Свет
(Видео) 100.000 луѓе протестираат во Лондон: „Слобода за Палестина“
Околу 100.000 луѓе се приклучија на пропалестинските протести во центарот на Лондон, марширајќи низ британската престолнина и барајќи итен прекин на огнот во Газа по нападот на Хамас врз Израел пред две недели.
Извикувајќи „Слободна Палестина“, држејќи транспаренти и веејќи палестински знамиња, демонстрантите маршираа низ Лондон пред да се соберат пред Даунинг стрит, официјалната резиденција и канцеларијата на британскиот премиер Риши Сунак. Полицијата проценува дека 100.000 луѓе учествувале на демонстрациите „Национален марш за Палестина“, организиран од Кампањата за солидарност на Палестина.
„Како Палестинец кој би сакал еден ден да се врати дома, како Палестинец кој има браќа и сестри во Газа и семејство, посакувам да можеме повеќе, но протестирањето е она што можеме да го направиме во моментов“, рече една жена. кој одби е да го даде своето име на Ројтерс.
Многу скандирања и транспаренти содржеа силни анти-израелски слогани, а еден демонстрант држеше транспарент со слики од Сунак, американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со порака „Баран за воени злосторства“.
Полицијата пред маршот предупреди дека секој што ќе покаже поддршка за Хамас, терористичка организација забранета во Велика Британија, ќе се соочи со апсење, а секој случај на злосторство од омраза нема да биде толериран.
Протестот делуваше мирно и нема извештаи за апсења.
Бројките објавени во петокот покажаа зголемување од 1.353 отсто на антисемитските инциденти овој месец во споредба со истиот период минатата година, додека исламофобичните инциденти се зголемија за 140 отсто.
„Тоа е прашање што ги подгрева страстите долго време и сега сите гледаме на социјалните мрежи и во нашите заедници колку поделена и поларизирачка стана сегашната ситуација“, рече британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли на мировниот самит во Каиро.
We are starting to assemble! Head towards London Hilton on Park Lane to join the start of the march 🇵🇸 pic.twitter.com/R1Fv8wQEoI
— PSC (@PSCupdates) October 21, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Израел погодил два ирански борбени авиони
Израелското воено воздухопловство погодило два борбени авиони – Ф-5 и Ф-4 – на аеродромот во Табриз, на западот од Иран, додека, како што се наведува, кусо пред нападот се подготвувале за полетување.
Во соопштението на израелската војска, придружено со видеоснимка од нападот, се истакнува дека ударот бил изведен со цел да се ослабат активностите на иранското воено воздухопловство и дополнително да се намалат способностите на режимската противвоздушна одбрана.
🎯STRUCK: Two F5 and F4 fighter jets at the airport of Tabriz in western Iran, as the jets were prepared for takeoff
The strike was conducted to degrade the Iranian Air Force’s activities and to further expand the degradation of their aerial defense. pic.twitter.com/lEvpyiPI5M
— Israel Defense Forces (@IDF) March 1, 2026
Фото: Израелски одбранбени сили
Европа
Фон дер Лајен по нападите врз Иран: Постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Хамнеи
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Али Хамнеи.
„Мораме да се осигураме дека иднината е нивна за тие да ја бараат и обликуваат. Истовремено, овој момент носи вистински ризик од нестабилност што би можела да го турне регионот во спирала на насилство“, напиша Фон дер Лајен на Х.
„Блиску соработуваме со сите клучни актери, како и со нашите регионални партнери, за да ја зачуваме стабилноста и безбедноста и да ги заштитиме животите на цивилите“
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА

