Спорт
(Видео) Спектакуларна кореографија на „Паркот на принцовите“
Навивачите на Пари Сен Жермен приредија спектакуларна кореографија за натпреварот против Милан од Лигата на шампионите. „Светците“, славеа со 3:0 со головите на Мбапе, Коло Муани и Ли.
Пре почетокот на натпреварот навивачите истакнаа голема слика на покојниот француски актер Жан Пол Белмондо, со пиштол во раката и порака: „Ги имам на нишан како Белмондо“. На спротивната, јужна трибина на „Паркот на принцовите“, беше поставена голема слика на „ѓаволот“, кој е симбол на Милано, а на него беше истакната мета.
Сите кои ја сакаат кинематографијата ќе се сетат на култниот филм „Професионалецот“ од 1981 година, акционен трилер во режија на Џорџ Лотнер, а компониран од незаборавниот Енио Мориконе. Со култната песна од тој филм, Белмондо беше до вечното почивалиште.
Жан Пол Белмондо почина во септември 2021 година и беше голем вљубеник во фудбалот, во младоста бил голман.
Во 1973 година учествува во „преродбата“ на клубот по само три години постоење и им помогна на „светците“ да се вратат од третата лига, со финансиска поддршка, нов дизајн на дресовите кој е актуелен и сега, преселба во „Паркот на принцовите“…
Беше верен на клубот, често беше на трибините со својот пријател Чарлс Жерар, исто така актер и режисер. И синот на Белмондо, Пол, и внукот Виктор тргнаа по неговите стапки и исто така се големи навивачи на ПСЖ.
Belmondo’nun cenazesinde Profesyonel’in tema müziği Chi Mai çalınmıştı, şimdi de PSG taraftarı filmin afişini koreografi yapmış. Başka bir sevda.pic.twitter.com/VVYm6adgEh
— Tanju Baran (@natuckbaitan) October 25, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Баерн 11 години нема пораз во фазтаа по групи во ЛШ
Баерн синоќа го победи ПСЖ со голот на Ким Мин-јае со глава во 38. минута. Кореецот беше единствениот стрелец на натпреварот кој ПСЖ го заврши со играч помалку. Поради два жолти картони исклучен беше Усман Дембеле во 56. минута.
За Баерн ова беше продолжение на чудесната серија без пораз на домашен терен во групната фаза од Лигата на шампионите. Ова беше нивни 33. натпревар во кој не загубија.
Последен пат беа поразени во декември 2013 година, кога Манчестер сити во Минхен ги победи со 3:2.
Баварскиот клуб го израмни рекордот на Барселона. Серијата на Каталонците се протега од 2009 до 2020 година.
Баерн победи на 31 натпревар, а само на два пати ремизираше.
Спорт
(Видео) Пеп Гвардиола изгребан и крвав се појави пред новинарите
Во натпреварот од 5. коло на Лигата на шампионите, фудбалерите на Манчестер сити загубија три гола предност против Феенорд на „Етихад“, а менаџерот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола тешко го издржа шестиот последователен дуел во кој неговиот тимот не успеа да победи.
По пет порази во низа, следеше реми со тимот од Ротердам, што остави последици по физичкиот изглед на трофејниот шпански тренер. Гвардиола се појави пред ТВ камерите со расекотина и крв на носот и гребаници на неговата глава.
„Сакав да се самоповредам“, одговори Пеп, а снимката брзо стана виралена.
Манчестер сити е на 15.место во Лигата на шампионите со осум освоени бодови, а во следното коло му гостува на Јувентус. „Граѓаните“ се на втората позиција во Премиер лигата со осум бода помалку од водечкиот Ливерпул на кого му гостуваа викендов.
Pep Guardiola ‘I want to harm myself’ pic.twitter.com/wICatn2jZq
— SleeperFootball (@SleeperFooty) November 26, 2024
Спорт
Белингем: Ја загубив насмевката по Европското првенство
Англискиот репрезентативец и напаѓач на Реал Мадрид, Џуд Белингам изјави дека се чувствува како „жртвено јагне“ откако неговата репрезентација во јули не успеа да го освои Европското првенство.
„Морам да бидам искрен, ја загубив насмевката по Европското првенство. Се чувствував како да ме малтретираат неправедно во однос на она што го дадов. Почувствував остра критика упатена кон мене. Се чувствував малку како „жртвено јагне“. Можеби тоа е самосожалување“, изјави Белингам.
Белингем пред почетокот на Европското првенство со Реал ја освои титулата во Шпанија и Лигата на шампионите, а беше прогласен за играч на сезоната во Шпанија.
„Мислам дека придонесов за репрезентацијата во некои важни моменти, а на крајот како цел свет да ми се сруши, особено три дена по финалето на ЕП. Не се чувствував добро“, заклучи Белингам.