Спорт
Пристигнаа резултатите: Нема ДНК траги од уапсените хрватски навивачи
Стигнаа резултатите од ДНК анализата на ножевите, што требаше да се утврди кој го убил 28-годишниот навивач на АЕК, Михалис Кацурис.
Според информациите на хрватскиот портал „24сата“, нема отпечатоци на ниту еден од уапсените хулигани на Динамо Загреб, кои во август дивееја пред стадионот на АЕК во Атина.
Исто така, на видеото се гледа дека навивачите на Динамо за време на тепачката не носеле ракавици.
Покрај тоа, полицијата на местото на конфликтот пронашла разни предмети, како што се скршени шишиња, крвави парчиња облека, меѓу кои и два ножеви.
На еден од нив имало траги од крв, но се уште не е утврдено со кој нож бил убиен грчкиот навивач.
Како клучен доказ полицијата ги смета тие два ножа.
На ниту еден од тие предмети не се пронајдени отпечатоци на хрватски државјани, кои се уште се наоѓаат во грчките затвори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Бобан (повторно) на суд го доби Милан
Милан незаконски го разреши Звонимир Бобан (56) од функцијата спортски директор, одлучи Врховниот суд на Италија, а соопштија „Спорт Италија“ и фудбалски инсајдер Николо Шира. Да потсетиме, Бобан го тужеше Милан за отштета откако беше отпуштен од директорската функција во март 2020 година. На таа позиција тој помина девет месеци.
Во првата постапка судот одлучи дека клубот на Бобан мора да му плати 5.375.000 евра. Од нив, 4.125.000 евра се за материјална, а 1.250.000 за нематеријална штета, плус камати и ревалоризација и 843 евра трошоци и 51.450 евра за адвокатски трошоци.
Милан се жалеше на таа одлука, а судот во Милано во втората постапка ја намали казната на околу 4.200.000 евра, па Бобан мораше да ја врати разликата во износ од околу 1.200.000 евра.
Бобан ја обжали пресудата, а откако Врховниот суд пресуди во негова корист Милан ќе мора да му ги врати тие 1.200.000 евра.
Извесен период Бобан не се согласуваше со тогашната управа на клубот во кој главен говорник беше Иван Газидис, а потоа се огласи во интервју за „Газета дело Спорт“.
Во интервјуто тој отворено одговори на повеќемесечните гласини дека него, Малдини и тренерот Стефано Пиоли на лето ќе ги наследи еден човек, австрискиот фудбалски стручњак Ралф Рангник, кој на крајот не дојде во клубот туку ја презеде репрезентацијата на Австрија.
„До пред неколку дена мислев дека приказните за две души во клубот се невистинити и покрај разликите во културите, како и разликата во страста околу клубот. Тоа што зборуваме за ова секако не е добро. Најлошото е што овој дестабилизирачки момент се случува сега кога тимот напредува и можете да ја видите напорната работа на Стефано Пиоли. Тоа што не не предуперидија е потез без почит и елеганција. Тоа не е начин на кој се работи во Милан, или барем јас не се сеќавам дека дека така се работело“, остро рече Бобан, поради што доби отказ.
Спорт
Србија за опстанок во А-дивизијата против Австрија, Хрватска против Франција за место на завршниот турнир
Во седиштето на УЕФА во Нион, со ждрепка беа одредени четвртфиналните двојки во Лигата на нации и двојките за опстанок/пласман во А, Б, Ц и Д дивизијата. Натпреварите се во март наредната година, а завршниот турнир во Лигата на нации ќе се одржи во јуни.
Плеј-офот за пласман на завршниот турнир и борба за трофејот во Лигата на нации донесе два класици на европскиот фудбал, во реприза на финалето на СП од 2018 година ќе играат Хрватска и Франција, а нова епизода ќе добие и ривалството меѓу Италија и Германија. Актуелниот европски првак Шпанија за место на завршниот турнир ќе се бори со Холандија, а Португалија за противник ја доби Данска.
Четвртфинални двојки:
Холандија-Шпанија
Хрватска-Франција
Данска-Португалија
Италија-Германија
Полуфинале:
Италија/Германија – Данска/Португалија
Холандија/Шпанија – Хрватска/Франција
Двојки за место во А дивизијата:
Турција-Унгарија
Украина-Белгија
Аустрија-Србија
Грција-Шкотска
Натпреварите за опстанок/пласман во А дивизијата на програмата ќе бидат на 20 и 23 март 2025 година.
Дивизија Б/Ц, двојки:
Косово-Исланд
Бугарија-Република Ирска
Ерменија-Грузија
Словачка-Словенија
Натпреварите за место во Б дивизијата ќе се играат во истиот термин како и натпреварите за место во А дивизијата.
Извлечени се и двојките за местата во Ц дивизијата во Лигата на нации. Повластени беа тимовите кои во овој циклус беа во Ц дивизијата Латвија и Луксембург.
Гибралтар-Латвија
Малта-Луксембург
Натпреварите за место во Ц дивизијата ќе се играат дури во март 2026 година.
Спорт
Jамал за полнолетството ќе биде награден со првиот професионален договор во кариерата
Ламин Јамал, официјално најдобриот млад фудбалер во светот, полнолетен ќе стане на 13.јули наредната година. Барселона веќе има подготвено договор, во кој отпкупната калузула ќе биде една милијарда евра.
На „Камп Ноу“ се свесни за интересот на другите клубови за Јамал. Медиумите објавија дека минатото лето ПСЖ понудиле 250 милиони евра. Поради тоа во клубот веќе имаат подготвен договор, а условите биле прифатени од Ламин Јамал и неговиот менаџер.
Јамал ќе добие нов, шестгодишен договор, но не се откриваат деталите поврзани со платата и бонусите.
Крилниот напаѓач и оваа сезона игра фантастично. На 16 натпревари во сите натпреварувања, постигна шест гола и додаде осум асистенции.