Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Дали ДУИ мести тендер од 4,5 милиони евра во Тетово за партиска градежна фирма
Дали ДУИ мести тендер од 4.5 милиони евра во Тетово за партиска градежна фирма, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„На 12 октомври годинава МОН на Јетон Шаќири распишува јавен оглас за избор на фирма за реконструкција на средното училиште Моша Пијаде во Тетово во вредност од 4.5 милиони евра
Тендерот кој е еден од поголемите во обем во државата го следат многу контроверзии.
Постојат сомнежи дека ДУИ го мести за партиска градежна фирма.
Според условите на повикот фирмите кои воопшто може да учествуваат мора да имаат реализирани минимум три договори во последните пет години, од кои барем еден да биде со сума не помала од 160 милиони денари. Дополнително фирмите мора да имаат приход не помал од 287 милиони денари за секоја од последните три години“, истакнуваат од партијата на Мицкоски.
Според условите на тендерот, како што додаваат, станува јасно дека веќе однапред е скицирана фирмата или фирмите кои треба да се јават на него, а потоа и да го добијат.
Прашуваат, дали повторно како фирма добитник на овој тендер ќе се јави фирма донатор на ДУИ или фирма блиска до врвот на оваа партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

