Европа
Швајцарија прави соларни електрани од старите сателитски антени

Две швајцарски компании ќе ги претворат застарените сателитски антени на Алпите во огромни соларни панели и на тој начин ќе ги искористат предностите на планинскиот терен за производство на зелена енергија.
Тоа е втора инсталација од ваков вид во градот Леук во кантонот Вале за претворање стара антена во електрана.
Сместени на планина, соларните панели ќе добиваат повеќе директна сончева светлина, особено во зимските месеци, отколку кога би биле инсталирани во близина на замаглени, пониски урбани области.
„Поранешните сателитски чинии се идеални како системи за соларна енергија“, изјави CKW Group, компанија за енергетски услуги, која соработува на овој проект со локалната компанија Leuk Teleport and Data Center, пренесува „Ројтерс“.
Во соопштението се наведува дека антените може флексибилно да се усогласат со сонцето и на тој начин да произведуваат повеќе електрична енергија од конвенционалните панели.
Една таква антена може да ги задоволи енергетските потреби на 25 домаќинства, објави CKW Group.
Антените покриени со соларни панели имаат пречник од 32 метри и се наоѓаат на околу 1.000 метри надморска височина, што им овозможува да примаат оптимално ниво на сончева светлина дури и во зима, пренесува „Бета“.
Во август минатата година швајцарската влада почна кампања за охрабрување на потрошувачите и компаниите да штедат енергија со цел да се спречи недостигот на гас и електрична енергија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Фото) Остатоци од дрон паднале врз станбена куќа во Полска

Остатоци од руски дрон паднале врз станбена куќа во регионот Лублин, објавија полските медиуми. „Полсат њуз“ објави дека покривот и паркингот се оштетени, но никој не е повреден.
Повикувајќи се на локален полициски инспектор, „Полсат“ соопшти дека „остатоците од руски дрон паднале врз станбена куќа во градот Вирики Вола“.
— Remiza.pl (@remizacompl) September 10, 2025
„Луѓето слушнале експлозија и виделе полски борбени авиони. Ситуацијата е доста сериозна и загрижувачка. Навистина постои голема загриженост кај жителите“, рече градоначалникот Мариуш Занко.
Регионот Лублин, во источна Полска, се граничи со Белорусија и Украина.
фото: принтскрин
Европа
Завршена полската воена операција

Полската војска ја заврши својата воена операција откога собори беспилотни летала што влегоа во полскиот воздушен простор во текот на ноќта.
„Полските и сојузничките операции на воздухопловните сили поврзани со кршење на полскиот воздушен простор се завршени. Пребарувањето и локализирањето на можните места на удар на објекти што го нарушија полскиот воздушен простор е во тек“, се вели во соопштението.
Полската војска им се заблагодари на Воздухопловната команда на НАТО и на Холандија за испраќањето борбени авиони „Ф-35“ за да се обезбеди безбедноста на полското небо. Земјените системи за воздушна одбрана и радарското извидување се вратија на стандардни оперативни активности.
Само еден аеродром сè уште не е отворен
Главниот аеродром во Варшава е повторно отворен. Портпаролот на Полската агенција за воздушна навигација сега изјави за телевизиската станица TVN24 дека аеродромите во Модлин и во Жешов исто така се повторно отворени.
Аеродромот во Лублин останува привремено затворен.
фото: принтскрин
Европа
Украина предлага нов пристап по упадот на дроновите во Полска: „Путин продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот“

Упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор покажува дека „чувството на неказнивост на Путин продолжува да расте“, предупреди украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. Тој повика на партнерските земји да им биде дозволено да соборуваат беспилотни летала и ракети во украинскиот воздушен простор.
„Путин само продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот. Колку подолго не наидува на никаква сила како одговор, толку поагресивен станува. Слабиот одговор сега ќе ја провоцира Русија уште повеќе, а потоа руските ракети и беспилотни летала ќе летаат уште подалеку во Европа.
Оваа ситуација покажува дека конечно мора да се донесе одлука за да се дозволи користење на партнерските капацитети за воздушна одбрана во соседните земји за пресретнување беспилотни летала и ракети во украинскиот воздушен простор, вклучително и оние што се приближуваат до границите на НАТО. Украина долго време предлага таков чекор“, напиша Сибиха на Икс.
Russian drones flying into Poland during the massive attack on Ukraine show that Putin’s sense of impunity keeps growing because he was not properly punished for his previous crimes.
Putin just keeps escalating, expanding his war, and testing the West. The longer he faces no…
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) September 10, 2025
Руските беспилотни летала и ракети постојано го нарушуваат воздушниот простор на Полска и другите членки на НАТО за време на нападот врз Украина, но до денес нема потврден случај на локални одбранбени сили што собориле руски дрон или ракета.
фото: принтскрин