Спорт
(Видео) Ѓоковиќ остана „заробен“ на аеродромот, мораше да се извини со специјална порака
Поради проблеми со летот, Новак Ѓоковиќ не можел навреме да полета од аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.
Тенисерот од Србија на тој начин остана заробен на белградскиот аеродром додека го чекаше летот за Париз, а бидејќи не успеа да стигне до закажаното ТВ гостување, реши да испрати порака со извинување до публиката.
Тој во видеото на француски објасни дека се уште е на аеродромот во Белград и дека му е жал што нема да може да се појави во закажаната емисија.
Не се знае дали и кога Ѓоковиќ одлета за Париз, каде го очекува Мастерсот и битката за првото место.
Ѓоковиќ е слободен во првото коло, а во второто го чека победникот од пресметката меѓу Миомир Кечмановиќ и Аргентинецот Томаш Мартин Ечевери.
Доколку стигне до четвртото коло, проектиран ривал му е стариот познаник Бен Шелтон, на кого неодамна му ја спушти слушалката на единствениот меѓусебен натпревар во полуфиналето на УС Опен.
Холгер Руне или Тејлор Фирц се проектирани за неговите ривали во четвртфиналето, додека Јаник Синер или Андреј Рублев би можеле да бидат во полуфиналето.

EXCLUSIVE❣️@DjokerNole stuck in Belgrade 🇷🇸, at the airport tonight -
sends his apologies to the 🇫🇷 spectators 📺

🔜 @RolexPMasters 🎾 pic.twitter.com/PCgI56nsmm
— TRAVEL&Sp🎾rts (@travel__Sports) October 27, 2023

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Де Зерби заминува од Брајтон
Италијанскиот тренер Роберто де Зерби (44) ќе го напушти Брајтон на крајот од актуелната сезона, потврдија од клубот.
Де Зерби ќе се прости од навивачите на неделниот натпревар помеѓу Брајтон и Манчестер јунајтед.
Италијанецот го предводеше Брајтон од средината на септември 2022 година.
Ќе биде интересно да се види каде Де Зерби ќе ја продолжи кариерата. Медумите тврдат дека заминува бидејќи има понуда од некој поголем, посилен и поамбициозен клуб.
Спорт
(Видео) Баер без пораз ја заврши сезоната, дебакл на Баерн Минхен, Унион Берлин се спаси од испаѓање
Заврши сезоната 2023/2024 во Бундес лигата. Последното 34. коло го даде конечниот одговор на сите непознати. Најдраматично беше во борбата за опстанок, покрај Дармштад од лигата испадна Келн, а Бохум ќе игра бараж за опстанок против Фортуна Диселдорф. Унион Берлин на волшебен начин се спаси, победи против Фрајбург со 2:1 и покрај тоа што голманот на Франјбург одбрани два пенали. На табелата зад Баер Леверкузен заврши Штутгарт, а Баерн Минхен лошата сезона ја заврши со пораз кај Хофенхајм.
Унион Берлин сезонава играше во Лигата на шампионите, а во Бундес лигата едвај се спаси од испаѓање. Со победата над Фрајбург од 2:1, Унион го избегна баражот за опстанок. Фрајбург со овој пораз остана без место во европските купови и тажно се прости од тренерот Кристијан Штрајх (тој беше тренер на првиот тим од 2011 година).
Унион промаши два пенали но по вториот (го изведе Фоланд во 90+3. минута), Јаник Хаберер налета на топката трча и го постигна голот за опстанок.
Новиот шампион Баер Леверкузен ја заврши сезоната во голем стил, без ниту еден пораз. „Фармацевтите“ го пречекааа Аугсбург и победија со 2:1. Тоа беше 28-та победа во една незаборавна сезона, со шест ремија за тимот на Чаби Алонсо.
Финалистот во Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд, убедливо го совлада одамна отпишаниот Дармштад, а капитенот Марко Ројс го постигна прошталниот гол на „Вестфален“.

И Штутгарт одигра сезона за паметење. „Швабите“ убедливо славеа над Борусија Менхенгладбах (4:0). Два гола постигна фантастичниот Гираси.
Баерн и во последното коло ги разочата своите навивачи и покрај тоа што кај Хофенхајм по само шест минути водеше со 0:2.
Баерн во второто полувреме со хет-трик го нокаутира хрватскиот напаѓач Андреј Крамариќ. Два од трите гола Крамариќ постигна по лошите рекции на Мануел Ноер.
Спорт
Ферстапен изедначи рекорд на Сена – Холанѓанецот на пол-позицијата во Имола
Макс Ферстапен го задржа максималниот учинок во квалификациите оваа сезона. Актуелниот шампион во Имола ја освои седмата пол-позиција оваа сезона.
Ферстапен до пол-позицијата дојде откако Ред Бул се соочуваше со многу проблеми на тренинзите, во квалификации покажа зошто е трикратен светски првак. Холанѓанецот, сметајќи ја и последната трка од минатата сезона е во серија од осум победи во квалификациите, со што го изедначи рекордот на легендарниот Аиртон Сена.
Шампионот, во квалификациите за 74, односно 91 илјадити делови од секундата беше побрз од возачите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис.
Домашната публика е разочарана од резулатот на Ферари. Шарл Леклер заврши на четвртото, а Карлос Саниц на петтото место. Шпанецот за една илијадитинка беше побрз од Џорџ Разел (Мерцедес).
Следуваат Јуки Цунода (РБ), Луис Хамилтон (Мерцедес), Даниел Рикардо (РБ) и Нико Хулкенберг (Хас).
Во квалифкациите разочараа Фернандо Алонсо кој ќе стартува од 19.место и Серхио Перез кој трката ќе ја започне од 11. место.
Трката за Големата награда на Емилија Ромања, в недела ќе започне во 15 часот.