Црна хроника
Приведени крадци во Битола, го признале делото, одземеното вратено на сопственикот

Денеска (22.10.2023) во Битола, полициски службеници од Криминалистичката полиција и Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола ги лишиле од слобода Е.А.(31) и Ѓ.В.(30) од Битола.
Тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба“ во земјоделски комбинат во Битола, при што одзеле повеќе предмети, а извршиле и оштетување на дел од објектот. Двајцата биле приведени во полициска станица и во службен разговор го признале делото.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против истите ќе биде поднесена кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Во прилепско село пронајдена граната од Прва светска војна

Во прилепското село Штавица е пронајдена граната од Првата светска војна.
На 27.03.2025 во 13 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во прилепското село Штавица е пронајдена граната од Првата светска војна.
Како што информира МВР, гранатата е безбедно подигната од страна на вработен во Дирекцијата за заштита и спасување.
Црна хроника
Претреси во Скопје, пронајдена дрога, одреден притвор за три лица

Вчера од страна на полициски службеници од СВР Скопје, на подрачје на општина Бутел, по претходно обезбедени докази за недозволена трговија со наркотична дрога марихуана, преземени се истражни дејствија и извршени се претреси на дом и други простории кај лицата:
И.Ј. (26), А.Ј. (21) и Д.Ѓ. (21) тројцата од Скопје.
При претресите се пронајдени и обезбедени недозволени предмети по член и во врска со чл. 215 од КЗ, при што истите се лишени од слобода и против нив од страна на ЕНТ СВР Скопје е поднесена кривична пријава по итна постапка до ОЈО Скопје. Тие се изведени пред судија на претходна постапка, од чија страна на сите тројца пријавени им е одредена мерка притвор од 30 дена.
Црна хроника
Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците

Денеска полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа и извршија службен разговор со Л.М. од Скопје, затоа што со патничко возило “ауди” со скопски регистарски таблички на 28.03.2025 се движел по тротоар и по зелена површина на бул. “Гоце Делчев” на Бит Пазар во Скопје и со тоа ја загрозил безбедноста на пешаците.
Снимка од настанот беше споделена и на социјалните мрежи.
Против Л.М. се поднесени соодветни поднесоци.