Македонија
Милошоски до Јовески: Како може ДЗР во март да ви достави извештај за Онкологија, а вие до ден денешен да немате истрага?
Невообичаено е кога јавен обвинител се однесува како пратеник на власта. Знаејќи го долгото правничко искуство на господинот Јовески ќе си дозволам да го потсетам и коригирам дека не е во право за Анкетната комисија бидејќи член 76 од Уставот го демантира. Членот 76 вели дека Собранието може да формира анкетни комисии за прашања од јавен интерес, изјави пратеникот Антонијо Милошоски на денешната седница на Анкетната комисија за скандалот со Онкологија каде сведочеше јавниот обвинител Љубомир Јовески.
Милошоски нагласи дека ова е прашање од најголем јавен интерес, тука не станува збор само за профит туку и загрозување на уставното право на здравствена заштита на голем дел од пациентите.
Токму заради недостаток на лекови, препродажба на лекови, скапи лекови на црн пазар итн. А тоа се случувало и е потврдено од овластена институција преку извештајот од Државниот завод за ревизија. Како може државниот завод за ревизија вам да ви достави уште во март извештај за сите овие недостатоци, а вие до ден денес да говорите за истрага и да немате истрага? – праша Милошоски.
Милошоски додаде дека разликата помеѓу предистрага и истрага е многу голема и во овластувања и наредби.
– Јавноста цело време говори и има очекувања. Политичката одговорност ќе ја утврдиме. Но нема со тоа да нарушиме во она што е надлежност на други институции, но проблем е што другите институции не дејствуваат и затоа сме дојдени до момент на расправа на анкетна комисија, изјави тој.
Милошоски нагласи дека ако ЈО постапело посериозно и навремено и во март, јуни, јули покренело истрага и веќе дефинирало одредено дејание на кривично дело, осомничени, сега можеби овој предмет ќе беше во друга разрешница
– Очигледно е овде дека вашиот неуспех, вашето неработење неефикасност на ЈО кое се уште има најниска доверба сакате да го покриете со префрлање на одговорноста на анкетната комисија. Имате законска обврска да и кажете на јавноста што имате постапено, изјави Милошоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

