Контакт

Европа

Швеѓаните во страв од нови терористички напади: „Постојано гледам зад мене“

Објавено пред

Надвор од националниот стадион на Шведска два фудбалски дреса со рамка стојат под знамето на половина копје во знак на сеќавање на двајцата навивачи што беа убиени од терорист во Брисел во понеделникот вечерта и како потсетник до минувачите да внимаваат на можни нови напади, пишува „Политико“.

dobivaj vesti na viber

„Се надевам дека ова е последен пат да се случи вакво нешто, но јас продолжувам да гледам зад мене“, рече Кент Аберг, 62-годишен работник на аеродромот, кој дојде да му оддаде почит.

„Ние сме на врвот на листата во однос на западните земји за кои се верува дека водат војна против исламот и се идентификувани како приоритетни цели. Терористичките организации се фокусираат на Шведска, првенствено ИСИС и Ал каеда, и ги охрабруваат поддржувачите да ги нападнат Шведска и нејзините интереси во странство наведувајќи ги јавните места како приоритетни цели, вклучувајќи фудбалски стадиони и концерти“, изјави за националното радио Магнус Рансторп, истражувач за тероризам на Шведскиот универзитет за одбрана.

Во центарот на Стокхолм во четвртокот имаше значително повидливо полициско присуство околу парламентот и други важни локации вклучувајќи ја и кралската палата. Во август, по последното палење на Куранот, шведската безбедносна служба Säpo го зголеми нивото на закана од тероризам од 3 на 4 на скалата од 5 додавајќи дека верува оти Шведска сега е „приоритетна“ цел за исламистичките терористи, наместо само „легитимна“ цел.

Европа

Холандија и подари на Украина 24 авиони Ф-16: „Употребата не е ограничена“

Објавено пред

Холандија дава 24 ловци Ф-16 на украинските воздухопловни сили што ќе може да ги користи и против цели во Русија.

dobivaj vesti na viber

„Ограничувањата за тоа каде Украина може да ги користи никогаш не беа дискутирани“, рече холандската министерка за надворешни работи Ханке Бруинс СлотБруинс Слот, додавајќи дека употребата не е ограничена ни на границата во близина на Харков.

Министерката во заминување ги негира претходните извештаи дека САД треба да ја одобрат испораката на овие ловци.

Украина очекува да добие 30 белгиски Ф-16, но може да ги користи само против цели во Украина, бидејќи тоа се услови поставени од Белгија.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Зеленски во Шведска: Само заедно можеме да го запреме лудилото од Москва

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша билатерален безбедносен договор со Шведска, еден од трите планирани со нордиските земји, бидејќи бара дополнителна воена поддршка од Западот во војната против Русија.

dobivaj vesti na viber

Соопштението доаѓа додека западните земји дебатираат дали да и дозволат на Украина да користи западно оружје за да нападне воени цели во Русија, поддржувајќи офанзива врз североисточниот украински град Харков.

„Можете да видите дека Русија се обидува да ја прошири војната… Само заедно можеме да го запреме лудилото од Москва“, рече Зеленски на потпишувањето на договорот, 13-ти таков договор што Киев го потпиша со западна земја.

Зеленски рече дека ќе потпише билатерални договори и со Норвешка и Исланд.

Воздушната одбрана, производството на муниција и заедничкото производство на оружје се на врвот на агендата на петочниот самит меѓу Зеленски и премиерите на Шведска, Норвешка, Данска и Исланд и претседателот на Финска.

Сите нордиски земји, кои цврсто ја поддржуваат Украина, се членки на НАТО.

„Постојано се повторува, вие буквално не се борите само за сопствената слобода, туку и за нашата слобода и нашата безбедност“, рече шведскиот премиер Улф Кристерсон.

„Ова е причината зошто поддршката на Украина е толку фундаментална, егзистенцијална задача за Шведска и за сите други нордиски земји“, додаде тој.

Претходно овој месец, Шведска соопшти дека се согласила за дополнителна воена помош за Украина во вкупна вредност од 7 милијарди долари во текот на три години, додека во последните недели Норвешка преговараше за билатерален безбедносен договор со Киев.

Данска и Финска веќе потпишаа 10-годишни безбедносни договори со Украина во февруари и април, соодветно.

Прикажи повеќе...

Европа

Едногодишно бебе паднало низ прозорец во Австрија: „Се обиде да се држи за саксија“

Објавено пред

Едногодишно Ддтенце паднало од прозорец на станбена зграда во Отакринг, Австрија и се здобило со сериозни повреди на главата.

dobivaj vesti na viber

18-месечното бебе паднало од прозорец во четвртокот околу 20 часот додека родителите биле во другата соба, зафатени со другото бебе, јавуваат австриските медиуми.

„Се качи преку трпезариската маса на прозорецот од кујната и се лизна надолу“, раскажува сведок.

Како што објаснил, детето се обидело да се потпре на саксија што стоела на прозорецот.

Меѓутоа, бидејќи саксијата не била соодветно потпрена, се превртела и паднала, а момчето паднало по неа.

Малото момче се здобило со сериозни повреди на главата поради што е хоспитализирано и сместено на одделението за интензивна нега.

Според првичните информации, неговиот живот не е во животна опасност.

Австриската полиција ги приведе родителите поради сомнение дека од небрежност му нанеле телесни повреди на нивниот син.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет54 минути

Кина: Toj што ќе се осмели да не’ раздели од Тајван ќе биде здробен на парчиња

Кинескиот министер за одбрана Донг Јун предупреди дека секој што ќе се осмели да бара независност на Тајван ќе биде...

Свет1 час

Земјотрес од 5,9 степени во Јапонија

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди утрово централниот дел на Јапонија, но не е издадено...

Регион1 час

СНС освои најмногу гласови во Белград, Нови Сад и Ниш на локалните избори во Србија

СНС освои најмногу гласови во Белград, Ниш и Нови Сад на локалните избори што се одржаа вчера во Србија во...

Топ16 часа

Повторно насилство во „Идризово“: затвореник со тешки повреди заврши во болница

Нов случај на насилство помеѓу затвореници е забележан вчера во Казнено-поправната установа Затвор Идризово. Од полицијата велат дека се работи...

Македонија17 часа

Eвропскиот фронт предводен од ДУИ со декларација ќе се жали до меѓународната заедница

Европскиот фронт преводен од ДУИ денеска во Тетово усвои декларација која ја нарече политичка декларација за етничкиот легитимитет што произлегува...

Топ20 часа

Детали за убиството во Боговиње: Во кафеаната во која бил застрелан мажот имало и други лица, се сослушуваат сведоци

Обвинителството изнесе детали за убиството што утрово се случи во угостителски објект во Боговиње. Од тука велат дека бил извршен...

Македонија21 час

(Видео) Стоилковски за Хирургија: Демири и Манолева да одговорат дали за 120.000 евра сиот здравстен систем е колабиран

Министерот Демири и заменик министерката Манолева да одговорат дали се работи за 120.000 евра санација за цела Хирургија и дали...

Македонија21 час

Мицотакис очекува Мицкоски да користи Северна, прашањето ќе го покрене на Самитот на НАТО

Грчкоит премиер, Киријакос Мицотакис, очекува мандатарот за премиер на јасен и категоричен начин да изјави дека го почитува Договорот од Преспа....

Спорт22 часа

Дарио Ивановски победник на 8. Издание на “Охрид трчат“

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски победи на главната трка на 21 километар на 8. издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, што...

Свет23 часа

(Видео) Седум повредени лица се извлечени од урнатините на зградата во Истанбул

Трикатна зграда се урна во истанбулскиот кварт Кучукчекмез, а спасувачките тимови досега извлекле седум повредени од урнатините, јави денеска „Анадолија“....

Свет24 часа

(Видео) Се’ уште се трага по тројцата млади луѓе во Италија кои ги однесе реката додека стоеа прегрнати, најдена чантата на една од девојките

И втората ноќ од потрагата заврши без резултати во Премариакo, Италија, каде реката Натисон во петокот однесе тројца млади луѓе:...

Свет1 ден

Адвокатката на Трамп: Ништо не се менува, тој останува во трката за Белата куќа

Адвокатите на кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, изјавија за „Би-Би-Си“ дека ништо нема да се промени во неговата...

Македонија1 ден

Седум лица под истрага за улична продажба на дрога во Скопје

Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица осомничени за дејствија на Неовластено производство и пуштање во...

Свет1 ден

СЗО: До 2025 година ќе склучиме глобален договор за пандемиите

Разговорите за постигнување глобален договор за подобра борба против пандемијата ќе бидат завршени до 2025 година или порано ако е...

Свет1 ден

(Видео) Кинеската сонда слета на темната страна на Месечината

Сондата лансирана од Кина на почетокот на мај слета на далечната страна на Месечината за да собере примероци. Сондата Chang’e...

Спорт1 ден

Ѓоковиќ и Мусети играа до три сабајле – Светскиот број 1 победи во пет сета

Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Мусети одиграа спектакуларен меч во третото коло на Ролан Гарос. Мечот траеше четири часа и 29...

Македонија2 дена

Според Села мал е бројот на ресори што ќе ги добие „Влен“, му одговорија дека е губитник, а иднината на албанскиот народ е сигурна

Алијансата на Албанците преводена од Зијадин Села, влезе во вербална расправија за бројот на ресори со кои ќе раководат Албанците...

Македонија2 дена

Бугарските медиуми: Фондација од Бугарија купи две-третини од куќата на писателот Димитар Талев во Прилеп

Две третини од родната куќа на писателот Димитар Талев во Прилеп купила приватна бугарска фондација „Манол Пејков и пријателите“. Ова...

Свет2 дена

(Видео) Поплави во јужна Германија, жителите евакуирани со хеликоптери

Невреме вчера и денеска погоди големи делови од јужна Германија, предизвикувајќи прекин на сообраќајот, а некои жители мораа да бидат...

Македонија2 дена

(Видео) Мечка со мали мечиња излезе на патот во Маврово

На социјалните мрежи се појави видео од мечка со мали мечиња кои излегле на асфалтот во Маврово. Мечката се обидува...