Спорт
Ѓоковиќ ја започна 396-та недела на врвот
Новак Ѓоковиќ ја започна 396-та недела на врвот на АТП листата. Следната недела и тој и Карлос Алкараз ќе паузираат, по што следуваат два турнири кои ќе го решаваат бројот 1 на крајот на годината, Париз и Торино.
Ѓоковиќ моментално има 11.045 поени, што е за 2.240 повеќе од Алкараз. Но, Новак брани уште многу бодови до крајот на годината, на Рејс листата, на која се гледаат само резултати во тековната сезона.
На оваа листа, Ѓоковиќ има само 500 бодови повеќе од Шпанецот, што гарантира возбудлив крај на сезоната. Турнирот во Париз започнува следниот понеделник, додека во Торино се игра од 13 ноември.
Единствената промена во топ 10 е тоа што Фриц сега е деветти, а Зверев десетти во светот.
Од третото до место следуваат Данил Медведев, Јаник Синер, Андреј Рубљов, Холгер Руне, Стефанос Циципас и Каспер Руд.
Бен Шелтон, освојувач на титулата во Токио, сега е 15-ти во светот, што на Америка и дава четворица играчи во Топ 15 за прв пат од март 1997 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Дуран во 95-та минута спречи пораз на Фенербахче од Галатасарај
Во азискиот дел на Истанбул се одигра 281-то интерконтинентално дерби. На стадионот „Шукру Сараџоглу“, Фенербахче и Галтасарај одиграа 1:1 (0:1).
Голот за гостите од европскиот дел беше заслуга на Лерој Сане во 27-та минута. Германскиот репрезентативец го совлада Едерсон, поранешен соиграч од Манчестер Сити.
Џокерите од клупата на Џовани Тедеско, Левент Мерјан и Колумбиецот Џон Дуран се заслужни за нерешениот резултат. Во 95-та минута тие креираа акција по која Колумбиецот го постави конечниот резултат.
На табелата по 14 рунди води актуелниот првак Галатасарај со 33 поени, еден повеќе од Фенербахче и два од Трабзон.
Foto/ EPA
Спорт
Лубослав Пенев се бори за живот
Лубослав Љубо Пенев (59) е тешко болен и се бори за живот на онколошка клиника во Германија.
Легендарниот бугарски фудбалер беше хоспитализиран минатата недела, по што беа извршени детални прегледи и резултатите воопшто не се добри. Му беше дијагностициран рак на бубрезите.
Пенев е во животно-загрозувачка состојба. Бугарските медиуми објавуваат дека ослабел, дека неговото тело е многу исцрпено и дека хемотерапијата затоа не е опција. Семејството Пенев апелираше до јавноста за помош:
„Денес, една од најголемите бугарски легенди се бори за живот. Лубослав Пенев ни даде победи, гордост и сила – сега мора да му дадеме надеж. Ве молиме, да застанеме рамо до рамо и да му подадеме рака на човекот кој никогаш не престана да дава за Бугарија“, се наведува во пораката што брзо се прошири низ Бугарија и регионот.
Ова е втор пат Пенев да се бори со подмолната болест. Во пролетта 1994 година, му беше дијагностициран рак на тестисите, поради што го пропушти Светското првенство во САД.
Лубослав Пенев ја започна својата кариера во ЦСКА од Софија, каде што доби статус на клупска легенда. Потоа играше за гиганти како Валенсија и Атлетико Мадрид.
Одигра 62 натпревари за репрезентацијата и постигна 14 гола. По завршувањето на кариерата, остана во фудбалот. Се посвети на тренерската работа и во периодот од 2009 до 2024 година раководеше со голем број бугарски клубови, три години беше селектор на репрезентацијата (2011-14), а кратко работеше и како тренер на „Б“ тимот на Валенсија.
Последниот ангажман му беше со Локомотива од Пловдив минатата година.
Фото/ ЕПА
Спорт
Анчелоти: Естевао ќе игра за Бразил на Светското првенство
Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, изјави дека играчот на Челзи, Естевао, ќе игра за Бразил на Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико во 2026 година.
Естевао (18) пристигна во Челзи од Палмеирас во јуни оваа година за 29 милиони фунти. Младиот бразилски фудбалер одигра 18 натпревари за Челзи оваа сезона и постигна пет гола.
„Мислам дека Естевао ќе игра за Бразил на Светското првенство 2026. Врз основа на тоа како Естевао играше во последните шест месеци, мислам дека ќе игра на Мундијалот“, изјави Анчелоти.
Естевао дебитираше за Бразил во 2024 година, а за репрезентацијата одигра 11 натпревари и постигна пет гола.
„Тој е многу, многу посебен играч. Тој е сосема поинаков, бидејќи е природно талентиран. Што се однесува до неговиот талент, не може да го подобри, но она што може да го направи е да обезбеди континуитет“, додаде селекторот на Бразил.
Анчелоти истакна дека е задоволен од настапите на младиот фудбалер во Челзи.
„Естевао напредува многу добро во Челзи. Не сум разговарал со претставниците на Челзи, но сум сигурен дека работат на посебна програма со него. Мислам дека националниот тим мора да го искористи овој голем талент“, заклучи Анчелоти.
Foto/ EPA

