Регион
Брнабиќ разговараше со Шји Џјипинг: „Кина никогаш нема да го промени својот став за Косово“

Разговорот со Шји Џјинпинг помина добро. Претседателот на Кина посочи дека в година ќе дојде во Србија. Тоа е најважно за нашите граѓани. Потврдивме дека Кина никогаш нема да го промени својот став за Косово и дека Србија секогаш ќе ја почитува кинеската политика, изјави премиерката Ана Брнабиќ по средбата со кинескиот претседател, Шји Џјинпинг.
Таа рече дека средбата има политичко значење и дека граѓаните на Србија може да бидат горди.
За време на нејзината посета на Кина, која следуваше само неколку недели по потпишувањето на договорот за слободна трговија, Брнабиќ разговараше и со кинескиот премиер, Ли Кијанг.
По средбата со кинеската колешка, Брнабиќ изјави дека меѓу Србија и Кина нема отворени политички прашања нагласувајќи дека имала срдечен и отворен разговор со Ли Кијанг.
Кина ја потврди својата поддршка за принципите на меѓународното право и територијалниот интегритет на Србија, а Србија ја повтори својата поддршка за политиката на една Кина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Општа тепачка на свадба во Србија: гостинка ја удри невестата, возврати младоженецот

Свадбена прослава во Горњи Милановац се претвори во вистинска драма кога избувна масовна тепачка меѓу гостите.
Според порталот „192.рс“, инцидентот почнал кога гостинка на свадбата, од причини што засега се непознати, физички ја нападнала невестата и ја удрила.
Потоа реагирал младоженецот обидувајќи се да ја заштити својата сопруга, а конфликтот набргу се проширил и на другите гости.
View this post on Instagram
Според снимката, во салата владеел целосен хаос, а некои од присутните се обидувале да ја смират ситуацијата.
фото: принтскрин
Регион
Дојава за бомба на имотот на Милорад Додик

Утрово, во Бања Лука е примена пријава за поставена бомба на имотот на Милорад Додик, поранешниот претседател на Република Српска.
Според Радио Сараево, полицијата веднаш излегла на местото на настанот и спроведува контрадиверзиска инспекција на имотот.
Претходно наутро, примена е и пријава за бомба во хотелот „Палас“ во Бања Лука. Министерството за внатрешни работи на РС извршило увид и утврдило дека станува збор за лажна пријава.
фото: принтскрин
Регион
Вучиќ: Успеавме да ги одложиме санкциите на САД врз српската нафтена индустрија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека САД го одложиле воведувањето санкции против Нафтената индустрија на Србија (НИС) за осум дена со цел, како што рече, „за да покажат почит кон Србија“.
„Им благодарам, сакаа да покажат почит, да ни кажат дека нè слушаат и ја разбираат нашата позиција. Благодарам за тоа, но дали добивме нешто суштинско? За седум дена, ќе го имаме истото прашање, а јас сè уште нема да го имам одговорот“, рече Вучиќ во Обреновац, каде што учествуваше на граѓанскиот марш против блокадите.
Тој додаде дека ќе има реакција од Србија и од самата НИС и кон американската страна и кон другите партнери кога станува збор за нови понуди.
„Верувам дека ова е добро, но дали ќе биде доволно и дали ова е она што го сакаат Американците – ќе видиме“, рече Вучиќ.
Санкциите на САД против НИС требаше да стапат во сила на 1 октомври, но рокот сега е одложен барем до 9 октомври.
фото: принтскрин