањето во Азија штотуку започна.