Свет
Ердоган: Турција е подготвена да преземе одговорност за безбедносниот механизам во Газа

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција е подготвена да преземе одговорност, во случај да се воспостави регионален безбедносен механизам поради тековните израелски напади врз Газа.
„Сметаме дека е неопходно да се создаде нов безбедносен механизам во соработка со регионалните актери. Турција е подготвена да преземе одговорност доколку се преземе таков чекор“, изјави Ердоган на новинарите по владината седница, пренесува Дејли Сабах.
Тој рече дека Израел извршил злосторства против човештвото во изминатите 25 дена, со поддршка на Соединетите Американски Држави и Европската унија, истакнувајќи дека Турција води разговори за да се осигура дека сторителите на воените злосторства во Газа ќе бидат изведени пред лицето на правдата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Тие што не’ познаваат знаат дека е подобро да не ни се закануваат, рече иранскиот врховен лидер

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, денеска предупреди дека секое директно вклучување на САД во конфликтот меѓу Иран и Израел ќе има непоправливи последици.
„Ционистичкиот ентитет (Израел) направи голема грешка и ќе се соочи со последиците“, рече Хамнеи во телевизиско обраќање.
Тој додаде дека Иран нема да го прости нарушувањето на неговиот воздушен простор или пролевањето на крвта на неговите, како што ги нарече, маченици.
„Оние кои ја знаат историјата на Иран и народот знаат дека е подобро да не се закануваат“, рече Хамнеи и нагласи:
„Американците мора да разберат дека секоја воена интервенција несомнено ќе предизвика сериозна, непоправлива штета. Тие мора да знаат дека Иран нема да се предаде и дека секој американски напад ќе ги чини скапо – во форма на сериозни и непоправливи последици“.
Регионалните тензии ескалираа од петокот, кога Израел изврши воздушни напади на повеќе локации низ Иран, вклучително и воени и нуклеарни постројки, што го натера Техеран да возврати.
Регион
Укинат притворот за петмина осомничени за смртта на 16 лица на железничката станица во Нови Сад

Апелациониот суд во Нови Сад го укина притворот на петмина осомничени во истрагата за фаталното уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, кога загинаа 16 лица, објави судот.
Судот донесе одлука со која делумно ги прифати жалбите на адвокатите на обвинетите во кривичната постапка во врска со трагедијата во Нови Сад, која предизвика бран повеќемесечни протести и обвинувања за корупција и лошо извршување на работите за неодамнешната реконструкција на станицата.
Меѓу првично уапсените, судот веќе претходно го укина притворот на поранешниот министер за градежништво Горан Весиќ, а со нова измена на одлуката, уште петмина обвинети беа ослободени од притвор, против кои ќе се примени електронски надзор и тримесечна забрана за напуштање на станот, како и забрана за користење на телефон, интернет и прием на други лица во станот.
Кон крајот на минатата година, беше поднесено обвинение против 13 лица, но судот го врати на понатамошна истрага.
Меѓу обвинетите се поранешната вд директорка на Српската железничка инфраструктура Јелена Танасковиќ, поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ и неговата помошничка Анита Димовски, како и поранешниот генерален директор на Српската железничка инфраструктура Небојша Шурлан.
Тие се обвинети за кривични дела против јавната безбедност и предизвикување јавна опасност. Во обвинението се товарат и неколку инженери, проектанти и лица одговорни за изградба, контрола и надзор.
Свет
Израел укинува некои ограничувања во земјата: „Порака за победа над Иран“

Израелската влада ги одобри препораките на војската за ублажување на домашните ограничувања, што министерот за одбрана Израел Кац ги опиша како „порака за победа“ над Иран. По состанокот со претставници на Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Командата за цивилна одбрана, Кац објави дека ограничувањата ќе почнат да се укинуваат почнувајќи од вечерва.
„Со зголемените воени операции против Иран за елиминирање на заканите, ќе ја отвориме економијата повторно, постепено ќе ги укинеме ограничувањата за населението и ќе го вратиме Израел на патот на нормално функционирање и безбедност“, рече Кац. Тој додаде дека одлуката за повторно отворање на економијата е „порака за победа над иранскиот непријател“.
„Тие доаѓаат да предизвикаат штета и да го запрат животот, додека ние ги напаѓаме, го заштитуваме нашето население и во исто време постепено ја отвораме економијата и погодените области, сè во согласност со безбедносните проценки“, рече тој.
Одлуката на Кац доаѓа откако Иран испали околу 30 ракети кон Израел во понеделник вечерта. Овие помали напади ги натераа некои воени аналитичари да заклучат дека израелските напади врз иранските места за лансирање балистички ракети и складишта ја ослабнаа способноста на Иран да изведе посериозен контранапад.
Институтот за проучување на војната, американски тинк-тенк со седиште во Вашингтон, вчера објави дека Израел „веројатно ги намалил капацитетите на Иран за извршување балистички напади“.