Контакт

Топ

Претрес во Кичево, пронајдени пиштоли и муниција, приведен скопјанец

Објавено пред

На 21.10.2023 во 23.40 часот во с.Кнежино, кичевско, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода С.П.И.(50) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Имено, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Застава“, пиштол „Екол“ со рамка и додаток за испукување, рамка за пиштол со куршуми, маневарски и сигнални куршуми.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Македонија

„Вреди“: Посакуваме Бектеши да ја докаже невиноста, не сакаме ниту еден Албанец да биде одговорен за Кочани

Објавено пред

Коалицијата „Вреди“ посакува ексминистерот за економија од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши да ја докаже својата невиност во случајот со лиценцата за дискотеката „Пулс“ во Кочани, без оглед на ривалството со Интегративците.

dobivaj vesti na viber

„Без разлика што сме лути политички противници, не сакаме ниту еден Албанец да биде одговорен за трагедијата во Кочани. Но, за тоа одлучуваат правосудните органи, а не политичките чинители“, велат од „Вреди“.

Понатаму додаваат дека ДУИ веќе се претвориле во партија чија единствена идеологија е одбрана на своите поранешни функционери. За таа нивна цел, како што додаваат, се подготвени да ги бојкотираат локалните избори и да се обидат да предизвикаат политичка криза.

„Кога ДУИ зборува за систем, треба да одговори на што точно мисли. На системот кој нивниот режим го создаваше 22 години, додека беа дел од сите Влади на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ? На Јавното Обвинителство на Ислам Абази? На бегалците од правдата Артан Груби и Прпарим Бајрами? На системот на владеење кој од голобради функционерчиња на ДУИ направи милионери на грбот на Албанците? На системот во кој имаше селективна одговорност за  трагедиите со модуларната болница во Тетово, Ласкарци, Беса транс?“, се додава во соопштението на коалицијата на албанските партии која е дел од владејачката гарнитура.

Понатаму заклучуваат и дека колку и да се препелка ДУИ, колку и лажно да се претставуваат како фактор меѓу Албанците, политичкиот крај на ова нивно корумпирано раководство пристигнува.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Обезбедувачот на Мицкоски за 50.000 евра оддавал службени тајни, приведен е

Објавено пред

За 50.000 евра откривал полициски службени тајни од истрага. Припадникот на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски е во притвор.

dobivaj vesti na viber

Од Обвинителството објавија дека се гони за Оддавање службена тајна. Вечерта на 30 март, на паркин пред хотел во Велес, се сретнал со сведок во постапка и му покажал службени документи на МВР, што претставуваат службена тајна.

Обезбедувачот му дозволил на сведокот и да ги снима документите, а и му кажувал кој документ на што се однесува.

Обвинителството побара притвор во траење од 30 дена, што беше прифатено од страна на судот.

За ова кривично дело предвидена е затворска казна од најмалку една година.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција укажува дека ниту лицата, ниту документите во овој предмет, не се поврзани со лицата и групата од Грчец, како што во текот на вчерашниот и денешниот ден објавија дел од медиумите.

Прикажи повеќе...

Македонија

По трагедијата во Кочани целосно се забранува употребата на пиротехниката во затворен простор

Објавено пред

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани го менува Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Пратениците со 87 гласа „за“, без против и без воздржани, по скратена постапка ги поддржаа законските измени кои се однесуваат на забрана на пиротехниката во затворен простор.

dobivaj vesti na viber

Ваквиот предлог ќе биде проследен на разгледување во собраниската Комисија за одбрана и безбедност и во Законодавно-правната комисија.

Пратеникот Тони Јаревски образложи дека измените се со цел да нема импровизации кои во иднина би резултирале со вакви хаварии и несреќи.

Истовремено се менува и регулаативата. Глобите за оние кои ќе го прекршат законот ќе биде двојно повисока, а ако се повтори, ќе бидат притворени. Иполицијата ќе има зголемени надлежности во ваквите случаи.

Пратениците кои се собраа првпат по трагедијата во Кочани, Седницата ја почнаа со едноминутен молк.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

„Вреди“: Посакуваме Бектеши да ја докаже невиноста, не сакаме ниту еден Албанец да биде одговорен за Кочани

Коалицијата „Вреди“ посакува ексминистерот за економија од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши да ја докаже својата невиност во случајот со...

Македонија50 минути

Обезбедувачот на Мицкоски за 50.000 евра оддавал службени тајни, приведен е

За 50.000 евра откривал полициски службени тајни од истрага. Припадникот на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски е во притвор. Од...

Македонија2 часа

По трагедијата во Кочани целосно се забранува употребата на пиротехниката во затворен простор

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани го менува Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Пратениците со 87 гласа „за“, без...

Македонија3 часа

Нема повеќе седење дома и земање плати, потребна ни е ефикасна администрација, порача Мицкоски

„Јавната администрација не е само механизам за спроведување на законите и политиките, таа е лицето на државата, одраз на нејзината...

Македонија4 часа

Трендафилов подготвен тој и сите функционери една година да земаат плата 500 евра, но уште утре минималната да се зголеми на истиот износ

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, е подготвен една година тој и сите избрани и именувани...

Македонија5 часа

(Видео) Талески: Мицкоски не може да не знае, втор обезбедувач од неговиот круг фатен во контакт со подземјето

Оваа Влада и ДПМНЕ се очигледно сериозно вмешани во криминал, а лица од најголема доверба на премиерот во континуитет се...

Свет7 часа

(Видео) Масовни кремирањa, сè мириса на смрт во Мјанмар: преживеаните во очај, луѓето клекнати на улица и плачат

Сè послаби се надежите во Мјанмар дека ќе се пронајдат живи луѓе по разорниот земјотрес од 7,7 степени според Рихтеровата...

Македонија7 часа

Во Козле, во „8 Септември“ или во странство ќе одат на рехабилитација пациентите со потешки повреди, кои следната недела ќе почнат да се враќаат

Во текот на оваа недела од лекување во странство најавено е дека ќе се враќаат пациентите што се целосно закрепнати,...

Македонија8 часа

93 пациенти повредени во пожарот во Кочани закрепнаа, уште 100 се лекуваат во странство и во домашните болници

Од вкупно 193 повредени во пожарот во Кочани, 93 пациенти закрепнаа и заминаа на домашно лекување, а во болниците во...

Регион9 часа

(Видео) Грција ја зафати невидено невреме, уништени омилените туристички места

Страшното невреме што ја зафати Грција речиси инстантно ги уништи омилените места за одмор во оваа земја. Некои од најубавите...

Македонија10 часа

„Кој му ги дал службените тајни на обезбедувачот на Мицкоски“, прашува СДСМ

„Обезбедувањето на Мицкоски е составено од најголемите криминалци во државата, кои тој лично ги одбрал на тие позиции. Оттука се...

Свет11 часа

Нема знаци за живот под урнатиот облакодер во Бангкок: „Ќе копаме уште“

Гувернерот на Бангкок Чадчарт Ситипунт изјави дека не се откриени знаци на живот во урнатините на облакодер во главниот град...

Свет11 часа

Првото патување на Трамп ќе биде во Саудиска Арабија

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека планира да ја посети Саудиска Арабија уште во мај за да потпише инвестициски...

Свет12 часа

(Видео) Кина одржува воени вежби околу Тајван, објави анимација: „Паразитот го труе островот“

Кина го распореди својот носач на авиони Шандонг и други бродови околу Тајван, објави денеска тајванското Министерство за одбрана, додека...

Регион12 часа

(Видео) Додик се огласи по неколкудневен молк: Пристигнав во Москва

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, по кој трагаат правосудните органи и полициските агенции во Босна и Херцеговина, вчера вечер...

Спорт23 часа

ФФМ најави дисциплинска постапка за натреварот во Тетово: За вакви нелуѓе нема место во фудбалот

Фудбалската федерација на Македонија најави санкции за фудбалскиот клуб Шкендија, чии навивачи денеска предизвикаа скандал со недоличното однесување пред почетокот...

Спорт23 часа

(Видео) Навивачи на Шкендија наместо молк за жртвите од Кочани, пееја и исвиркуваа

Натпреварот меѓу Шкендија и АП Брера од Струмица го одбележа недолична сцена на почетокот на мечот кога домашните навивачи решија...

Македонија1 ден

Шест пациенти денеска се враќаат од странство, пет од Србија и еден од Италија

Шест пациенти денеска се враќаат од странство, пет од Србија (тројца од КБЦ Ниш и двајца од ВМА Белград) и...

Свет1 ден

Марин Ле Пен прогласена за виновна за проневера на средства од ЕУ фондови

Францускиот суд донесе пресуда против лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен и нејзината партија Национален собир (РН), прогласувајќи ја...

Македонија1 ден

Одземени 250 килограми грицки и оризови барови со поминат рок, казнет нелегалниот продавач

По добиено известување од полициски службеници дека при рутинска контрола на патничко моторно возило откриле значително количество кондиторски производи со...