Свет
(Видео) Пукање во болница во Јапонија: има повредени
Полицијата во централниот јапонски град Тода одговори на извештаите за пукање во болница, објавија локалните медиуми.
Во престрелката се ранети две лица, лекар на 40-ина години и пациент на 60-ина години, јавува Би-би-си.
Another shooting incident in Japan🤨
An armed man shot a hospital building in Toda city in Tokyo’s neighboring prefecture of Saitama this afternoon, leaving 2 injured.
The gunman has now barricaded himself in a nearby post office.
— Ikoma (@Ikoma_Blaunet) October 31, 2023
Установите во близина на болницата беа ставени под карантин.
Медиумите јавуваат дека по пукањето напаѓачот се забарикадирал во поштата во соседниот град Вараба.
Осомничениот побегнал со мотор во соседниот град Вараби и наводно зел заложник во поштата, објави Градот на својата официјална веб-страница. Според извештаите, тој веројатно има 40 или 50 години.
Неколку полициски возила се паркирани околу поштата блокирајќи ги околните патишта, а полицајците се на терен со штитови.
Тода е град во јапонската префектура Саитама со речиси 140.000 жители.
Инаку, пукотниците се исклучително ретки во Јапонија. Оваа земја има строги правила за поседување оружје и им дозволува на цивилите да поседуваат само ловечки пушки и воздушно оружје. Луѓето што сакаат пиштоли мора да поминат строг испит и тестови за ментално здравје за да може да ги купат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре, уапсена мајката
Бебето кое исчезна вчера од болница во Виена утрово е пронајдено мртво во корпа за отпадоци во близина на болницата, пишуваат австриските медиуми.
Како што соопштија истражителите, доенчето било завиткано во најлонска кеса, а мајката (29) на еднонеделното бебе е уапсена.
Вчера медицинската сестра забележала дека бебето не е во собата, а не била ниту мајката, па била повикана полиција која веднаш почнала интензивна потрага.
Ги проверувале сите автомобили, дури и ранците на велосипедистите, а во потрагата учествувале и кучиња трагачи. Во текот на вечерта мајката била сослушана во полиција. Што им кажала се’ уште не е познато.
Сослушан е и наводниот татко на детето, чие татковство мајката не сакала да го признае, велат од полицијата. Тој не е осомничен за кривичното дело.
Свет
Министерство за одбрана на Русија: Сите бојни глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта
Руското Министерство за одбрана соопшти дека сите бојни глави на балистичката ракета со среден дострел „Орешник“ стигнале до украинскиот воено-индустриски комплекс во Днепро (поранешен Днепропетровск).
„На 21 ноември 2024 година, како одговор на употребата на американско и британско оружје со долг дострел против објекти на територијата на Руската Федерација, вооружените сили извршија комбиниран напад врз еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс. Нападот беше успешно искористен со ненуклеарна хиперсонична опрема“, се наведува во соопштението.
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот вечерта објави дека Украина употребила западно оружје со долг дострел против руската држава поради што регионалниот конфликт доби елементи на глобален.
Тој исто така рече дека еден од најновите руски ракетни системи со среден дострел, балистичката ракета „Орешник“, бил тестиран во борбени услови.
Свет
Песков: Русија покажа способност да одговори на акциите на Западот
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија покажала способност да одговори на акциите на Западот со употреба на балистички ракети и оцени дека американската администрација во заминување продолжува да го следи патот на ескалација на конфликтот во Украина.
„Гледаме дека администрацијата во заминување на американскиот претседател Џозеф Бајден претпочита да оди понатаму по патот на ескалацијата и тоа го прави со прилично непромислена ескалација“, им рече Песков на новинарите.
Според неговите зборови, рускиот претседател Владимир Путин бил и останува отворен за контакти во врска со решавањето на украинскиот конфликт и транзицијата кон мирен пат.