Македонија
Мицкоски: Кандидатот за претседател ќе се избира на изборна конвенција на ВМРО-ДПМНЕ
При денешната посета на општина Ресен претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе биде маж или жена и на кој начин ВМРО-ДПМНЕ ќе го избира претседателскиот кандидат, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ има сериозна внатрешна процедура преку организирање изборна конвенција, на која делегатите ќе го изберат најдоброто решение за Македонија.
„Ние во минатото како политичка партија се покажавме дека имаме навистина широки погледи за тоа кои ќе бидат претседателски кандидати, ВМРО-ДПМНЕ има една сериозна внатрешна процедура преку организирање изборна конвенција, која е статутарна одредба, делегатите што произлегуваат од членството ќе го дадат своето мислење, очекувам да има кандидати што ќе бидат и мажи и жени, па делегатите на конвенцијата нека го изберат најдоброто решение за Македонија, пред сè, а потоа и за ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Зајкова да ги следи постапките на Ковачевски и да си поднесе оставка, велат од Иницијативниот одбор на ЛДП
Иницијативниот одбор на ЛДП смета дека Зајкова треба да ги следи стапките на Ковачевски и да си поднесе оставка.
„СДСМ ја прифати опозиционата улога и започна со нови сили да биде коректор на власта, што е здраво за секоја демократија. За разлика од нив Зајкова ја држи ЛДП во заложништво и никако не може да прифати дека народот ја прати во опозиција. Викендов во ИЕ5 наместо регионален семинар на ЛДП, Зајкова остана осамена во хотел Молика само со дел од членовите на ЛДП од Битола“, велат од Иницијативниот одбор на ЛДП.
„Општинските организации во ИЕ5 и порај невидените притисоци и закани на раководството се приклучија на трибината организирана од страна на иницијативниот одбор за реформи во ЛДП.
Колку побрзо разбере Зајкова дека партијата е поважна од личните интереси толку побрзо ЛДП ќе се реформира и ќе го врати своето значење и влијание на политичка сцена“, велат од Иницијативниот одбор на ЛДП.
Од Иницијативниот одбор на ЛДП порачуваат „наместо да прави заеднички трибини со луѓето со кои до вчера беше политички непријател и да го бламира членството и партијата, да се надмине себе си и да си поднесе оставка“.
Партијата час поскоро треба да ги отпочне подготовките за самостоен настан на престојните локални избори, се додава во соопштението.
Македонија
Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ
Новата Заменик-претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова-Пановска, на вчерашниот 30-ти Конгрес на СДСМ порача функцијата со себе носи огромна одговорноста пред членовите на партијата и пред граѓаните.
„Одговорноста е огромна пред сѐ заради фактот што Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е исправен пред предизвикот да ја исцрта и уште поважно да ја одработи траекторијата на промените и реформите на партијата кои ќе го обезбедат нејзиниот понатамошен развој и ќе го отелотворат нејзиниот правец на делување, процеси кои треба и мора да ја вратат партијата на вистинскиот колосек“, рече Каранфилова-Пановска.
Во своето обраќање пред делегатите, Каранфилова-Пановска подочи дека верува во професионалноста и амбициозноста на претеседателот на СДСМ, Венко Филипче и ќе го стави во функција сето нејзино искуство, знаење и вештини стекнати во професионалната кариера.
„Длабоко сум убедена во професионалноста, амбициозноста, трудољубивоста, страста, посветеноста, упорноста и емпатијата кои ги носи Венко, и тие беа едни од клучните причини зошто ја прифатив номинацијата. Јас, од моја страна, ќе му дадам целосна поддршка и ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики на СДСМ, кои ве уверувам ќе бидат политики за промени. Јас со себе тврдоглаво ги носам принципите, ставовите и наративот кои му прилегаат на прогресивното граѓанско општество, кои во својата срж ја имаат потребата и борбата за слобода, демократија, човекови права, социјална правда, правичност, различност, рамноправност и интегритет – вредности за кои не сум правела и никогаш нема да направам компромис“, порача Заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска.
Македонија
Официјална посета на Гаши во Косово
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес ќе оствари еднодневна официјална посета на Република Косово.
Гаши ја предводи Делегацијата од Собранието во чиј состав се пратениците: Имрлије Салиу-Фетаи, претседателка на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Република Косово и Тони Јаревски, член на Групата.
Програмата за официјалната посета на Косово предвидува средби на претседателот Гаши и Делегацијата со претседателот на Собранието на Република Косово, Глаук Коњуфца; претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти; Групата за соработка на Собранието на Република Косово и Собранието на Република Северна Македонија; како и средби со лидерите на политичките партии претставени во Собранието на Република Косово.