Скопје
Општина Центар дава поддршка за граѓанската петиција за преземање конкретни мерки за безбедност на децата
Општина Центар дава целосна поддршка на петицијата потпишана од група граѓани/родители, чии деца учат во ОУ „Коле Неделковски“ во општина Центар. Петицијата, која е доставена до МВР, МОН, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за локална самоуправа и Општина Центар, е резултат на загриженоста на родителите за безбедноста на децата во реонот на Дебар Маало откога пред два месеца тие алармираа за насилство и девијантни однесувања од малолетници, велат од Општината.
„Во петицијата во која како родител се потпиша и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, се бара редовно полициско патролирање на локациите во општината, каде што се собираат младите, нивна едукација за препознавање деликвентни појави и разни облици на насилство и педофилија, видеонадзор и контрола во и надвор од училиштата, како и измени на законите со цел да се формира комунална полиција во рамките на локалната самоуправа“, соопшти Општина Центар и додаде дека е „отворена за институционална соработка со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните за безбедност на нивните деца по алармот на родителите и по немилите настани што се случија во реонот на Дебар Маало и во округот на училиштето ‘Коле Неделковски’“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.

