Спорт
„Има 17 години, а игра како 34-годишник“

ПСЖ го победи Милан со 3:0 во третото коло од Лигата на шампионите. Стрелци во Париз беа Килијан Мбапе во 32., Рандал Коло Муани во 53. и Ли Канг-Ин во 89. минута, а за играч на натпреварот беше прогласен играчот од средниот ред на ПСЖ, Ворен Заир-Емери (17).
Тој ом асистираше на Мбапе и Ли Канг-Ин и со тоа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите млади играчи во светот.
Заир-Емери е дете на ПСЖ и капитен на француската репрезентација до 21 година, а од оваа сезона е стандарден во првиот тим
Тренерот Луис Енрике на крајот од натпреварот рече: „Што да кажам? Погледнете го неговото ниво, како го игра секој натпревар, како тренира… Тој не изгледа како да има 17 години, тој изгледа како да има 34 години. Неверојатно“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Холандскиот суд му ја врати лиценцата на Витесе

Еден од најстарите холандски фудбалски клубови, Витезе од Арнхем, извојува една од најголемите победи во својата историја. Апелациониот суд ја уважи жалбата на клубот за одземање на професионалната лиценца, што значи дека вториот најстар клуб во Холандија останува професионален.
Ова значи дека Витезе сè уште ќе може да се натпреварува во холандските професионални лиги. Претходно, судот пресуди дека лиценцата е одземена поради повторени прекршувања околу добивањето лиценца.
„Судот смета дека е веројатно дека во главната постапка што ја покрена Витезе, ќе се пресуди дека одлуките на Комисијата за лиценцирање и Комисијата за жалби не можат да бидат валидни. Ова е затоа што тие беа донесени под значителен временски притисок и затоа не беа донесени со најголема грижа. Таквото внимание беше неопходно затоа што санкцијата за која станува збор е најстрогата што може да му се изрече на професионален фудбалски клуб“, се вели во образложението на пресудата.
Ова значи дека Витезе ќе се натпреварува во втората лига на Холандија. Секако, тие се соочуваат со голем предизвик бидејќи многу играчи веќе го напуштија клубот како слободни агенти.
„Оваа пресуда ни дава простор да здивнеме и да имаме перспектива. Многу сме задоволни што судот ја препозна сериозноста на ситуацијата и ги суспендираше одлуките. Ќе продолжиме целосно да се посветуваме на иднината на Витезе. Нашиот следен чекор е да се ангажираме со Сојузот за да се осигураме дека Витезе и неговите засегнати страни ќе донесат правилни одлуки“, рече Мишел Шае, претседател на групацијата Стеркхаудерс која работи на спасување на клубот.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Митровиќ во Ал Рајан

Александар Митровиќ имаше две одлични сезони во Ал Хилал, но со доаѓањето на Симоне Инзаги стана вишок во тимот. Србинот долго време бараше клуб, одби да се врати во Европа, реши кариерата да ја продолжи во Катар.
Како што објавија медиумите од Блискиот Исток, Александар Митровиќ ќе биде новиот играч на Ал Рајан. Тие тврдат дека работата е веќе завршена и дека клубовите го договориле сите услови.
Моментално нема финансиски детали од овој договор, но веројатно и тоа наскоро ќе биде познато.
Митровиќ пристигна во Ал Хилал од Фулам за 53 милиони евра, имаше уште една година од договорот со тимот од Саудиска Арабија. Тој постигна 68 гола со 15 асистенции на 79 натпревари за Хилал. Освои четири трофеи.
Foto/ „X“
Спорт
Пакетa ослободен од обвиненија за обложување – ФА нема да поднесе жалба

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) нема да поднесе жалба против одлуката на независната комисија, која отфрли четири обвиненија за местење натпревари против Лукас Пакета.
По истрагата спроведена од ФА, независна комисија ги разгледа сите докази, а во средата беа објавени писмени објаснувања за отфрлање на четирите обвиненија за местење натпревари.
„Фудбалската асоцијација е посветена на зачувување на интегритетот на фудбалот и во случај на какви било сомнежи, секогаш ќе се спроведуваат целосни истраги“, се вели во соопштението на ФА.
Истрагата на ФА започна во август 2023 година, а во мај 2025 година Бразилецот беше обвинет дека намерно добивал жолти картони со намера да влијае на пазарот на обложување.
Фудбалската асоцијација (ФА) поднесе четири обвиненија поврзани со натпреварите на Вест Хем со Лестер на 12 ноември 2022 година, Астон Вила на 12 март 2023 година, Лидс на 21 мај 2023 година и Борнмут на 12 август 2023 година.
Пакета беше одбвинет и дека не соработувал со истражителите, по две точки, во врска со прекршувањето на Правилото 13 и Правилото Ф2 – тие две правила се однесуваат на обезбедување информации и документација во истрагите.
Тој ги отфрли и обвинувањата поврзани со обложување и обвинувањата дека не соработувал за време на истрагата. Независната комисија отфрли четири точки од обвинението за обложување, објаснувајќи дека нема доволно цврсти и убедливи докази, но ги потврди преостанатите две точки како основани.
„Регулаторната комисија ќе одлучи за соодветната казна што е можно поскоро“, беше кажано.
Што се однесува до отфрлените обвинувања, комисијата објави објаснувања на 314 страници во кои е земен предвид секој можен детаљ и за кои општиот заклучок беше дека Пакета се однесувал во согласност со ситуацијата на теренот во сите споменати ситуации.
Исто така, беше истакнато дека за време на истрагата, ФА не успеала да пронајде ниту еден податок во телефонот на играчот што споменува обложување или нешто поврзано со натпревари означени како спорни.
Стручњаците за истрагата откриле повеќе од 300 пораки што биле избришани, ниту една од нив не била поврзана со обложување.
Фудбалската асоцијација ја прифати одлуката на регулаторната комисија и нема да поднесе жалба против неа.
Foto/ EPA