Спорт
ФИФА му изрече три годишна суспензија на Рубиалес

Foto/ EPA
Дисциплинската комисија на ФИФА го суспендираше поранешниот претседател на Шпанската фудбалска федерација Луис Рубиалес од сите должности на три години. За време на суспензијата, тој не смее да врши никаква функција во национални или меѓународни фудбалски тела.
Причина за суспензијата е сексистичкиот скандал на финалето на Светското првенство за жени. Да потсетиме, сето тоа се случи за време на доделувањето на златните медали на Шпанките, кога Рубиалес против нејзина волја ја бакна фудбалерката Џени Хермосо.
Хермосо, инаку фудбалска легенда, подоцна за време на пренос во живо на Инстаграм изјави дека не и се допаднал потегот на Рубиалес.
Но, претседателот не застана тука. За време на прославата во соблекувалната ја прегрна Хермосо и рече: „Јас и ти ќе се венчаме на Ибица“.
Хермосо поднесе официјална жалба до обвинителството против Рубиалес, кој потоа под голем притисок од јавноста поднесе оставка од сите негови функции.
Во Мадрид е во тек посебно судење. Рубиалес ги отфрли наводите за сексуална злоупотреба и принуда што ги покрена Хермосо против него. Обвинителот побара од судијата да му забрани на Рубиалес да и се доближува на фудбалеркат поблиску од 500 метри, што беше прифатено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вест Хем се раздели со Антонио

Вест Хем одлучи да не го обнови договорот со Мајкл Антонио, кој преживеа тешка сообраќајна несреќа пред осум месеци.
Ова сценарио го најави тренерот Греам Потер, кој во Атланта изјави дека Антонио не е во неговите планови. Сепак, клубот сè уште преговара со 35-годишниот јамајкански репрезентативец за добивање на некоја друга улога во клубот.
За 10 години поминати во клубот, Антонио постигна 83 гола во 323 натпревари. Тој беше еден од најважните играчи во освојувањето на првиот трофеј по 43 години кога „чеканите“ славеа во 2023 година во Конференциската лига.
Иако преживеа тешка несреќа пред осум месеци, Антонио успеа да му се врати на фудбалот. Тој играше за Јамајка на Голд Купот на КОНКАКАФ ова лето и се чини дека засега нема намера да замине во пензија.
Спорт
Џејкоб Вајли во Литванија

Американецот со македонски пасош, Џејкоб Вајли, кариерата ќе ја продолжи во Литванија. Вајли постигнал договор со вице првакот на Литванија, Лијетувас Ритас.
Американецот со литванскиот клуб договори едногодишна соработка.
Вајли има значително искуство играјќи во Европа, како и во НБА. Минатата сезона ја мина во шпанска Гранада и тимот Гигантес де Каролина од Порторико.
Jacob Wiley, a former NBA and Panathinaikos big man, is finalizing an agreement with Lithuanian runner-up Rytas Vilnius, per sources.
Wiley averaged 8.3 points, 3.7 rebounds, and 0.6 blocked shots last season with Granada, including a 17-point outing vs. Baskonia.
— Donatas Urbonas (@Urbodo) August 7, 2025
Крилниот центар во кариерата играше и за Панатинаикос, Гран Канарија и Будуќност.
Foto/ kfsm.mk
Спорт
Шелтон го освои Торонто

Американецот Бен Шелтон, четвртиот носител, ја освои својата прва титула на АТП Мастерс 1000 во Торонто. Шелтон в финалето го победи 11-от носител, Карен Хачанов, со 6-7(5), 6-4, 7-6(3).
„Ова е надреално чувство. Беше долга недела и не беше лесен пат до финалето. Го покажав мојот најдобар тенис кога беше најважно. Бев жилав, бев упорен, бев отпорен. Сето ова се квалитети што сакам да ги видам кај себе“, рече Шелтон по победата.
За 20-годишниот Шелтон, кој на патот до титулата ги победи 13-от носител Флавио Коболи, деветтиот носител Алекс де Минор и вториот носител Тејлор Фриц. Тој е исто така најмладиот Американец кој го освоил Мастерс 1000 откако поранешниот светски рекет број еден Енди Родик го направи тоа во Мајами во 2004 година.
Шелтон ги освои другите две титули во својата кариера во Токио во 2023 година и Хјустон во 2024 година.
Со овој триумф, полуфиналистот на Австралија Опен ќе стигне до шестото место на АТП ранг-листата, што е најдобриот пласман во неговата кариера.