Спорт
Нејмар: Ова е најлошиот момент во мојот живот

Нејмар доживеа тешка повреда во Монтевидео, во финишот на првиот дел од натпреварот против Уругвај. Нејмар на носилки беше изнесен од теренот.
Репрезентативецот на Бразил ги скинал предните вкрстени лигаменти во коленото и менсикусот. Не само што ја заврши сезоната туку тој ќе го пропушти шампионатот на Јужна Америка.
Од 2010 година, откако е репрезентативец на Бразил, го освои само Купот на конфедерации во 2013 година, а пред две години неговиот тим го загуби финалето на Копа Америка од Аргентина.
Од неодамна е и играч на Ал Хилал. Клубот од Саудиска Арабија му плати на Пари Сен Жермен 100 милиони евра, а на Нејмар му даде плата од 160 милиони евра. Тој има договор со клубот до 2025 година.
Тешката повреда и новата пауза ја коментираше на социјалните мрежи.
„Ова е тажен момент, најлош во мојот живот. Знам дека сум силен, но овој пат ќе ми треба се поголема поддршка од пријателите и семејството. Имам верба во Бога и оставам се во негови раце. Благодарам за поддршката“, напиша тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Калум Вилсон во Вест Хем

Калум Вилсон ќе го носи дресот на Вест Хем следната сезона. Вилсон се согласи на едногодишен договор со „Чеканите“.
Вислон е слободен агент од крајот на претходната сезона и завршувањето на неговата соработка со Њукасл.
Вилсон одигра 130 натпревари за Њукасл и постигна 49 гола, но клубот и играчот не успеаја да се договорат за продолжување на соработката во сезоната 2024/25.
Триесет и тригодишникот одигра само 25 натпревари, само на два беше стартер.
Според Би-Би-Си, Вилсон имал неколку интересни понуди и од Премиер лигата и од МЛС, но конечната одлука била да се пресели во Вест Хем.
Спорт
Французите открија каква улога ќе има Новак во Ле Ман

Веста дека најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ќе стане косопственик на францускиот второлигаш Ле Ман дојде како гром од ведро небо.
Еден ден подоцна, со оваа тема се занимаваше и францускиот „Лекип“, кој откива каква би била улогата на познатиот тенисер во овој клуб со богата традиција.
Ѓоковиќ се приклучи на бразилскиот фонд „Оутфилд“, кој е нов инвеститор во клубот од Ле Ман, треба да има улога на советник и амбасадор на клубот.
Додека присуството на Фелипе Маса и Кевин Магнусен, добро познати имиња од Формула 1, меѓу инвеститорите на фондот „Оутфелд“ е логично со оглед на историјата на градот Ле Ман и автомобилизмот, вклучувањето на Новак Ѓоковиќ отвора повеќе прашања, пишува „Лекип“.
Србинот доаѓа заедно со бразилскиот претприемач Георгиос Франгулис, партнер на светската тенисерка број 1 Арина Сабаленка и основач на брендот „Оукбери“, кој е присутен низ целиот свет.
Инвестицијата на Ѓоковиќ не е само финансиска или симболична, што се докажува со објавата што ја сподели со своите 16 милиони следбеници на Инстаграм во петокот. Педро Оливеира.
„Тој и другите спортисти ја делат нашата визија за овој проект. Тие ќе имаат советодавна улога, но ќе бидат и амбасадори на брендот. Фелипе и Кевин ќе градат врски со светот на автомобилизмот, додека Новак ќе го донесе својот шампионски дух, својот поглед на врвното натпреварување. Тој го сака фудбалот. Тој инвестира во фудбалски клуб за прв пат и е многу возбуден.“
Според „Лекип“, Гоме се надева дека легендата на светскиот тенис би можела да игра на егзибицискиот натпревар. Сепак, прославата се случува на средина од Мастерсот во Шангај, кој Ѓоковиќ го освои четири пати, но беше поразен од Јаник Синер (7:6, 6:3) во финалето минатата година…
Спорт
Дончиќ потпиша нов договор со Лејкерси

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ја продолжи соработката со Лос Анџелес Лејкерс.
Дончиќ потпиша договор вреден 165 милиони долари за три сезони.
Лејкерси чекаа до првиот ден кога можеа да му понудат договор (2 август) и го сторија тоа веднаш.
Во 28 натпревари, за Лејкерси по шокантниот трејд од Далас, Дончиќ забележа 28,2 поени, 8,1 скока, 7,5 асистенции и 1,6 украдени топки во просек за 35 минути на паркетот.
Во поразот од пет натпревари во плејофот против Минесота Тимбервулвс, тој имаше просек од 30,2 поени, седум скока, 5,8 асистенции и една украдена топка за 41,6 минути на паркетот.
„Тукушто потпишав продолжување на договорот со Лејкерси. Возбуден сум што ќе продолжам да работам за да освојам шампионска титула во Лос Анџелес и да ги направам навивачите горди. Благодарен сум на Лејкерси, на моите соиграчи и на сите навивачи кои ми покажаа толку многу љубов од првиот ден. Ова е само почеток“, напиша Дончиќ на социјалната мрежа „X“.