Македонија
Герасимовски: Учениците од ОУ „Ј. Х. Песталоци“ добија ново кошаркарско и фудбалско игралиште

Целосно е завршена реконструкцијата на спортското игралиште во дворот на училиштето ,,Јохан Хајнрих Песталоци“, со што учениците добија современ и модерен мини терен за спорт и физички активности. Со донација на „Видеолотарија касинос Австрија“ учениците добиваат спортско и кошаркарско игралиште за нова спортска игра. Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, го отвори игралиштето и се заблагодари за донацијата, која го унапредува здравиот физички раст и развој.
„Драго ми е што токму во училиштето, каде што и јас завршив основно образование, добивме вакво мултифункционално спортско игралиште. Очекувам многу натпревари со спортски дух на овој прекрасен терен. Во време на компјутерите на децата им се потребни токму вакви игралишта за да се посветат на физичките активности. Воедно, упатувам благодарност за донацијата, но и апел до младите да се однесуваат одговорно и да ги чуваат училишните игралишта бидејќи тие ќе им требаат и на следните генерации“, истакна Герасимовски.
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека Општината е секогаш отворена за соработува со општествено одговорни компании, со цел да се придонесе за побогат спортски и рекреативен живот на центарци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).