Спорт
(Видео) Севилја со новиот тренер го запре Реал
Севилја, на дебито на новиот тренер Диего Алонсо, успеа да освои бод против Реал Мадрид. Дербито на „Рамон Санчез Писхуан“, заврши 1:1, головите беа постигнати во последните 20 минути.
Серхио Рамос беше во центарот на вниманието, прв пат од 2005 година играше против Реал. При резултат 1:1 имаше две шанси да и донесе победа на Севилја, но во двете ситуации, одлично одбрани Кепа Аризабалага.
Алаба си постигна авто-гол во 74.минута, а неговиот колега од одбраната Дани Карвахал го израмни резултатот четири кинути подоцна.
Од Реал ќе имаат што да кажат за судењето на Бенгоечеа. Впечаток е дека главниот судија, во финишот на мечот, го оштети Реал за пенал. Реши да не го санкционира стартот на Хесус Навас врз Винисиус Жуниор.
How is this not a penalty on Vinicius? pic.twitter.com/BRBtK40V8u
— Mikael (@MikaelMadridsta) October 21, 2023
Foto/ EPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Алкараз го презеде бројот 1 од Синер, Ѓоковиќ се врати на четвртото место
Карлос Алкараз се врати на првото место на АТП листата, на која од денес Новак Ѓоковиќ е на четвртото место, а Тејлор Фриц назадуваше за две позиции.
Алкараз го презеде првото место на АТП листата од Италијанецот Јаник Синер, кој моментално е втор играч во светот со 10.000 поени. На синер му беа избришани 1.500 поени освоени минатата сеозна кога го освои Завршниот мастерс.
Математиката е јасна, доколку Алкараз забележи уште две победи на Завршниот мастерс, кој вчера започна во Торино, ќе биде број е на крајот од годината, дури и доколку Синер го освои турнирот без пораз.
Алкараз и Синер се далеку пред конкурентите, имаа 5.000 поени повеќе од Алкесандар Зверев на третото место.
Ѓоковиќ, во саботата победи во Атина на турнирот од серијата 250. Србинот стана најстариот победник на АТП турнир и се искачи на четвртото место. Инаку, Ѓоковиќ, поради повреда го откажа настапот на Завршниот мастерс.
Зад него е Бен Шелтон, кој го бележи најдобриот пласман во кариерата. Две места назадуваше Тејлор Фриц, тој се наоѓа на шестата позиција.
Следуваат Австралиецот Алекс де Минор, Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим, Лоренцо Мусети и Британецот Џек Дрејпер, кој е 10-ти на листата на најдобри играчи во светот.
Спорт
Рој Кин го отпиша Ливерпул од борбата за титулата
Рој Кин го отпиша актуелниот шампион Ливерпул од трката за титулата во Премиер лигата. Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, тврди дека тимот на Арне Слот е во криза по тешкиот пораз од 3.0 кај Манчестер Сити.
„Граѓаните“, му го честитаа големиот јубилеј на менаџерот Пеп Гвардиола, со убедлива победа, во која стрелци беа Ерлинг Халанд, Нико Гонзалез и Жереми Доку.
Ливерпул, по овој пораз има осум бода помалку од лидерот Арсенал, ова беше нивниот четврти последователен пораз на гостински терен во лигата, што не им се случило од 2012 година.
„Не можете да го сметате Ливерпул за претендент за титулата. Сити ме потсети на стариот Манчестер Сити. Тие беа извонредни. Се вратија во трката за титулата“, рече Кин во анализата за „Скај Спортс“.
„Ливерпул е во криза. Во ред е да се изгуби од клуб како Манчестер Сити, тоа е тежок натпревар на гостински терен. Но, да се изгубат седум од десет натпревари, со веќе пет порази во лигата, тоа мора да е криза за клуб како Ливерпул. Ливерпул изгледаше како слаб тим.
Тренерот рече дека е задоволен од второто полувреме, кога натпреварот беше решен. Лесно е да се игра добро кога играш за ништо. Сити изгледаше посилен, технички подобар и физички помоќен од Ливерпул. Немаше интензитет и енергија во играта на ливерпул. Замените беа слаби.“
Спорт
Барселона го отпушти Пењароа
Џоан Пењароа и Барселона ја прекинаа соработката, потврди каталонскиот клуб.
Крајот на соработката меѓу тренерот и кошаркарскиот гигант од Барселона дојде по уште еден неуспех во шпанската лига.
Барселона доживеа понижувачки пораз од Џирона (96:78), откако претходно загуби од Реал во евролигата и Мурсија во првенството.
„Тренерот на кошаркарскиот клуб Барселона, Џоан Пењароа, ја напушти позицијата прв тренер. Барселона му се заблагодари на Пењароа за неговиот професионализам и му посака многу успех во понатамошната кариера. Каталонецот го презеде тимот на почетокот на сезоната 2024/25, а привремено ќе биде заменет од помошникот тренер Оскар Орелана“, се вели во соопштението на Барселона.
Шпанските медиуми наведуваат дека долгогодишниот тренер на Зенит, Чави Пасквал е главен фаворит да го наследи Пењароа. Пасквал ја водеше Барселона од 2008 до 2016 година.

