Македонија
(Видео) Кузеска: Две години локална власт на ДПМНЕ, нула резултати, Скопје е пример за тоа
По две години од мандатот на ДПМНЕ како локалната власт во над 40 општини, резултатот е нула. Проектите што ги ветуваа не се реализирани, изборните програми на градоначалниците на ДПМНЕ станаа книги на лаги, на лажни и нереализирани ветувања, истакна на денешната прес-конференција портпаролкта на СДСМ, Богданка Кузеска.
Мицкоски и ДПМНЕ, додава таа, не ја оправдаа довербата и не го испорачаа она што го ветуваа пред граѓаните.
„Нула резултати, безброј нереализирани изборни ветувања и поголеми сметки за граѓаните, за данок на имот и до 300 %, но и за ѓубретарина, вода, комунални услуги.
Тоа е поразителниот заклучок по 2 години локална власт на ДПМНЕ.
Скопје е еклатантен пример за тоа.
Клучното ветување за бесплатен градски превоз во Скопје го нема и нема ниту да се случи. Ги нема ниту ветените 250 еколошки автобуси, нема ниту модерен еколошки транспорт.
Вака е во другите општини што се под капата на ДПМНЕ“, вели Кузеска.
Според неа, во Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел, Ѓорче Петров не се реализирани ветувањата, нема капитални проекти, нема развој, резултати нула.
Општините, како што оценува, се дават во нечистотија и смет, а градоначалниците на ДПМНЕ згора на тоа ги задолжуваат граѓаните и трупаат нови долгови.
„Во Ѓорче Петров сметките за комунални услуги се зголемени 300 %, во Бутел 150 %.
Иста е ситуацијата во општините под капата на ДПМНЕ во Републиката, каде што се зголемени сметките за граѓаните.
Градоначалниците на ДПМНЕ удрија по џебот на граѓаните и во Прилеп, Штип, Охрид, Битола, Неготино, Гевгелија, Велес. До 300 % поголеми сметки плаќаат граѓаните поради локалната власт на ДПМНЕ.
А градоначалниците од ДПМНЕ се шетаат со скапи часовници“, истакнува таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот во државата се одвива непречено по претежно влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на Попова Шапка, соопшти АМСМ и информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај.
Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Скопјани ќе немаат нови автобуси ниту во март, велат од Левица
Градската организација на Левица во Скопје забележува дека месец јануари е веќе при крај, а Владата сѐ уште нема распишано тендер за набавка на нови автобуси, иако повеќе од една година ги најавува и им ги ветува на скопјани.
Советничката група на Левица во Град Скопје потсетува дека премиерот Христијан Мицкоски „вети дека нови автобуси ќе има во октомври минатата година“. но, тоа не се случи бидејќи пропадна првиот тендер.
-Сега сѐ поизвесно е дека нови автобуси нема да има ниту во март, бидејќи нема нов тендер.
Изминативе три години советниците на ДПМНЕ, во Советот на Град Скопје, ја блокираа набавката на нови еко автобуси поради инает кон тогашната градоначалничка Арсовска со која се скараа после една година заедничко раководење со главниот град. Да не беше инаетот и суетата на советниците и раководството на ДПМНЕ до сега новите автобуси ќе возеа низ скопските улици, порачуваат од Левица- Скопје, додавајќи веќе е јасно дека „на ВМРО-ДПМНЕ не им е грижа за граѓаните“.
Министерството за транспорт и врски во јуни лани распиша тендер за набавка на 120 еколошки автобуси, од кои 80 треба да бидат за Скопје, а 40 да се распределат во другите градови. Но, тендерот пропадна затоа што единствената фирма која се пријавила не ги исполнувала потребните услови. Оттогаш поминаа шест месеци, а нов тендер не е распишан.
Македонија
Најмалку 61 лице го загуби животот, а 110 се повредени во снежни бури и поројни дождови во Авганистан
Најмалку 61 лице го загуби животот во обилните снежни врнежи и поројни дождови во Авганистан во последните три дена, покажуваат прелиминарните податоци објавени денеска од Националната служба за управување со катастрофи.
Според податоците, уште 110 лица се повредени, а 458 куќи се делумно или целосно уништени, а северните и централните делови на Авганистан се најтешко погодени, според мапата објавена од метеоролозите на „Икс“ .
Според авганистанската служба за управување со катастрофи, вкупно „околу 360 семејства биле погодени“ од лошите временски услови.
Портпаролот на службата ги повика граѓаните да избегнуваат непотребни патувања, бидејќи многу патишта во земјата се уште се блокирани или покриени со снег. Еден од главните автопати во Авганистан, превојот Саланг, е целосно затворен за сообраќај, соопштија локалните власти во покраината Парван во источниот дел од земјата. Во покраината Бамјан, во централен Авганистан, залихите со храна им беа поделени на возачите заглавени на превој покриен со снег.

