Спорт
Ѓоковиќ го избегна најлошото, но повторно го чека пекол во Париз: Ждрепката му даде шанса на Новак за „одмазда“

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го доби ривалот на стартот на Мастерсот во Париз каде го брани финалето.
Во првото коло Ѓоковиќ ќе биде слободен, додека во второто ќе игра против подобриот од дуелот Миомир Кечмановиќ – Томас Мартин Ечевери.
Во третото коло, според проекциите, го чека Бен Шелтон, во четврт-финалето можен ривал е Холгер Руне, против кого лани тука го загуби финалето, во полуфиналето Јаник Синер или Андреј Рубљов, додека во финалето противник би бил еден од тенисерите Карлос Алкараз, Данил Медведев, на чија страна од ждрепката се и Стефанос Циципас и Каспер Руд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Сане до Истанбул пречекан како филмска ѕвезда

Германскиот фудбалер Лерој Сане (29) беше пречекан како холивудска ѕвезда на аеродромот во Истанбул од навивачите на Галатасарај.
На Сане му беше приредена добредојде, како на многу ѕвезди кои досега пристигнаа од еден од двата најголеми турски клуба во последните години.
Пристигнувањето на Сане во Истанбул претходната вечер беше фудбалска вест на денот во Турција.
За навивачите на Галатасарај, пристигнувањето на играчот на Баерн е првокласен спектакл што не треба да се пропушти, а огромен број од нив побрзаа на аеродромот многу порано за да бидат сведоци на пристигнувањето на Сане.
Nearly 1.5 million people tracked Leroy Sane's flight online as he landed in Istanbul ahead of his move to Galatasaray ✈️ pic.twitter.com/EEFTJzwrxH
— Sky Sports News (@SkySportsNews) June 12, 2025
„Санеманија“ го достигна својот врв уште пред слетувањето на германскиот фудбалер, за што најдобро сведочи фактот дека еден и пол милион луѓе го следеа летот на Сане од Германија до Истанбул во живо преку апликацијата „flight radar“.
Официјалниот „YouTube“ канал на Галатасарај ја забележа милионитата посета за време на емитувањето на добредојдето на новото засилување. Сане треба да постигне конечен договор со турскиот гигант во текот на денот.
Баерн сакаше да го задржи, му понуди продолжување на соработката, Винсент Компани дури го вклучи и на списокот на играчи на кои смета за Светското клупско првенство, но Сане имаше други планови.
Тој треба да потпише тригодишен договор со Галатасарај.
Спорт
Лука Модриќ ги одложи лекарските прегледи во Милано

Лука Модриќ, синоќа не се појавил во Милано на закажаниот лекарски преглед, пред да го стави својот потпис на договорот со Милан.
Италијанските медиуми во последните денови објавија дека преговорите со Милан влегле во завршна фаза и дека потпишувањето е завршена работа, Модриќ, во последен момент го сменил планот.
Според информации од Апенините, 39-годишниот играч од средниот ред, го известил клубот дека не може да го направи прегледот бидејќи сè уште е под договор со Реал Мадрид.
Како што објаснил, од почит кон „кралскиот клуб“, не сака да преземе никакви официјални чекори пред да ги заврши своите последни обврски во дресот на Реал Мадрид.
Модриќ е на списокот на играчи на Чаби Алонсо за Светското клупско првенство, каде што Реал Мадрид ќе го одигра својот прв натпревар на 18. јуни против Ал Хилал. Тоа ќе биде последниот турнир на Лука Модриќ во дресот на Реал по 13 сезони во Мадрид.
Спорт
Мекинтош урна уште еден светски рекорд

Канадската пливачка Самер Мекинтош го собори сопствениот светски рекорд на 400 метри мешано на Националното првенство во Викторија, што служи како квалификација за Светското првенство во Сингапур во јули.
Мекинтош, 18-годишната трикратна олимписка шампионка во Париз минатото лето (200 метри пеперутка, 200 метри мешано и 400 метри мешано), исплива 400 метри мешано за 4:23,65, подобрувајќи го сопствениот светски рекорд од 4:24,38 поставен минатата година.
Трократната олимписка шампионка веќе ги собори светските рекорди во дисциплините 200 метри мешано и 400 метри слободен стил.
„Знаев дека можам да направам нешто навистина посебно вечерва, ова е веројатно најдобрата трка во мојата кариера“, рече Мекинтош по трката.
Во саботата, таа го собори светскиот рекорд на 400 метри слободно, надминувајќи го претходниот рекорд поставен во 2023 година од австралиската ѕвезда Аријарна Титмус. Потоа, во неделата, на 800 метри слободно пливаше трето најбрзо време во историјата, а во понеделникот го собори десет години стариот светски рекорд на унгарската пливачка Катинка Хоса на 200 метри мешано.