Македонија
(Видео) Костовски: По 20 години шепотење, СДСМ го отвори случајот за Онкологија, што побргу да се лоцираат вината и одговорноста
Работата на оваа анкетна комисија посакувам да биде своевиден притисок врз ЈО, што побргу да излезат со конкретни обвиненија и лоцирање на вината и одговорноста на сите оние што на монструозен начин придонеле за едно скандалозно, монструозно однесување на Клиниката на онкологија, што е многу сензитивно, осетливо и таквата работа е страшна, истакна пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски, во рамките расправата на собраниската анкетна комисија за скандалот на Онкологија.
Костовски потсети дека за нерегуларностите на Онкологија тивко се зборувало 20 години, а случајот се отвора сега.
„Знаеме дека 20 години се шепотело за некои нерегуларности на Онкологија, а токму во времето на владеењето на СДСМ се отвора оваа тема, Обвинителството работи, полицијата прибира докази и, дефинитивно, не е битно ниту име, ниту презиме, ниту блискост, ниту припадност на секој оној што на монструозен начин бил вклучен“, нагласи Костовски додавајќи дека некои пратеници од опозицијата продолжуваат со донесување предвремени заклучоци“.
Според него, некои пратеници од опозицијата, како што рече, продолжиле со донесување предвремени заклучоци.
„За да се впери прст во некого, создаваат непријатност да глумиме дека, од една страна, ние сме обвинители, а сведоците и експертите се во улога на обвинети, а тоа воопшто не е така, улогата на анкетната комисија е донесување заклучоци за подобрување и функционалност на здравствениот систем“, порача Костовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Економијата и инвестициите во фокусот – работни средби на Муцунски во Литванија
Во рамки на вториот ден од работната посета на Вилнус, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски оствари одвоени средби со министерот за економија на Литванија, Едвинас Грикшас, и со претседателот на Конфедерацијата на индустријалци, Видмандас Јанулевичиус.
На средбите, Муцунски го претстави силниот ангажман на Владата за создавање поволна деловна клима преку атрактивни стимулации, современа регулатива и висококвалификувана работна сила. Тој истакна дека привлекувањето нови компании во клучни области како технологијата и иновациите, отворањето работни места и забрзувањето на економскиот раст и развој се врвен приоритет на економскиот ресор.
Разговорите беа насочени и кон можностите за интензивирање на економската соработка, како и кон конкретни иницијативи за унапредување на трговијата и инвестициите меѓу двете држави – на владинo и на компанискo ниво.
Македонија
Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ е исправна и може непречено да се употребува, велат од „Водовод“ по труењето во училиштето
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека по извршениот вонреден мониторинг, водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош е целосно безбедна за употреба.
„ЈП Водовод и канализација – Скопје на ден 26.11.2025 година изврши вонреден мониторинг врз основа на пријава од ООУ Димо Хаџи Димов, општина Карпош.
Секторот за санитарна контрола зема 4 примероци од две локации (училница и кујна) од кои две за физичко-хемиска анализа и две за микробиолошка анализа.
Од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки одговараат на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), при што констатираме дека водата во ООУ Димо Хаџи Димов во општина Карпош е санитарно исправна и истата може непречено да се употребува“.
Македонија
(Фото) Отстранета дивоградба на улица „Орце Николов“, Герасимовски најави расчистување на бесправните објекти
Во рамките на обемната акција за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на деловен објект на улица „Орце Николов“ бр. 139 во Дебар Маало, соопштија од Општината.
Конструкцијата била изградена без одобрение за градење и го узурпирала заедничкиот простор предвиден за граѓаните.


„Јавните површини во Центар им припаѓаат на сите граѓани и нема да дозволиме да се претвораат во приватни имоти поради самоволие на поединци. Секој бесправно изграден или незаконски поставен објект ќе биде санкциониран со соодветни решенија и постапки за негово отстранување”, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Градежниот инспектор издал решение со кое на инвеститорот „Екотон Дизајн“ му било наложено да ја отстрани нелегалната доградба. Бидејќи инвеститорот не постапил по решението и по неколкуте опомени, општинските служби ја отстранија бесправно изградената конструкција.


„Општина Центар спроведува континуирана акција за воспоставување ред на јавните површини, со засилени инспекциски контроли и активности за расчистување на нелегално поставени објекти. Целта е заштита на јавниот интерес и враќање на просторот на граѓаните, како дел од пошироката стратегија за уредување и подобрување на урбаниот простор во општината“, соопштија од Општина Центар.

