Спорт
(Видео) Ливерпул, Челси, Евертон и Фулам го минаа осминафиналето

Премиерлигашите Ливерпул, Фулам, Евертон и Челси изборија пласман во четвртфиналето на англискиот Лига (Карабао) куп.
Ливерпул на гости славеше поебда над Борнмут. Гакпо го отвори резултатот во финишот на првиот дел. Израмни Клајверт, а во 70.минута Нуњез го псотигна голот за победа.
Евертон немаше никакви проблеми протов Барнли, славеше 3:0 со головите на Тарковски, Онана и ветеранот Јанг.
Челси конечно победи на донашен терен. „Сините“ го победија членот на Чемпионшип дивизијата Блекбурн со 2:0. Головите ги постигнаа Бадијашил и Стерлинг.
Лесна победа во осминафиналето славеше и Фулам кај Ипсвич. Головите во победата 3:1 ги постигнаа Вилсон, Родриго и Кирни.
Резултати:
Евертон-Барнли 3-0
Борнмут-Ливерпул 1:2
Челси-Блекбурн 2:0
Ипсвич-Фулам 1:3
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Бруно Фернандеш: Мечтаам за светска титула со Португалија

Португалскиот национален тим со две победи во првите два натпревари од квалификациите за Светското првенство 2026, ја пречекува Ирска на домашен терен. Бруно Фернандеш пред дуелот изјави дека фокусот е на победа и пласманот на Мундијалот.
„Нашата цел е да ја победиме Ирска. Потоа и да се квалификуваме. Кога ќе стигнеме на Светското првенство, можеме да почнеме да мечтаеме за светската титула. Секој тим сака да победува, а во кратки турнири со малку победи можеш да стигнеш и до финалето. Мечтата е наша и на сите Португалци. Јас сакам да видам Португалија на врвот на светот, и ќе продолжам да мечтаам додека не ја оствариме целта“, рече Фернандеш.
Фудбалерот за врска истакна дека добрата атмосфера во репрезентацијата е предност, и покрај конкуренцијата меѓу играчите за место во стартниот тим.
„Конкуренцијата некаде предизвикува раздразнување, бидејќи сите сме навикнати да сме стартери во нашите клубови, но таа конкуренција е здраво натпреварување. Најважно е да го ставиме заедничкото добро над сè. Атмосферата е одлична, квалитетот е висок, и треба да ги комбинираме сите фактори за да имаме успех“, додаде Бруно Фернандеш.
Спорт
Руди Гарсија: Македонскиот голман беше одличен

Селекторот на Белгија, Руди Гарсија, беше видливо разочаран по ремито без голови (0:0) против Македонија во Гент, но остана спокоен и верува дека неговиот тим сè уште има добра позиција во квалификациите за Светското првенство 2026.
Иако Белгија влезе како голем фаворит, македонската одбрана беше перфектна и ја запре селекцијата на Гарсија.
„Фудбалерите се бореа до крај и немам што да им замерам. Имавме многу шанси, но Димитриевски бранеше извонредно. Кога не можеш да победиш, важно е барем да не загубиш“, изјави Гарсија по мечот.
Селекторот останува уверен дека Белгија може да заврши квалификациите како првопласирана репрезентација во групата.
„Доколку ги освоиме сите девет бода до крај, ќе го завршиме циклусот на првото место. Сè уште верувам во мојот тим“, дополни Руди Гарсија.
Спорт
Само се обидував да останам жив, призна Ѓоковиќ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во уште едно полуфинале на Мастерс турнир, но овој турнир во Шангај ќе биде особено запаметен по екстремните услови на влажност со кои се соочуваат играчите.
Ноле призна дека само „се обидувал да остане жив“ додека ги совладувал исцрпувачките услови за да стигне до полуфиналето на Мастерс турнирот во Шангај.
Со победата од 6-3, 7-5 над Зизу Бергс, 38-годишниот Ѓоковиќ го сруши и сопствениот рекорд станувајќи најстариот играч кој стигнал до полуфиналето на Мастерс турнир, и тоа по 80-ти пат.
Србинот, кој се мачеше со повреди во претходното коло, поврати за време на победата над Јаник Ханфман во третото коло откако се бореше со високата влажност што беше белег на овогодинешниот турнир во Шангај.
Кога го прашаа што е потребно за да се стигне до полуфиналето, Ѓоковиќ рече:
„Речиси сè. Овие недели се многу предизвикувачки услови за сите играчи. Мило ми е што ја надминав оваа пречка.“
Во полуфиналето, Ѓоковиќ ќе се соочи со Валентин Вахер, кој во четвртфиналето беше подобар од Холге Руне со 2:1 во сетови, по пресврт.