Контакт

Култура

Операта „Набуко“ на 11 ноември на сцената на Националната опера и Балет

Објавено пред

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“, ќе се изведе на сцената на Националната опера и Балет на 11 ноември со почеток во 20 часот. Под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Ренато Бонајуто (Италија), сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, концерт-мајстор е Јане Бакевски, хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска, а светло-дизајн Милчо Александров.

dobivaj vesti na viber

Насловната улога ќе ја толкува Марјан Јованоски, во улогата на Абигаиле ќе настапи гостинката од Србија, сопранот Сања Керкез, добитничка на голем број награди и признанија, меѓу кои годишната награда на Народниот театар во Белград за уметничко достигнување за улогите во оперите „Лучија од Ламермур“, „Травијата“ и „Риголето“. Благој Нацоски ќе настапи како Исмаил, Ирена Кавкалевска ќе ја игра Фенена, а во улогата на Захарие ќе настапи Игор Дурловски. Во другите улоги ќе настапат Борко Биџовски, Ана Ројдева-Талевска, Дејан Стоев, хорот, оркестарот, женскиот балетски ансамбл и ученици од балетскиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ .

„Набуко“ е лирско-драматична опера во четири чина, едно од најпопуларните дела на Џузепе Верди и е омилено кај публиката. Својата праизведба оваа опера ја имала во 1842 година во Миланска скала. Тоа е третата опера на Верди за која се смета дека трајно ја воспоставила неговата репутација како композитор. Темата на операта е тешката историја на еврејскиот народ, нападнати и поразени, протерани од својата татковина, иако историските настани се користат само како заднина на романтичниот и на политичкиот заплет. Верди во една ноќ ја напишал надалеку познатата хорска арија, која станала драматуршки и музички столб на делото Va, pensiero, sull’ali dorate („Летај на златести крилја“).

Култура

Објавен конкурсот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“

Објавено пред

Министерството за култура и туризам го објави Конкурсот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година.

dobivaj vesti na viber

Со државната награда „Мајка Тереза“ се оддава признание за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување и унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјава.

Конкурсот трае од 2 до 30 април 2025 година, а е објавен и на веб-страницата на Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Култура

Димитрија Доксевски избран за директор на фестивалот „Браќа Манаки“

Објавено пред

Актерот Димитрија Доксевски на денешното свечено Собрание на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) е избран за нов директор на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

dobivaj vesti na viber

Според статутот на ДФРМ, мандатот на Димитрија Доксевски важи за следните две изданија на фестивалот.

Димитрија Доксевски ја презентираше предлог програмата на фестивалот и се заложи дека ќе работи на зачувување на реномето што го има овој интернационален фестивал на филмска камера, соопшти ДФРМ.

Димитрија Доксевски е македонски филмски и театарски актер, сценарист и продуцент, роден на 28 јули 1983 година во Скопје. Дипломирал актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 2006 година во класата на проф. Кирил Ристоски, а во 2014 година магистрирал режија на истиот факултет во класата на проф. Слободан Унковски. Својата професионална кариера ја започнал во Македонскиот народен театар во 2006 се до 2011. Продолжил кратко да работи во Кумановскиот театар во прериодот од 2011 до 2013, по што во 2014 година се приклучил на ансамблот на Драмски театар Скопје и се до денес е активен член на тој театар. Покрај настапите на матичната сцена, Доксевски има учествувано и во претстави на други театарски сцени низ Македонија, како и во филмски и телевизиски проекти во и надвор од Македонија.

Учествувал во организирање и продуцирање повеќе театарски претстави, организирање на повеќе од 20 музички настани со артисти од целиот свет, продуцирање и организација на 2 големи музички (open air) фестивали со повеќе од 20 интернационални изведувачи, продуцирање и реализација на кратки филмови, играни видеа за деца и театарски претстави.

Прикажи повеќе...

Култура

Љуљзиме Лека-Муљаку во Чифте амам со циклусот „Метаморфоза II“

Објавено пред

На втори април, среда, во 19.00 часот, во Чифте амам ќе биде отворена самостојна изложба на Љуљзиме Лека Муљаку со наслов „Метаморфоза II“.

dobivaj vesti na viber

Љуљзиме Лека Муљаку припаѓа на современата уметничка сцена и ја претставува генерацијата уметници кои својата дејност ја започнале со визуелен израз од 90-тите години.

Таа ќе се претстави во Националната галерија со 50 слики од различни формати, интересен циклус со дела изработени во акрилна техника.

Изложбата „Метаморфоза II“ е нов циклус на дела кој претставува реалистичен поглед на егзистенцијалните естетски вредности. Фигуративната композиција на овој циклус ја отсликува егзистенцијалната уметност на женската невиност и достоинство.

Ликовното претставување тесно се поврзува со идејата на женскиот феномен во нашето општество и го претставува нејзиното диспропорционално присуство во видлив облик.

Изложбата ќе биде поставена до 13 април 2025, а куратор е Нарона Љума Весели.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ8 минути

Уапсени три лица од Кривопаланечко поради извршено кривично дело убиство

Вчера во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода 24-годишниот З.Ф., 19-годишниот С.Ф. и 44-годишниот С.Ф....

Македонија15 минути

„Кој се плаши од анкетна комисија во Собранието со меѓународно надгледување“, прашува ДУИ

„Демократската унија за интеграција прашува – кој се плаши од формирање на анкетна комисија во Собранието со учество на сите...

Македонија2 часа

Од денеска нова авионска линија Скопје – Париз („Орли“)

Од денеска Скопје и официјално директно се поврзува со Париз преку новата авиолинија Скопје – Париз. Утрово, на Меѓународниот аеродором...

Македонија2 часа

Водостоите на сите реки во земјата се доста високи и таа тенденција се очекува да продолжи и во текот на денот

Според утринските податоци од хидролошките станици низ земјава, водостоите на сите реки низ земјава се доста високи и таа тенденција...

Македонија4 часа

Поплавени куќи, магацини и индустриски објекти во Студеничани, Батинци, Пинтија и во Горно Лисиче

РЦУК – Скопје, известува дека поради врнежите од дожд, во текот на доцните попладневни и вечерните часови, дојдено е до...

Македонија5 часа

Арсовска: Ѓеоргиевски, освен со фотографирање, со друго не може да се пофали, со превенција се спречуваат поплави, не со глумење спасител

„Се излеала реката во Батинци, општина Студеничани, бидејќи општинските власти не ги чистат каналите, активност која како нивна надлежност превентивно...

Македонија5 часа

Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир нормализиран

Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е нормалзиран, извести АМСМ....

Македонија6 часа

Град Скопје: Одржувањето на одводните канали и коритото на Маркова Река е во директна надлежност на општина Студеничани и Министерството за животна средина

„Согласно актуелните акти на Министерството за животна средина и просторно планирање, и актуелниот ГУП донесен во време на Коце Трајановски...

Македонија6 часа

Ѓорѓиевски во Студеничани по поплавата од излеаната Маркова Река: Механизацијата е на терен и нема опасност за населението

По добивањето на информацијата за излевањето на Маркова Река во соседната општина Студеничани, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,...

Македонија14 часа

Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд. Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку...

Македонија16 часа

Оставката на Папазов помина на владина седница

Владата ја прифати оставката на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов. Советот на општината ќе треба да назначи в.д. градоначалник на...

Македонија18 часа

„Вреди“: Посакуваме Бектеши да ја докаже невиноста, не сакаме ниту еден Албанец да биде одговорен за Кочани

Коалицијата „Вреди“ посакува ексминистерот за економија од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши да ја докаже својата невиност во случајот со...

Македонија18 часа

Обезбедувачот на Мицкоски за 50.000 евра оддавал службени тајни, приведен е

За 50.000 евра откривал полициски службени тајни од истрага. Припадникот на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски е во притвор. Од...

Македонија19 часа

Кочани доби ново амбулантно возило – донација од компании

Донирано е амбулантно возило за општата болница во Кочани од страна на приватни компании. Амбулантното возило е донација на „Аутомотив...

Македонија19 часа

По трагедијата во Кочани целосно се забранува употребата на пиротехниката во затворен простор

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани го менува Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Пратениците со 87 гласа „за“, без...

Македонија20 часа

Нема повеќе седење дома и земање плати, потребна ни е ефикасна администрација, порача Мицкоски

„Јавната администрација не е само механизам за спроведување на законите и политиките, таа е лицето на државата, одраз на нејзината...

Македонија21 час

Трендафилов подготвен тој и сите функционери една година да земаат плата 500 евра, но уште утре минималната да се зголеми на истиот износ

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, е подготвен една година тој и сите избрани и именувани...

Македонија22 часа

(Видео) Талески: Мицкоски не може да не знае, втор обезбедувач од неговиот круг фатен во контакт со подземјето

Оваа Влада и ДПМНЕ се очигледно сериозно вмешани во криминал, а лица од најголема доверба на премиерот во континуитет се...

Свет1 ден

(Видео) Масовни кремирањa, сè мириса на смрт во Мјанмар: преживеаните во очај, луѓето клекнати на улица и плачат

Сè послаби се надежите во Мјанмар дека ќе се пронајдат живи луѓе по разорниот земјотрес од 7,7 степени според Рихтеровата...

Македонија1 ден

Во Козле, во „8 Септември“ или во странство ќе одат на рехабилитација пациентите со потешки повреди, кои следната недела ќе почнат да се враќаат

Во текот на оваа недела од лекување во странство најавено е дека ќе се враќаат пациентите што се целосно закрепнати,...