Спорт
Карагер знае се за шампионскиот тим на Звезда: Панчев не требаше да замине во Интер

Џејми Карагер многу добро се сеќава што се случи во финалето на Купот на шампионите меѓу Црвена звезда и Олимпик Марсеј.
Поранешниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер, воодушеви со познавање на тимот на Црвена звезда, кој во мај 1991 година, во Бари против Олимпик Марсеј, го освои Купот на европските шампиони ги воодушеви колегите на американската телевизија Си-би-ес, во емисијата посветена на Лигата на шампионите.
Во студиото му се придружија и поранешните фудбалери Клинт Демпси и Мика Ричардс.
„Ќе почнам да го нарекувам овој човек Гугл, бидејќи знае се“, изјави поранешниот напаѓач на Фулам, Тотенхем и репрезентацијата на САД.
Поранешниот стопер истакна дека црвено-белите целосно го смениле пристапот кон играта за мечот во финалето, па од екипа која играла офанзивно станале екипа која се концентрирала исклучиво на одбраната. Спомна и некои играчи кои направиле големи трансфери по освојувањето на европската титула.
„Се сеќавам дека Црвена Звезда победи на пенали. Тие го одиграа финалето сосема поинаку од претходните натпревари во натпреварувањето. Натпреварот заврши без голови, но тоа беше нивната цел. Играа на 0:0, а тоа беше тим кој постигнаа 19 гола на патот до финалето. Го имаа Дарко Панчев кој го постигна решавачкиот гол, а потоа отиде во Интер, но не испадна добро за него… Го имаа Просинечки кој играше за Реал Мадрид и Барселона, Савиќевиќ кој подоцна ја освои Лигата на шампионите со Милан… Апсолутно брилијантни имиња… Савиќевиќ го лобуваше Зубизарета во финалето (со Милан)“.
Инаку, кога Црвена звезда ја освои титулата во Купот на европските шампиони, Карагер имаше неполни 14 години.
As the kids would say, @carra23 knows ball. 🔥 pic.twitter.com/1cZmpgNmC1
— CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) November 7, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
За Ендрик нема место во Реал

Младиот бразилски напаѓач, Ендрик не успева да се наметне во Реал под команда на Чаби Алонсо. Бразилецот е закован за клупата, не одигра ниту една секунда од почетокот на сезоната и се очекува во јануари да биде испратен на позаијмица.
Пред неколку недели Ендирк се поврзуваше со Валенсија, а бразилскиот „ESPN“ пишува дека Марсеј се приклучил во трката.
Тимот предводен од Роберто де Зерби има бод помалку од првопласираниот Пари Сен Жермен и се чини дека би можеле да се борат оваа сезона за титулата.
Со оглед на тоа што Африканскиот куп на нации доаѓа во зима, Марсеј ќе биде без Обамејанг и Гири со што ќе се отвори дупка во нападот и потенцијален проблем во трката за трофејот.
Ендрик би можел да биде решението. Засега, Бразилецот не сака да брза со одлуката, но очигледно е дека ќе мора да замине од Мадрид доколку сака да игра и да се избори за место во репрезентацијата која ќе настапи на Светското првенство следното лето.
Спорт
„Модриќ, Џеко, Варди. Кој ќе плати за да гледа гробишта за слонови?“

Италијанскиот фудбалски новинар Паоло Барџиѓа предизвика бурни реакции откако објави нова епизода од подкастот „Центрокампо“, каде што даде низа остри коментари против одредени фудбалски ветерани, вклучувајќи го и Лука Модриќ.
Неговите изјави, кои ги пренесоа „Milannews.it“ и бројни корисници на социјалните мрежи, предизвикаа бран полемики во Италија.
Во клип кој брзо стана вирален, Барџиѓа ја спореди италијанската Серија А со „гробишта на слонови“, алудирајќи на фактот дека клубовите сè повеќе им даваат шанса на играчите во доцните фудбалски години, наместо на помладите таленти.
Како примери ги наведе Лука Модриќ, Един Џеко и Џејми Варди.
„Модриќ во Милан, Џеко, Варди… Тие се готови како играчи! Кој ќе плати за да гледа гробиштата на слонови? Го носите Ричи за 25 милиони, а играте со некој што има 40 години!“, рече Барџиѓа, предизвикувајќи лавина реакции од јавноста.
Сепак, формата на хрватскиот ас ги негира сите негови тврдења. Лука Модриќ, кој ова лето пристигна во Милано како слободен агент од Реал Мадрид, продолжува да докажува дека возраста не е пречка за него. Од почетокот на сезоната, тој ги одигра сите шест натпревари од Серија А во почетниот состав и e еден од клучните играчи во тимот на Масимилијано Алегри.
„Росонерите“ моментално се на третото место на табелата, а примија само три гола.
Покрај тоа, „Ла Газета дело Спорт“ наведува дека Модриќ е на самиот врв во лигата по бројот на прецизни додавања и точноста на додавањата, поради што раководството на Милан веќе планира да му понуди продолжување на договорот.
Спорт
„Нејмар во Интер? Глупости!“

Во изминатите неколку дена се појави информација дека Нејмар бил понуден на Наполи и Интер ова лето, но повредата го натерала да остане во Сантос.
Бидејќи неговиот договор со Сантос истекува на крајот од годината, извесно е дека брилијантниот напаѓач ќе го промени клубот.
Се споменуваше Интер Мајами, каде што ќе им се придружи на Меси и Суарез, а се пишуваше дека повторно ќе биде понуден на клубови од Серија А.
Сепак, тоа нема да биде Интер од Милано, бидејќи спортскиот директор на овој клуб, Пјеро Аусилио, ги негираше тврдењата на медиумите.
„Нејмар во Интер? Тоа се глупости! Никогаш не сме разговарале за тоа, ниту сме испратиле понуда. Се обидовме со Лукман, но напредокот на Пио Еспозито и Бони ни овозможи да видиме напредок. Исто така, го следевме Хојлунд“, рече Аусилио во интервју за „Кориере дело Спорт“.